Проф. Христидис за МИА: Грчката Влада јасно ја поддржува европската перспектива на Македонија

 „Грчката Влада јасно ја поддржува европската перспектива на Македонија, бидејќи добро разбира дека тоа е во корист, како на грчките национални интереси, така и на стабилноста и просперитетот на регионот".

За само десет дена, шефот на грчката дипломатија, алтернативниот министер за надворешни работи, но и самиот грчки премиер, на неколку пати, во различни прилики, јасно ја изразија цврстата поддршка за европската перспектива на регионот, испраќајќи порака дека Унијата не смее да го заборави Западен Балкан, но и да го испорача ветеното, јави дописничката на МИА од Атина.

Официјална Атина сѐ погласно ги изразува оваа поддршка и овој став, особено во пресрет на Самитот ЕУ- Западен Балкан, а со сличен став е и професорот на катедрата за балкански, словенски и ориентални студии на солунскиот Универзитет „Македонија", Јоргос Христидис, кој воедно е и визитинг професор на Универзитетот во Софија, но и истражувач во ЕЛИАМЕП, а во разговор со дописничката на МИА од Атина вели дека е јасна поддршката на грчката Влада за европската перспектива на Македонија, но и дека пролонгирањето на сегашната ситуација ги засега интересите на ЕУ во регионот.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, за една седмица во три различни прилики, на три различни настани, се осврна на регионот, порачувајќи дека потребен е сигнал до регионот дека местото му е во ЕУ.

-Да не ја испуштиме можноста да го искористиме самитот ЕУ -Западен Балкан во Словенија за да се направи смел чекор напред, време е Европската Унија да испорача, порача минатиот петок за време на обраќањето на Генералното собрание на ОН, а во четвртокот по средбата со премиерот на Словачка, Мицотакис истакна дека треба да се забрза интегративниот процес на Западен Балкан.

Сепак, се чини дека најјасна порака, Мицотакис испрати за време на неговото учество на „Athens Democracy Forum", кога можеби и првпат јавно порача дека Грција не ја поддржува Бугарија во блокадата на европската перспектива на Македонија, истакнувајќи дека тоа е „непотребна компликација".

Професорот Христидис, коментирајќи ги овие ставови, вели дека „грчката Влада јасно ја поддржува европската перспектива на Македонија, бидејќи добро разбира дека тоа е во корист, како на грчките национални интереси, така и на стабилноста и просперитетот на регионот".

-Секако, овде не може да не се забележи и еден „парадокс": грчката Влада се покажува порешителна во поддршката на европскиот тек на Македонија, до степен кога грчкиот премиер јавно изјавува дека „не ја поддржува Бугарија во проблемите што ги создава во европска перспектива на Македонија", отколку да ја промовира самата билатерална соработка меѓу Грција и Северна Македонија, врз основа на Договорот од Преспа, коментира професорот.

Со оглед на тоа дека Христидис е добар познавач и на бугарската политичка сцена, за односите Скопје- Софија, вели дека за моменталната исклучително тешка ситуација во односите меѓу Бугарија и Македонија, тешко може да се прават предвидувања.

-Мислам дека сите ги чекаат бугарски избори и конечно формирање нова влада во Софија. Трети страни, но особено ЕУ, треба да понудат секаков вид добра услуга за двете земји, со цел да се најде решение што ќе овозможи свикување на првата меѓувладина конференција. Што е можно поскоро. Пролонгирањето на сегашната ситуација ги засега интересите на ЕУ во регионот, вели Христидис.

Пендаровски во Атина на средби со грчкиот државен врв

Претседателот на Македонија Стево Пендаровски во вторник и среда ќе биде во официјална посета на Грција, што воедно е прва посета на претседател на нашата земја.

Професорот Христидис, за МИА, вели дека посетата е „знак за нормализација на билатералните односи".

-Особено позитивен факт е претстојната посета на претседателот на Македонија Пендаровски на Грција и средбите со грчкото раководство. Тоа е знак на „нормализација на билатералните односи", како што прилега за две соседни земји. Посакуваното е контактите меѓу политичкото и државното раководство на двете земји да добијат редовен карактер, потенцира професорот. /МИА

Произведувачот на „Барбики“ јавно се извини, откако на куклите има линк до 18+ содржина (ВИДЕО)

Mattel, компанијата која произведува кукли Барби, се извини откако по грешка навеле веб-страница поврзана со порнографија на кутиите на новата кукла Wicked.

Играчките биле најавени како дел од промоцијата на претстојниот мјузикл Wicked, со Аријана Гранде во главната улога, кој треба да излезе на 22 ноември.

Но, наместо www.wickedmovie.com, која е официјалната веб-страница на филмот, 18+ страници на www.wicked.com заврши на кутиите. Грешката ја забележал еден корисник на Х, а објавата брзо се проширила на социјалните мрежи.

Компанијата веднаш реагира и испрати извинување. „Мател е свесен за печатната грешка на пакувањето на колекциите на кукли Mattel Wicked, продадени главно во САД, што требаше да ги упати потрошувачите на официјалната целна страница WickedMovie.com. Длабоко жалиме за оваа несреќна грешка и преземаме итни мерки за да го поправиме“, изјавија тие за The Independent.

