Пробна вакцина: Студентите од Принстон ќе ги вакцинираат против менингитис

Од Управата на американскиот Универзитет Принстон одлучиле на студентите да им дадат вакцина против менингитис тип Б, која не е одобрена за широка употреба во САД, со цел да го спречат ширењето на болеста.

Првите дози ќе бидат достапни од следниот месец. Минатата недела, Агенцијата за храна и лекови одобрила увоз на вакцината „Бексеро“ за евентуална употреба на Универзитетот Принстон.

Оваа вакцина е одобрена во Европа и во Австралија. „Бексеро“ е единствена вакцина против бактеријата менингокока од тип Б, пренесува агенцијата АП.

Во Принстон од март оваа година забележани се седум случаи на менингитис. Универзитетот ги предупредува студентите редовно да ги мијат рацете, да ја покриваат устата кога кашлаат, да не пијат од исти чаши и да не јадат од исти чинии или со ист прибор.

Дванаесет Холанѓани се заразиле со хепатитис од боровинки

Се стравува дека бројката е многу поголема.

Во Холандија 12 лица се заразиле со хепатитис А откако вирусот дошол во контакт со боровинки. Според холандскиот портал Nu.nl, тоа се случило бидејќи берачот на боровинки не ги измил рацете по користењето на тоалетот.

Загадените боровинки се продавале замрзнати во супермаркетите „Алберт Хајн“, спакувани во ќеси од еден килограм, пренесуваат холандските медиуми.

Боровинките пристигнале од Полска, а рокот на траење на пакувањата е до 14 април 2026 година.

Еелко Франц, претставник на Холандскиот национален институт за јавно здравје и животна средина, рече дека во моментов може да се заразат стотици луѓе, додека малопродажниот синџир ги повика клиентите да ги вратат боровинките во продавницата.

Франц истакна дека двајца пациенти се хоспитализирани и се во тешка состојба. Според него, возраста на заболените се движи од 25 до 77 години.

Според холандските медиуми, голем дел од заразените можеби не ни знаат дека се заразени, бидејќи некои се опоравуваат од хепатитис А во блага форма, па дури и не бараат лекарска помош.

Првите пријави за заболени дојдоа од матичните лекари, а подоцна општинската здравствена служба потврди дека боровинките се причина за заразата.

Експертот нагласи дека вирусот на хепатитис А не можел да навлезе во боровинките, туку бил присутен на нивната површина. /МИА

Италија, Албанија и ОАЕ потпишаа договор за изградба на подморска интерконекција

Италија, Албанија и ОАЕ потпишаа договор за изградба на подморска интерконекција за обновлива енергија преку Јадранското Море.

Италија, Албанија и Обединетите Арапски Емирати денеска потпишаа договор вреден најмалку една милијарда евра за изградба на подморска интерконекција за обновлива енергија преку Јадранското Море.

„Ние цврсто веруваме во овој проект кој ги вклучува нашите три влади, како и нашиот приватен сектор и мрежни оператори“, рече италијанската премиерка Џорџа Мелони, најавувајќи го договорот на Светскиот самит за енергетска иднина во Абу Даби.

Партнерството на три држави, кое има за цел производство на зелена енергија во Албанија и извоз во Италија преку подводни кабли, ќе ги вклучи италијанскиот мрежен оператор Терна и Националната енергетска компанија на ОАЕ (Така), рече албанскиот премиер Еди Рама.

Папа Франциск: Злоупотребата на децата е ужасно злосторство

Злоупотребата на децата е ужасно злосторство, изјави денеска папата Франциск.

„Злоупотребата врз малолетниците, без разлика на нејзината природа, е одвратен грозоморен чин. Тоа не е само чума на општеството, тоа е злосторство. Тоа е многу тешко кршење на Божјите заповеди. Ниту едно малолетно дете не треба да трпи злоупотреба. Затоа, неопходно е повторно да се разбуди совеста, да се биде близок и да се покаже конкретна солидарност со малтретираните деца и тинејџери, а во исто време да се изгради доверба и синергија со оние кои работат на тоа за да понудат безбедна средина во која децата можат да растат во мир, рече понтифот. /МИА

притисни ентер