Продолжи комисиската расправа за завршната сметка на Буџетот за 2021 година

Граѓаните се во страв и неизвесност до каде се со она што го ветивте, дали ќе има храна и електрична енергија и по која цена, ќе има ли рецесија. Доаѓаме до инфлаторна рецесија, најлошата економска состојба. 

Обвинувања за капацитетите на власта за менаџирање на енергетската и економската криза и за ефектите од мерките од почетокот на ковид пандемијата, како и за слаба реализација на Буџетот, упатија пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ на денешното продолжение на расправата во матичната собраниска Комисија за Предлог – завршната сметка на Буџетот за 2021 година. Членовите на Комисијата за финансирање и буџет од власта, пак, ги отфрлија обвинувањата и меѓу останатото побараа одговорност и конкретни мерки во справувањето со кризата и од градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ.

-Граѓаните се во страв и неизвесност до каде се со она што го ветивте, дали ќе има храна и електрична енергија и по која цена, ќе има ли рецесија. Доаѓаме до инфлаторна рецесија, најлошата економска состојба. Час поскоро да се излезе со мерки што навистина ќе помогнат за стопанството, рече Зоранчо Јованчев од ВМРО-ДПМНЕ.

Неговиот колега Игор Здравсковски оцени дека „се случува колапс на економијата и дека спроведуваат безнадежни и безидејни решенија за привремен спас на Владата“.

-Со ваков однос на Владата ќе биде многу тешко да се преживее и наредната година бидејќи ние според овие бројки и извештаи се немаме опоравено од ковид кризата, рече Здравковски, повикувајќи ги пратениците од власта да се одважат и да ги прифатат предлозите на опозицијата за носење на клучните решенија во наредниот период.

Коментирајќи ја завршната сметка за 2021 година, рече дека намалувањето на невработеноста се должи на иселувањето од државата, а зголемените приходи од наплатата на даноците на инфлацијата. Меѓу останатото забележа дека бројките од завршната сметка ја потврдиле слабата реализација на капиталните инвестиции, но и зголемувањето на наплатата од казни.

Реплицирајќи, пратеничката од СДСМ Даниела Маркоска, пак, посочи дека следи тешка година и ги повика опозициските пратеници да не ги блокираат важните закони за да справиме со тековните кризни состојби.

-Тешки одлуки треба да носат и Владата и министрите, но и градоначалниците што доаѓаат од вашите редови. Нивна задача не е само да седат во фотелјите и да вработуават, а од друга страна да кажуваат дека имаат високи сметки за струја, туку да работат, да соработуваат и со бизнис секторот, како и да направат некои мерки за да ги заштитат граѓаните, да намалат некои нивни приходи, како што се данок на имот, паркинзи. Да си работат со план, да си стават фотоволатици на институциите во општините со што ќе заштедат енергија. Кога ќе работат плански и систематски ќе имаат многу висок степен на реализација ќе работат добро и нема постојано да бараат помош од државата, рече Маркоска.

Според Маркоска, неосновани се тврдењата дека Владата е неспособна за реализација на Буџетот, за што бројките во нагорна линија и тој добро се проектира, а падот на стапката на невработеност не се должи на иселувањето, туку на владините мерки за вработување.

Во Предлог-завршната сметка е наведено дека во 2021 година бруто-домашниот производ забележа раст од 4 проценти на реална основа, што е во рамки на предвидувањата. По падот од 1,8 проценти во првото тримесечје, економската активност забележа висок раст од 13,4 проценти во второто тримесечје, проследен со раст од 3 проценти и 2,3 проценти во третото и четвртото тримесечје, соодветно.

-Растот на домашната економија во 2021 година е одраз на подобрената епидемиолошка состојба и мобилност, поповолното меѓународно опкружување, помалата воздржаност за потрошувачка и владините мерки за поддршка на економијата, рече заменик министерот за финансии Филип Николовски на првиот ден од расправата.

