Проценка за нова вонредна состојба, очекувања за дијалог и исход за датум на избори

Владата до крајот на неделата, според најавите, треба да направи проценка дали е потребно прогласување нова вонредна состојба.

Тековната вонредна состојба што трае 14 дена завршува на 30. месецов, по што течат законските рокови за одржување на најавените предвремени парламентарни избори, што првично требаше да се одржат на 12 април. По неуспешната последна лидерска средба на 18 месецов за консензус околу датумот на одржување на изборите, и вчера изостанаа официјални информации за можноста за одржување нова средба на лидерите, а од партиските седиште на владејачката СДСМ и опозициската ВМРО-ДПМНЕ ги повторија ставовите, првите за брзи избори, а вторите дека се уште нема услови поради новите случаи на заболени од КОВИД-19.

Од СДСМ и вчера порачаа дека се потребни избори за да се обезбедат целосно функционални институции, но истовремено да се заштити здравјето на граѓаните, поради очекувањата за нов бран со вирусот КОВИД-19.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ, пак, го повтори обвинувањето дека СДСМ сака избори по секоја цена, укажувајќи дека Државната изборна комисија доставила мислења каде јасно пишува оти им се потребни 35 до 60 дена за спроведување на изборите.

Како што изјави вчера премиерот Оливер Спасовски, до крајот на наеделата ќе се направи проценка, дали е потребно прогласување нова, трета вонредна состојба. Ако се увиди дека има потреба, вонредна состојба повторно ќе се воведе. Ако е потребно тоа, ако се неопходни условите дека преку вонредна состојба полесно се справуваме со целата оваа ситуација, тогаш ќе носиме и таква одлука. Меѓутоа сега во овој момент немаме одлука во однос на тоа, изјави Спасовски при посетата на Штип.

За можноста за нова лидерска средба за договор на датумот за избори Спасовски порача дека очекува да се поттикне политичкиот дијалог и оти политичките партии треба да се договорат врз основа на позитивните законски прописи во државата.

Според него, неопходни се брзи избори за обезбедување стабилни институции. – Датумот на изборите е детерминиран со уредбата со законска сила која има важење до завршување на вонредната состојба. Во оној момент кога ќе заврши вонредната состојба за 22 дена треба да се одржат избори и тоа е фактичка состојба. Затоа треба да се реализираат изборите во првиот можен рок. Мораме да бидеме принципиелни, а изборите да бидат во оној момент кога ќе има најмногу создадени услови, порача Спасовски вчера по седницата на Владата на која беа донесени мерки за олабавување на рестрикциите поради вирусот КОВИД-19, меѓу кои и за укинување на полицискиот час од денеска и отворање на угостителските објекти од утре.

Таков став претходно во одговор на новинарско прашање изнесе и портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов, потенцирајќи дека изборите се решение и треба да се одржат во првиот можен рок, како што истакна, по завршување на вонредната состојба и согласно состојбата со епидемијата.

– Избори се потребни за да обезбедиме целосно функционални институции коишто ќе бидат целосно посветени на заштита на здравјето на граѓаните, но потребни ни се функционални институции коишто ќе бидат посветени и за рестарт на македонската економија. Рековме дека договор е можен до завршување на вонредната состојба, согласно законите се знае дека избори треба да се одржат 22 дена по завршување на вонредната состојба, рече Костадинов.

Во реакција на неговите ставови од ВМРО-ДПМНЕ оценија дека барањето брзи избори во ситуација кога има уште тројца починати од Ковид-19 е организирано убиство од политички побуди.

-Зоран Заев и СДСМ свесно го ставаат животот на граѓаните во опасност, единствено за да ја задржат власта, оценија од ВМРО-ДПМНЕ од каде претходно преку соопштение се повикаа на мислењето од ДИК дека им се потребни 35 до 40 дена за подготовки за одржување на изборите. /МИА

Вооружените сили на Хондурас заплениле 2,7 тони кокаин, наменет за американскиот пазар

Вооружените сили на Хондурас соопштија дека заплениле 2,7 тони кокаин скриен во два глисери.

