Продолжуваат разговорите за нова Влада, засега без напредок

Чекор по чекор се оди кон договор, но финален исход од преговорите за обезбедување парламентарно мнозинство засега не се наѕира. 

Од владејачката СДСМ информираат дека била постигната согласност со ДУИ, за евро-атлантскиот пат на земјава.

„Јасно е дека државата нема друга алтернатива за интеграција, освен членството во НАТО и во Европската Унија. Во разговорите со политичката партија ДУИ целосно сме согласни за почитување на Договорот од Преспа со Грција, Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија и Охридскиот рамковен договор.“, соопштија од Бихаќка.

И покрај зачестените разговори со функционери на СДСМ, од партијата на интегративците велат дека нема да откриваат детали за текот на преговорите и за тоа колку е веројатна тезата по 20 години на власт ДУИ да замине во опозиција. Од Мала Речица претходно не споделија информации ниту како изминала средбата Али Ахмети – Христијан Мицкоски.

Од ВМРО-ДПМНЕ, пак, ги повикаа социјал-демократите да не манипулираат, бидејќи, како што велат, коалициите на СДСМ траеле неколку часа, додека самите не се демантирале. И од партијата на Мицкоски потврдуваат дека активно преговараат.

„Работиме на обезбедување на мнозинство во Собранието. Во однос на средбите со албанските партии, во моментот кога ќе се реализираат, односно кога ќе треба да се реализираат ние ќе ја известиме јавноста. Не би навлегувал во детали.“, вели Димче Арсовски – портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Единствени потврдени коалициски партнери до моментов остануваат СДСМ и ДПА на Мендух Тачи, а преговорите продолжуваат до ДУИ и коалицијата Алијанса за Албанците – Алтернатива. По шпекулациите за можната разделба меѓу Зијадин Села и Африм Гаши, со што Алијанса би останала во опозиција, а Алтернатива би добила дел од владиниот колач, од партијата на Села велат дека нема никакви несогласувања меѓу двете политички сили, кои настапуваат заеднички во преговорите. Оттаму на прашањето дали би влегле во владина коалиција со ДУИ, одговорија дека засега тоа не е пожелна варијанта, но дека крајниот збор ќе го имаат органите на партијата.

Фото: Лепа Брена не е баш вешта во користење на Фотошоп

Последната фотографија која ја постави на својот Инстаграм профил покажува дека ни таа не е во целост задоволна со својот изглед.

Лепа Брена од секогаш важела за една од најубавите и најзгодни пејачки на овие простори. Дури и на 60 години, Брена ги воодушевува сите со својот изглеед.

Многумина и завидуваат на витката фигура, меѓутоа последната фотографија која Брена ја постави на својот Инстаграм профил покажува дека ни таа не е во целост задоволна со својот изглед.

Имено, на фотографијата се гледа не баш професионално користење на Фотошоп кое разоткрива дека дури и Брена сака да го подобри својот изглед.

ВМРО-ДПМНЕ: Промените во ВМРО-ДПМНЕ не им се допаѓаат само на Заев и хотелската коалиција

Новите одлуки на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ единствено не им се допаѓаат на Заев и хотелската коалиција која одработува за него.

Не ни очекуваме да ги поздрават одлуките, затоа што тие се насочени кон победа над мафијата и организираниот криминал на власта.

За разлика од Заев кој не најде сила за никакви промени по драматичниот пораз од 200 илјади гласови разлика во 2014 година и поразот во 2016 година, ВМРО-ДПМНЕ покажа сила за катарза и промени.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

НАТО домаќин на петтата рунда технички преговори меѓу турската и грчката делегација

Во седиштето на НАТО пактот во вторник ќе се одржи петтата рунда на технички преговори меѓу турската и грчката воена делегација, изјави Хулуси Акар, министерот за одбрана на Турција, пренесе „Анадолија“.

-Ни сме, се разбира, за мир, стабилност, преговори и дијалог. Ги подржуваме преговорите, но нема да дозволиме било какови свршен чин- рекол Акар на видеоконференцијата на која присуствувале турските генерали.

Техничките преговори имаат за цел намалување на ризикот од инциденти во екот на растот на тензиите во источниот Медитеран.

Одржувањето на технички состаноци меѓу турските и грчките воени делегации е договорено по неодамнешниот разговор на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и генералниот секретар на НАТО Јенс Столтемберг.

Првиот технички состанок на турските и грчките воени делегации беше одржан на 10 септември, исто така во седиштето на НАТО.

Акар повтори дека Турција е одлучна и способна да ги заштити правата и интересите и на Турција и на Турската Република Северен Кипар во истокот на Медитеранот.

Грција ги оспорува моменталните активности на Турција околу енергетското истражување во источниот Медитеран.

Турција, земјата со најдолгиот брег на Медитеранот, прати наменски бродови за извршување на енергетски истражувања во својот континентален појас, велејќи дека Анкара и Турската Република Северен Кипар имаат права во тој регион.

Од дијалогот за праведната распределба на ресурсите, корист ќе имаат сите страни, истакнуваат турските власти.

притисни ентер