Професори изненадени од измените во правилникот

Професорот Горан Ајдински од филозофскиот факултет од Институт за специјална едукација и рехабилитација е изненаден дека Дауновиот синдорм е ставен како степен на функционалност, а не како дијагноза во правилникот.

Тој вели дека никој не го консулитирале во целиот процес и објаснува дека како професор по предметот интелктуална попреченост, дијагонистика и психомотрен развој не е начин инклузија да се прави преку укинување на право. И децата што велат дека имаат лесна интелектуална попречност имаат други попречености и треба да имаат помош.

И за професорот Владимир Трајковски од Институтот за специјална едукација и рехбилитација вели дека е дискриминирачки што воопшто треба да се говори и дозволи луѓето со Даунов синдром да бидат извадени од правилник за посебен додаток, а не да се објаснува дали имаат лесна или потешка форма. Мора да се разбере дека овие луѓе имаат одредени способности, но ни прибилжно до луѓето со типичен развој. И трајковски вели дека за ваквите измени во правилникот не бил повикан како професор и жали што институциите и министерствата никогаш не ги повикуваат луѓето од науката при носење на вакви одлуки.

Канал 5 објави изјави од родителите на деца кои биле одбиени за додаток од шест илјади денари. Првично им било кажано од Комисијата за функционална проценка дека децата имаат добара функционалност и дека немаат целосна документација. Според новиот правилник додаткот се дава по степен на функционалност, а не по дијагноза. Министерката за труд и социјлна политика изјави дека сите осум деца повторно ќе бидат повикани во комисијата.

Бајден се премисли- сепак на Украина ѝ испраќа моќен ракетен систем со голем дострел

Американскиот претседател Џо Бајден го информирал украинскиот претседател Володимир Зеленски дека Вашингтон ќе му достави на Киев ракети АТАКМС со долг дострел, објави Ен-Би-Си њуз, цитирајќи тројца американски претставници и член на Конгресот.

Киев долго време бара од администрацијата на Бајден воени тактички ракетни системи (ATACMS) за да ги нападне и прекине линиите за снабдување, воздушните бази и железничката мрежа на територијата окупирана од Русија.

Зеленски вчера го посети Вашингтон за да разговара со Бајден. По тој повод, САД најавија нов пакет воена помош за Киев во износ од 325 милиони долари. Но, советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан, на прес-конференција вчеравечер рече дека САД ќе ја снабдат Украина со „важни“ системи за воздушна одбрана, но „засега“ не ракети со долг дострел ATACMS што ги бара Киев.

Пентагон не одговорил веднаш на барањето за коментар. Претходно беше објавено дека администрацијата на Бајден размислува за испраќање на ATACMS, кој има домет од 306 километри, во Украина. Системите ATACMS се дизајнирани за напади доста далеку од линијата на фронтот.

Бајден вчера го увери Зеленски дека силната американска поддршка за одбивањето на руските агресори ќе продолжи и покрај противењето на некои републикански пратеници кои се противат на испраќање помош од милијарди долари.

Познати се Србите, кои ископаа тунел од стан до депото на Вишиот суд во Црна Гора

Тунелот до депото на Вишиот суд во Подгорица го ископале главно државјани на Србија, кои се идентификувани, а имале и помагачи од Црна Гора, изјави министерот за внатрешни работи на Црна Гора Филип Аџиќ на прес-конференција.

Аџиќ рече дека истрагата открила дека во тоа кривично дело учествувале српските државјани Вељко Марковиќ (32), Милан Марковиќ (53), Дејан Јовановиќ (30) и Владимир Ериќ (32), а во исто време ги објавил и нивните фотографии.

Против тие четири идентификувани лица е поднесена кривична пријава, како и против две непознати лица. „Веруваме дека имале уште најмалку петмина соработници“, рече Аџиќ, посочувајќи дека постои одредена поврзаност меѓу оваа криминална организација и лице од Вишиот суд и членови на црногорска криминална организација кои моментално се во затвор.

Иако Аџиќ одбил директно да каже за која криминална група се работи, се претпоставува дека станува збор за таканаречениот кавачки клан, чиј водач, Слободан Кашчелан, е во притвор во Подгорица.

Црногорскиот министер за внатрешни работи појасни и дека осомничените ја напуштиле Црна Гора на 11 септември, кога во медиумите беше објавено дека е извршен упад во Вишиот суд. Црногорската полиција кон средината на септември откри тунел долг 30 метри, кој од подрумот на станбена зграда водел до зградата на Вишиот суд во Подгорица, судска институција одговорна за најтешките кривични случаи.

Во депото на судот, до кој водел тунелот, се чуваат стотици илјади докази од бројни судски процеси, меѓу кои и дрога и оружје. Пописот открил дека во депото недостасуваат 17 парчиња оружје, но полицијата се сомнева дека криминалците се обиделе да ја сокријат вистинската причина за упадот во Вишиот суд.

Во текот на истрагата, некои судски службеници биле тестирани на полиграф, додека едно лице го одбило тестот. Случајот со тунелот го вознемири целото црногорско судство, а побарани се и оставки од првиот човек на црногорското правосудство и полицијата која ги обезбедува правосудните институции во Црна Гора.

Казнета е градоначалничка во Хрватска, зашто службениот автомобил го користела за приватни цели

Комисијата за спречување судир на интереси денеска ја казни градоначалничката од ХДЗ на Мали Лошињ, Ана Кучиќ со парична казна од 1.000 евра поради злоупотреба на службен автомобил со користење за приватни цели.

Комисијата донесе одлука дека функционерката Кучиќ го прекршил членот 7в од Законот за спречување судир на интереси, изјави портпаролката на комисијата Миа Јуриниќ.

Станува збор за злоупотреба на посебните права за користење службени автомобили“, нагласи Јуриниќ.

Таа е казнета со илјада евра затоа што 24 часа го користела службениот автомобил, иако таквата употреба не е утврдена со прописите на градот Мали Лошињ или со некој друг акт.

Комисијата на денешната седница донела одлука и за предметот против директорот на КБЦ Загреб, Анто Ќорушиќ. Поради неусогласеност во имотната книшка, во врска со информации за ординацијата лекар специјалист на сопругата и нејзиниот ОПГ, добил опомена од Комисијата.

Комисијата ја предупредила и парламентарката Анта Пркачин (Клуб на пратеници на Татковинското движење) затоа што не доставила имотна книшка до Комисијата за 2021 година, објави Индекс .

притисни ентер