Запленети се вкупно 2.760 пакувања со дрога, тешки по еден килограм“, потврдил портпаролот на вооружените сили на Хондурас, Сантос Ноласко, пренесува парискиот весник „Фигаро“.

Дел од дрогата бил закопан на плажа на Карибите, а потрагата продолжува за да се најдат други пакети скриени во областа, рече Ноласко.

На 24 март, поморските сили на малата централноамериканска земја заплениле повеќе од 1,3 тони кокаин и уапсиле 10 осомничени шверцери на дрога кои дејствувале во регионот на Карибите.

Од 1970-тите, Хондурас е транзитна рута за кокаин од земјите производители во Јужна Америка до САД, но во јануари 2022 година, по доаѓањето на власт, новиот претседател Ксиомара Кастро вети дека ќе се бори против трговијата со дрога.

Неговиот претходник, Хуан Орландо Хернандез, беше екстрадиран и приведен во САД набргу откако тој ја напушти претседателската функција.

На крајот од историското судење, федералната порота во Њујорк на 8 март го прогласи Хернандез за виновен за олеснување на увозот на 500 тони кокаин во Соединетите држави помеѓу 2004 и 2022 година.

Хуан Ернандез ќе биде осуден на 26 јуни и се соочува со доживотен затвор.

ДИК со последни подготовки пред утрешниот изборен ден

Речиси 7.000 болни и изнемоштени лица, затвореници во казнено-поправните домови и лица во притвор, оние во старечките домови, како и нашите  државјани во странство, денеска гласаат, ден пред утрешните претседателски избори.  

Гласањето на болните и немоќни лица, во ДКПта и казнено-поправните домови се одвива без проблеми, а Државната изборна комисија е целосно подготвена и за утрешниот изборен ден- соопшти првиот човек на ДИК Александар Даштевски. Резултатите од гласањето на овие категории на граѓани кои традиционално го остваруваат гласачкото право ден пред сите останати, ќе се пребројат и ќе се објават комплетно по завршување на изборниот молк утревечер. Од ДИК велат дека за следење на овие претседателски избори, освен домашните, интерес покажале значителен број и странски организации и медиуми.

Од Државната изборна комисија соопштија дека во Избирачкиот список за овие избори се запишани вкупно 1.814.317 гласачи. Во дипломатско конзуларните претставништва гласаат 2569 граѓани, од казнено-поправните установи 2147 лица, а во своите домови гласачкото право имаат можност да го остварат близу 7000 лица кои се пријавиле како болни и немоќни.

Се намалува цената на електричните автомобили, некои се поевтини и за 2.000 евра

Портпаролот на Tesla денеска изјави дека компанијата ќе ги намали цените на некои модели на автомобили во одредени земји во Европа, вклучително и Германија, како и на Блискиот Исток и Африка.

Во Германија цената на моделот 3 со погон на задните тркала паднал од 42.990 евра на 40.990 евра, пренесува Ројтерс.

Таа компанија, чиј основач и директор е милијардерот Илон Маск, претходно најави намалување на цените во Кина и САД.

Така, во САД цените на трите модели ќе бидат за 2.000 долари пониски, а Model Y ќе чини 42.990 долари, Model S 72.990 и Model X 77.990, пишува ABC News.

На 15 април Маск објави дека 10 отсто од вработените во компанијата ќе бидат отпуштени.

Компанијата Тесла на почетокот на април објави дека испорачала 386.810 возила во првиот квартал од 2024 година, што е за 8,5 отсто помалку во споредба со истиот квартал минатата година, објавија медиумите.

На квартално ниво, испораките на возила на Tesla паднаа за 20 отсто во споредба со четвртиот квартал од 2023 година.

По тој повод, Tesla објави и дека во првиот квартал од 2024 година произвела 433.371 возила, што е за 1,7 отсто помалку од истиот квартал лани.

притисни ентер