Продановска : Вториот ден од отворањето на угостителските објекти беше мирен

Државниот пазарен инспекторат  во „ноќен лов“ на неспроведувачи на мерките против ковид 19.

Повеќе за ова во разговорот на Михаела Димовска со Мери Проја Продановска – Државен пазарен инспекторат.

-Државниот пазарен инспекторат никогаш на прво не казнува, туку опоменува. Казнуваме по првото или второто укажување, казните не се пријатни.Вчера посетивме над 1000 објекти, истакна Мери Проја Продановска – Државен пазарен инспекторат.

Во видеото погледнете го целиот разговор.

Се врати легендарниот Форд Бронко (ФОТО)

Тоа што се Мустанг и Камаро во светот на спортските автомобили, Џип е во светот на теренските возила. И сега му се придружи и уште еден американски класик - Форд Бронко.

И ако се прашувате што е Бронко, најдобриот опис ќе ви го даде друг модел. Тоа е Џип Вранглер, легенда која не може да се ограничи ниту со релативно високата цена, па дури и со фактот дека веќе не е мејнстрим. И токму тука влегува Бронко, уште позначаен модел со поистакнати ретро линии.

Едно од најпознатите имиња во историјата на Форд има два стила на каросеријата. Заедно со стандардните две врати, за прв пат во историјата е продолжената верзија со четири врати. Од „Форд“ велат дека не им е грижа за модата, туку е важна функцијата. И, после години на следење на сите можни форуми и групи поврзани со теренски возила, знаат што им треба.

Бронко дефинитивно има добар потенцијал. Подот е поставен на 294 мм, највисок во сегментот, преминува водни пречки до длабочина од 850 мм, а максималниот пристап / агол на спуштање е 29 / 37,2 степени. И најпребирливите може да го опремат Бронко со огромни 35-инчни теренски гуми.

Предвидени се два мотори во комерцијалната верзија . Послабиот 2,3 EcoBoost дава 270 КС и 420 Nm, додека помоќниот 2,7 V6 оди до 310 КС и 542 Nm. Седумстепен мануелен менувач со намалување е стандарден кај послабиот мотор, додека помоќниот има 10-степен автоматски. Погонот од 4х4 се подразбира, а клиентите избираат помеѓу две верзии. Системот за управување на терени носи седум начини на работа и адаптација на сите терени. Се вика Г.О.А.Т. и е прилагоден на секој терен.

Има и додатоци како Trail ToolBox за возење надвор од патот и можност за лесно отстранување на панелите на вратите што се чуваат во специјални торби во автомобилот. И важен детал, огледалата не се врзани за вратата, па остануваат на возилото дури и откако ќе се симнат.

Подеднакво пожелен дизајн има и во кабината. Опремата е од прва класа, а кабината е покриена со водоотпорни материјали со стандарден материјал на подот. Списокот содржи голем број детали за индивидуализација од инфозабава со 12-инчен екран до дополнителна камера, LED светла, суспензија на Билштајн и слично.

И сега најдоброто. Бронко во САД започнува со само 29,995 долари, или 34,995 за верзијата со четири врати. Првите испораки започнуваат на почетокот на следната година.

95-годишен Индиец никогаш не се шишал, сега ја покажа косата (ВИДЕО)

Индиец на  95-годишна возраст од државата Карнатака тврди дека никогаш во животот не се шишал, а сега мора да ја завитка косата подолга од 7 метри на главата за да може воопшто да се движи.

За време на карантинот, многумина се жалеа дека не биле на бербер со недели, но Индиецот тврди дека тој не ја скратил косата скоро еден век. Додапалија, кому многумина му се поклонуваат во неговиот роден град Молакалмур како божество, мора да ја завитка косата во џиновска топка на главата и да ја зацврсти со крпа за да може да се движи.

Според видеото, самиот Додапалија верува дека тој е човечко божество и никогаш не ја исекол косата од страв дека ќе го изгуби тој статус. Иако долгата и тешка коса очигледно е повеќе пречка отколку благослов, особено на негова возраст, тој повеќе би сакал луѓето да му помогнат да си ја врзува косата наместо да ја исече, пренесува Oddity Central.

Во краткиот клип, се гледа слабиот Додадалија, додека неколку луѓе се обидуваат да му ја одврзат косата од главата, за да се сликаат.

Утре во 21 часот, гледајте Отворено студио со Гоце Михајлоски

Отворено студио, со почеток во 21 часот со Гоце Михајлоски, на Канал 5 Телевизија.

Утре 15 Јули, македонскиот народ одлучува за својата судбина, а Канал 5 останува со вас и на иборниот ден.

Ги следиме и анализираме резултатите од гласањето на предвремените парламентарни избори.

Кој ќе биде казнет а кој награден, кој ќе оди на одмор а кој во политичка пензија?

Дали повеќе гласови, значат и „палка“ за формирање влада?

Во почетниот дел гости во отвореното студио ќе ги слушнете анализите на Зоран Димитровски и Бранко Геровски, а во завршниот дел од изборната вечер со Љубиша Николовски и Александар Пандов.

Каков епилог ќе има „црната“ кампања?

Дали власта ќе „падне“ како што падна и претходниот „режим“ или е можно власта и опозицијата во проширен сосатв да седнат на маса?

Кому ќе му недостасува „кралицата“ за да победи доколку има политичко „реми“? Кој ќе добие „морков“,а за кого ќе остане „стапот“?

Македонија одлучува, а ние заедно со вас почитувани гледачи го следиме изборниот ден, анализираме и коментираме утре во отвореното студио, со почеток во 21 часот со Гоце Михајлоски, на Канал 5 Телевизија.

притисни ентер