Wicked веќе 20 години е еден од најпопуларните мјузикли на Бродвеј, каде заработи преку милијарда долари, а сега за прв пат доаѓа на големото платно.

Добитничката на наградите Еми, Греми и Тони Синтија Ериво во филмот ја отелотвори младата жена Елфаба, која е осудена од општеството поради нејзината зелена кожа. Елфаба оди на Универзитетот Шиз во магичната земја Оз, каде ја запознава популарната Глинда, која ја игра Аријана Гранде.

Глинда и Елфаба брзо стануваат најдобри пријателки, но нивните патишта почнуваат да се разминуваат по судбоносната средба со Волшебникот од Оз. Филмот ќе покаже како Глинда била запаметена како Добрата вештерка на северот, а Елфаба како Злобната вештерка од Западот.

Заедно со Ериво и Гранде, актерската екипа ги вклучува холивудските и Бродвејските ѕвезди: Мишел Јео, Џонатан Бејли, Итан Слејтер, Мариса Боде и Џеф Голдблум. На снимањето на филмот, Аријана го запознала и своето ново момче - Итан Слејтер. Поради оваа врска таа стана најомразената личност на Интернет.

Филмот го режираше познатиот режисер Џон М. Чу, познат по Crazy Rich Asians и In the Heights. Сценариото го напишаа Стивен Шварц и Вини Холцман. Wicked е поделен на два дела - првиот дел ќе биде премиерно прикажан на 27 ноември оваа година, а вториот дел ќе се појави во кината во 2025 година.

Изборите во САД предизвикаа вредноста на еврото во однос на доларот да биде многу ниска

Вредноста на европската заедничка валута во споредба со доларот денеска падна на најниско ниво во последните четири и пол месеци, пишува порталот „Трејдинг економикс“.

Според податоците од берзата, во 10 часот еврото се продавало за 1,06875 долари, што значи дека е најслабо од крајот на јуни во однос на американската валута.

Инвеститорите внимателно ги следат економските и монетарните движења, како и политичката ситуација во Германија, а особено се заинтересирани за можноста за предвремени парламентарни избори во таа земја.

Трговците со валути се свртуваат кон еврото бидејќи победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД ги зголемува шансите за агресивно намалување на каматните стапки во еврозоната, промени кои водат до паритет меѓу еврото и доларот, објави претходно Bloomberg.

Холандските банки ABN Amro и ING веруваат дека еден долар ќе се продава по цена од едно евро во наредните месеци, додека Deutsche Bank прогнозира дека еврото ќе падне на 1,05 долари до крајот на годината.

Ветувањето на Трамп дека ќе воведе високи царини може дополнително да ја ослабне европската економија, што ќе бара од Европската централна банка уште повеќе да ја олесни својата монетарна политика, додава њујоршката агенција.

Шпанскиот премиер: Политичките расправи за поплавите ќе ги одложиме за после обновата

Време за „политички дискусии“ ќе дојде по реконструкцијата, изјави денеска шпанскиот премиер Педро Санчез, два дена по масовните протести во Валенсија поради лошиот одговор на владата на смртоносните поплави.

„Владата го прави тоа што треба да го направи. И ние треба да се обновиме по оваа трагедија и да ја рестартираме економската и социјалната активност“, рече шефот на социјалистичката влада на прес-конференција.

„Подоцна, политичката дискусија ќе се фокусира на прашањата што треба да се подобрат со оглед на оваа климатска криза и, без сомнение, во поглед на преземањето на политичките одговорности кои секако ќе треба да се оправдаат“, продолжи тој.

Санчез најави и 3,76 милијарди евра дополнителни мерки за обнова на Валенсија по најсмртоносните поројни поплави во модерната историја на Шпанија.

Повеќе од 220 лица загинаа, а 32 се водат како исчезнати по обилните дождови кои предизвикаа поплави во предградијата јужно од регионалната престолнина Валенсија на 29 октомври, според извештајот објавен од властите.

Минатата недела веќе беше најавена помош од 10,6 милијарди евра.

„Сè уште има улици што треба да се исчистат, гаражи што треба да се исцедат, има многу инфраструктура што треба да се санира и, згора на тоа, има многу животи, многу домови и многу работни места што треба да се обноват“, им рече Санчез на новинарите.

Делови од шпанскиот регион Валенсија, кој пред речиси две недели беше погоден од обилни врнежи и поплави, од денеска се враќаат во нормалното секојдневие. Се отвораат 47 училишта, соопшти на Х.

Продолжија напорите за спасување и расчистување во 80-те најтешко погодени општини околу регионалниот главен град, со помош на речиси 20.000 полицајци, војници и волонтери.

Шпанската државна метеоролошка служба АЕМЕТ за денеска предвидува продолжување на врнежите во регионот на Валенсија, а од утре пообилни врнежи од дожд во Каталонија околу Барселона на североистокот на земјата и на Балеарските острови во Средоземното Море.

притисни ентер