Променливо облачно со локални врнежи од дожд, во југозападните делови ветер

Во југозападните делови ветер со јачина над 70 км/час.

Времето утрово ќе биде посвежо, преку денот ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд особено во западните и северните делови. Ќе дува умерен ветер од западен до југозападен правец кој претежно во југозападните делови од земјата ќе е силен односно над 70 км/час. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13, а максималната ќе достигне од 16 до 24 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и услови за слаб краткотарен дожд во делови од котлината. Ќе дува слаб до умерен југозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 20 степени.

Времето во наредните денови ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет. Температурите во следниот период ќе се задржат пониски, а кон средината на неделата наместа се очекуваат и пообилни врнежи.

Маск и Гренел се залагаат за затворање на „Радио Слободна Европа“ и „Гласот на Америка“

Пратеникот на Трамп за специјални мисии, Ричард Гренел, и првиот човек на телото за ефикасност, Елон Маск, преку објави на социјалните мрежи побараа затворање на „Радио Слободна Европа“ и „Гласот на Америка“.

„Тие се медиуми финансирани од американските даночни обврзници и се медиуми во државна сопственост. Овие медиуми се полни со екстремни левичарски активисти. Соработката со овие новинари трае со децении. Тоа е остаток од минатото. Не ни требаат медиуми финансирани од државата“, напиша Гренел, а Маск се надоврза на неговите зборови и целосно ја поддржа оваа позиција.

„Да, затворете ги. Европа е слободна сега не сметајќи ја задушувачката бирократија. Никој веќе не ги слуша. Тие се само радикални левичари кои зборуваат сами со себе додека согоруваат милијарда долари годишно од џебовите на американските даночни обврзници“, напиша Маск на платфромата X.

Сопственикот на Далас откри зошто го трејдувал Лука Дончиќ!

Патрик Думон, сопственикот на Далас Маверикс, конечно реши да проговори за заминувањето на  најголемата ѕвезда на клубот, Словенецот, Лука Дончиќ, по се позачестените критики за франшизата поради разделбата со словенечката ѕвезда.

Зборувајќи за „Dallas Morning News“, Димон ги отфрли тврдењата дека Дончиќ го напуштил Далас поради финансиски причини и ја сподели својата верзија на приказната.

- Тимовите победуваат затоа што сите играчи се фокусирани и го имаат вистинскиот карактер, ја носат вистинската култура, ја покажуваат вистинската посветеност на работата и работат напорно за да придонесат за шампионски исходот на првенството. Ако не го направите така, ќе следи пораз - објасни тој.

Сопственикот на Далас, јасно стави до знаење какви вредности очекува од своите играчи, па како пример ги наведе најголемите легенди на НБА.

- Ако ги погледнете великаните на оваа лига, луѓето со кои пораснавме вие ​​и јас – Џордан, Бирд, Коби, Шек – работеа навистина напорно, секој ден, единствено фокусирајќи се на победата. А ако го немате тоа, тогаш нема резултати. И ако го немате тоа, не треба да бидете дел од Далас Маверикс. Тоа е она што го сакаме. Јас сум категоричен за ова. Целата организација го знае тоа. Така работам надвор од кошарката. Ова е единствениот начин да се биде конкурентен и да се победи. Ако сакате да одите на одмор, не правете го тоа со нас.

Но, и покрај разделбата, Думон не штедеше пофални зборови за Дончиќ и истакна дека се уште има голема почит кон него.

- Јас сум голем фан на Лука. Моето семејство исто така. Навистина го ценам она што тој го донесе во овој тим, она што го донесе во Далас. Тој е неверојатен играч. Сакам да знаете дека навистина ги чувствувам сите наши навивачи кои се повредени. Видете, што се однесува до мене, Лука засекогаш ќе биде Маверикс и навистина не му посакувам ништо друго освен среќа и успех во кариерата – заклучил Думон за „Dallas Morning News“.

Дејвис неколку недели во аут поради повреда

 Новиот член на Далас маверикс, Ентони Дејвис се очекува да пропушти неколку недели поради истегнување на мускулите. Тој се повреди на дебито за Далас.

Извори на „ESPN“ велат дека отсуството на Дејвис може да трае и повеќе од еден месец.

Дејвис ја заработи повредата во третата четвртина од саботниот натпревар против Хјустон, откако за 31 минута запиша 26 поени, 16 скока, седум асистенции и три блокади. Тој го играше својот прв натпревар за тимот по размената со Лука Дончиќ, што беше наидено на критики од многу навивачи на клубот.

Триесет и едногодишниот Дејвис најпрво ја намали загриженоста на навивачите уверувајќи дека повредата не е сериозна.

Тој претходно ги пропушти последните пет натпревари - три со Лејкерси и првите два со Маверикс поради истегнат стомачен мускул.

притисни ентер