Промовиран нов Електронски систем за поднесување поплаки за услугите на јавната администрација

Веќе од утре, како што најави вицепремиерот Николовски, граѓаните непречено ќе може да го користат системот и преку интернет да ги поднесуваат своите пријави што се поврзани со услуги или со корупција кои ги нуди јавната администрација. 

Заменик-претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски и министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќир денеска го презентираа новиот „Електронски систем за поднесување на електронски поплаки и пријави поврзани со услугите кон јавната администрација".

Веќе од утре, како што најави вицепремиерот Николовски, граѓаните непречено ќе може да го користат системот и преку интернет да ги поднесуваат своите пријави што се поврзани со услуги или со корупција кои ги нуди јавната администрација. Повикувачкиот центар, пак, ќе работи секојдневно од 08 до 16 часот за време на работните денови, а телефонскиот број е 02 315 0050.

Николовски нагласи дека овој систем е „уште еден силен сојузник" во праќањето на јасна политичка волја, но и конкретни проекти и резултати во делот на бескомпромисната борба против корупцијата.

Според Николовски, воспоставувањето на овој систем е неопходно заради ефикасно и ефективно водење на постапките за добивање на услугите, но и заради навремено постапување на институциите по барањата на граѓаните.

– Овој систем е уште еден силен сојузник во бескомпромисната борба против корупцијата, во охрабрувањето на граѓаните, да пријавуваат кога не се постапува по нивните барања за одредени услуги. Со воспоставувањето на системот, добиваме дигитален канал за пријава на поплаки поврзани со услугите и со корупцијата, со што ќе се овозможи подобрување на ефикасноста на јавните институции, квалитетот на услугите, брзината, како и задоволството на граѓаните и правните лица од администрацијата, рече заменик-претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки Николовски, на денешната заедничка прес-конференција со министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќир.

Дополнително, оцени Николовски, со овој систем ќе се подобри транспарентноста во однос на постапувањето на органите на државната управа, така што комуникацијата и процесот на разрешување ќе бидат на увид на граѓаните и правните лица со цел за создавање на јавен притисок за надминување на проблемите.

Електронскиот систем, појасни вицепремиерот, предвидено е да се имплементира како посебен модул во рамки на Националниот портал за електронски услуги. Преку него граѓаните и правните лица ќе можат да испратат пријава за која било услуга до институција, како најавени корисници или анонимно со можност за евидентирање на пријавата, вклучително и за можноста за корупција.

Истото ќе можат да го сторат и преку телефон, за што е воспоставен повикувачки центар и е отворена телефонска линија уште од денеска.

За да може да се мониторира, системот ќе генерира месечни извештаи за вкупен број примени пријави, претставки и предлози, вкупен број на примени пријави, предлози по институција и област, вкупен број на задоцнето постапувањето по различни предмети, како и колку од нив се прифатени,одбиени, препратени. Овие извештаи, потенцира Николовски, ќе бидат основа за соодветни анализи за предлагање на соодветни мерки и активности во конкретните области.

Инаку, изминатата недела биле организирани обуки за две групи од страна на компанијата „Некстсенс", на кои учество земале 70 вработени од повеќе институции кои ќе работат на позадинско примање на поплаки од страна на граѓаните и ќе ги проследуваат во своите институции за понатамошно разгледување и постапување. Паралелно со ова на обуките биле присутни и вработени во Генералниот секретаријат на Владата кои ќе работат во повикувачкиот центар во рамки на Владата.

– Нивната улога ќе биде преку телефонска комуникација да примаат поплаки и истите да ги внесуваат во онлајн платформата при што граѓаните ќе можат да ја реализираат својата можност за поднесување на пријави и преку телефонска врска, образложи Николовски.

Во рамки на порталот, додаде тој, ќе останат и тековните функционалности за поставување на прашања поврзани со одредена услуга, институција, најава, регистрација и останати аспекти.

– Оваа Влада докажа што значи вистинска грижа за граѓаните, затоа што за нас, граѓаните и нивните потреби, се на прво место! Но, оваа битка е заедничка, граѓаните и Владата се на иста страна. Затоа, ги охрабрувам сите за одговорно однесување кон јавното добро и пријавување на сите забележани неправилности во работата на јавните служби. Нештата нема сами од себе да се променат, туку мораме да ја поттикнеме промената која сакаме да се случи. Електронскиот систем за пријавување и следење е нашиот клуч до саканата промена, сè што треба е да ја надминеме сопствената инертност и да започнеме со негова редовна примена, порача вицепремиерот Николовски.

Министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири информира дека МИОА како носител на Националниот портал за електронски услуги, преку кој граѓаните и правните лица имаат пристап и можат да остварат електронски услуги, постојано го дополнува со нови услуги.