Директорот на ФБИ: Кинески хакери се подготвуваат да ја нападнат инфраструктурата на САД

Директорот на ФБИ Кристофер Реј синоќа изјави дека хакери поврзани со кинеската влада навлегле во критичната американска инфраструктура и го чекаат „вистинскиот момент да зададат разорен удар“.

Тековната кинеска кампања за кибер-криминал, позната како „Волтов тајфун“, успешно пристапи до безброј американски компании во телекомуникациите, енергијата, комуналните услуги и другите критични сектори, при што дополнително беа таргетирани 23 оператори на гасоводи, истакна Реј.

Говорејќи на настан на Универзитетот Вандербилт посветен на одбраната, шефот на ФБИ рече дека Кина развива „способност физички да направи хаос на нашата критична инфраструктура кога и да сака“. „Планира да удри под појасот врз цивилната инфраструктура за да се обиде да предизвика паника“, додаде тој.

Реј рече дека е тешко да се утврдат намерите на акциите на Кина во кибер-просторот, но тие се во согласност со пошироката намера на Пекинг да ги одврати САД во одбраната на Тајван. /МИА

Амбасадата на САД во Израел им порача на вработените и на семејствата да ги ограничат движењата

Амбасадата на САД во Израел денеска им порача на своите вработени и нивните семејства да ги ограничат своите движења по извештаите дека Израел извршил напад врз цели во Иран.

„По извештаите дека Израел извршил одмазднички напад во Иран, вработените во американската влада и членовите на нивните семејства се ограничени од лични патувања надвор од поголемиот дел од Тел Авив, Ерусалим до понатамошно известување“, се вели во безбедносното советување објавено од Амбасадата на нејзината веб-страница. /МИА

ДКСК повторно ќе постапува по приговорот на Силјановска-Давкова за кршење на изборните правила

Според приговорот на Силјановска - Давкова доставен на 6 април до ДКСК, АСЈО спротивно на Изборниот законик заснова работен однос со кандидатите кои ја посетуваат обуката за судии и јавни обвинители. 

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денеска на седница повторно ќе постапува по приговорот од претседателскиот кандидат Гордана Силјановска - Давкова во врска со полагањата во Академијата зa судии и јавни обвинители (АСЈО) „Павел Шатев” за време на предизборниот процес.

Приговорот од Силјановска - Давкова најпрво беше поддржан од ДКСК со образложение дека се основани изнесените сомневања за прекршување на одредбите од Законот за спречување на корупција и судир на интереси и од Изборниот законик, по што Академијата поднесе тужба која на 13 април беше разгледана и уважена од Управниот суд. По уважувањето на тужбата на АСЈО од страна на Управниот суд, приговорот е вратен во ДКСК на повторно постапување.

Според приговорот на Силјановска - Давкова доставен на 6 април до ДКСК, АСЈО спротивно на Изборниот законик заснова работен однос со кандидатите кои ја посетуваат обуката за судии и јавни обвинители. Во образложението на приговорот пишува дека Академијата во јануари 2023 година објавила оглас за прием на 130 слушатели за идни судии и јавни обвинители, а по претходно извршените тестови за странски јазик, психолошкиот тест и тестот за интегритет, на 29 март 2024 година го објавила распоредот за полагање на квалификацискиот тест.

- Овој тест тековно го полагаат 299 луѓе, што јасно укажува дека постапката за засновање работен однос е започната и истата не е ставена во мирување, со што АСЈО ин флагранти ги прекршува Законот за спречување корупција и судир на интереси и Изборниот законик, пишува во приговорот на Силјановска - Давкова.

Директорката на Академијата, Наташа Габер - Дамјановска на седницата на ДКСК на 10 април рече дека процесот на тестирање на слушателите за идни судии и јавни обвинители почнал во јануари 2023 година и се уште трае.

-Воопшто датумски не се совпаѓа целиот наш процес на тестирање со рокот што е определен во законот. Нашиот процес почна во јануари 2023 година и сѐ уште трае, подвлече Габер - Дамјановска, додавајќи дека не се знае точно кога тој процес ќе заврши и оти не се работи за класично вработување.

притисни ентер