Привршуваат работите на новиот мост во Аеродром

Привршуваат работите на мостот кој треба да ја поврзе Општина Аеродром со Гази Баба... Очекувањата се дека веќе од идниот месец ќе биде целосно завршен за од следната пролет да биде пуштен во употреба.

Со полна пареа се работи на новиот мост во Аеродром. Градежните инжинери кои работат на овој проект велат дека во тек е изведбата на горниот строј на конструкцијата. Нема надворешни фактори поради кои рокот би бил пробиен па, како што истакнаа, комплетниот изглед овој мост граден по современи стандарди ќе го добие веќе следниот месец.

„На овој проект моментално се ангажирани околу 80 тесари, 25 армирачи и 12 луѓе од инжинерско-технички кадар. Рокот за завршување е предвиден за крајот на септември. Сметаме дека засега нема некои причини кои што би го пролонгирале рокот на завршување, активно работи на завршување на изградбата.“

Паралелно се работи и на новиот булевар кој практично ќе ги спои истокот и западот на главниот град. Ќе има по три коловозни ленти во секој правец. Со ова ќе се растеретат гужвите кои секојдневно ги има на булеварот „Киро Глигоров“ на кој, освен околните жители, гравитираат и камиони од индустриските зони кои патот го користат за излез од Скопје.

„Најмногу ќе им олесни на сите жители на градот Скопје и сите оние кои што транзитираат низ градот за полесно да преминат од едната страна до другата страна на реката Вардар за коешто понекогаш знае да потрае повеќе време.“

По новиот коловоз возачите ќе сообраќаат од следната пролет.

Хрватска: 15 починати 837 нови случаи на ковид -19

Во изминатото деноноќие во Хрватска се регистрирани нови 837 слачиа на зараза со Ковид-19, соопшти Националниот штаб за цивилна заштита. 

Од последици предизвикани од коронавирусот во последите 24 часа починале 15 лиц граѓани се водат како активни на корона.

На болничко лекување се 692 пациенти, од нив 99 се вклучени на респиратор.

Фото: Карлеуша во латекс со фатомка на лицето

Ново провокативно издание на српската пејачка Јелена Карлеуша.

Популарната и атрактивна пејачка повторно со фотографии предизвика лавина од коментари на социјалните мрежи.

Русокосата пејачка на фотките позира во скапоцени парчиња од брендот „Долче Габан“ . Парчиња кои според податоците од интернет вредат скоро 400 евра. Долната облека Карлеуша ја надополнила со латекс панталони и ракавици.

За фановите најитересни биле фантомката и бујните гради на пејачката.

Фото: Анонимни убавици со истакнати облини

Убави девојки секојдневно предизвикуваат воздишки на социјалните мрежи.

Овие девојки знаат како да го привлечат вниманието на фановите на социјалните мрежи.

Девојките вообичаено на социјалните мрежи објавуваат фотографии на кои гордо ги истакнуваат своите бујни облини, посебно задниците.

притисни ентер