Тој соопшти дека во моментов се во завршна фаза и најави дека следната недела заедно со Министерството за правда и заедно со 26 судови од цела држава ќе промовираат нови услуги за потврди и документи од казнена евиденција за граѓаните.

– Тоа се стотици заштедени часови чекање пред шалтерите, многу нервоза и извор за корупција, нагласи Шаќири.

Министерот најави дека следните недели, а до крај до 2021 година ќе се промовираат и дестина нови услуги заедно со МВР, МЗШВ, МНР, Министерството за економија…

Директорот на ФБИ: Кинески хакери се подготвуваат да ја нападнат инфраструктурата на САД

Директорот на ФБИ Кристофер Реј синоќа изјави дека хакери поврзани со кинеската влада навлегле во критичната американска инфраструктура и го чекаат „вистинскиот момент да зададат разорен удар“.

Тековната кинеска кампања за кибер-криминал, позната како „Волтов тајфун“, успешно пристапи до безброј американски компании во телекомуникациите, енергијата, комуналните услуги и другите критични сектори, при што дополнително беа таргетирани 23 оператори на гасоводи, истакна Реј.

Говорејќи на настан на Универзитетот Вандербилт посветен на одбраната, шефот на ФБИ рече дека Кина развива „способност физички да направи хаос на нашата критична инфраструктура кога и да сака“. „Планира да удри под појасот врз цивилната инфраструктура за да се обиде да предизвика паника“, додаде тој.

Реј рече дека е тешко да се утврдат намерите на акциите на Кина во кибер-просторот, но тие се во согласност со пошироката намера на Пекинг да ги одврати САД во одбраната на Тајван. /МИА

Амбасадата на САД во Израел им порача на вработените и на семејствата да ги ограничат движењата

Амбасадата на САД во Израел денеска им порача на своите вработени и нивните семејства да ги ограничат своите движења по извештаите дека Израел извршил напад врз цели во Иран.

„По извештаите дека Израел извршил одмазднички напад во Иран, вработените во американската влада и членовите на нивните семејства се ограничени од лични патувања надвор од поголемиот дел од Тел Авив, Ерусалим до понатамошно известување“, се вели во безбедносното советување објавено од Амбасадата на нејзината веб-страница. /МИА

ДКСК повторно ќе постапува по приговорот на Силјановска-Давкова за кршење на изборните правила

Според приговорот на Силјановска - Давкова доставен на 6 април до ДКСК, АСЈО спротивно на Изборниот законик заснова работен однос со кандидатите кои ја посетуваат обуката за судии и јавни обвинители. 

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денеска на седница повторно ќе постапува по приговорот од претседателскиот кандидат Гордана Силјановска - Давкова во врска со полагањата во Академијата зa судии и јавни обвинители (АСЈО) „Павел Шатев” за време на предизборниот процес.

Приговорот од Силјановска - Давкова најпрво беше поддржан од ДКСК со образложение дека се основани изнесените сомневања за прекршување на одредбите од Законот за спречување на корупција и судир на интереси и од Изборниот законик, по што Академијата поднесе тужба која на 13 април беше разгледана и уважена од Управниот суд. По уважувањето на тужбата на АСЈО од страна на Управниот суд, приговорот е вратен во ДКСК на повторно постапување.

Според приговорот на Силјановска - Давкова доставен на 6 април до ДКСК, АСЈО спротивно на Изборниот законик заснова работен однос со кандидатите кои ја посетуваат обуката за судии и јавни обвинители. Во образложението на приговорот пишува дека Академијата во јануари 2023 година објавила оглас за прием на 130 слушатели за идни судии и јавни обвинители, а по претходно извршените тестови за странски јазик, психолошкиот тест и тестот за интегритет, на 29 март 2024 година го објавила распоредот за полагање на квалификацискиот тест.

- Овој тест тековно го полагаат 299 луѓе, што јасно укажува дека постапката за засновање работен однос е започната и истата не е ставена во мирување, со што АСЈО ин флагранти ги прекршува Законот за спречување корупција и судир на интереси и Изборниот законик, пишува во приговорот на Силјановска - Давкова.

Директорката на Академијата, Наташа Габер - Дамјановска на седницата на ДКСК на 10 април рече дека процесот на тестирање на слушателите за идни судии и јавни обвинители почнал во јануари 2023 година и се уште трае.

-Воопшто датумски не се совпаѓа целиот наш процес на тестирање со рокот што е определен во законот. Нашиот процес почна во јануари 2023 година и сѐ уште трае, подвлече Габер - Дамјановска, додавајќи дека не се знае точно кога тој процес ќе заврши и оти не се работи за класично вработување.

притисни ентер