Привршува третата фаза од реконструкцијата на театар Куманово

Привршува третата фаза од реконструкцијата на кумановскиот театар, соопштија денеска надлежните. Ова фаза опфати уредување на дворот на театарот, пристапни рампи на два влеза, партерно уредување, дел од атмосферска мрежа која не постоеше во театарот.

Предвиден е и втор влез и можност да се играат мали камерни претстави.

- За две недели треба да заврши третата фаза од изведба на театар Куманово со одобрените средства од Министерството за култура за оваа фаза. Максимално се искористени одобрените средства, изјави директорот на НУЦК „Трајко Прокопиев“, Сашо Тодоровски.

И дворот кој претходно се користеше за детски и помали претстави, по целосната реконструкција ќе продолжи да се користи за таа намена.

Реконструкцијата на театарот се одвива во фази, за првата Министерството одвои 10 милиони, втората, седум, во третата 2,8 милиони денари.

- Се надеваме дека за следните фази ќе имаме повеќе средства, додава Тодоровски.

Во наредниот период останува де реконструира покривот на установата, сцената, гледалиштето и најобемната, техничкиот дел кој опфаќа опрема. Реконструкцијата се изведува во специфични услови, бидејќи објектот се наоѓа помеѓу две училишни згради.

Вработените од македонската и албанската драма од почетокот на реконструкцијата се сместени во просториите на Центарот за култура.

Објектот постои над седум децении.

Казни од над 4 милиони денари поради непочитување на мерката за пониските цени

Притисоци кон добавувачи за заобиколување на законите и профит преку намалена грамажа на производите. 

ДПИ во изминатиот период утврдил низа неправилности и непочитување на одлуката за ограничување на бруто профитната маржа од 10 отсто на големите и малите ланци маркети.

Првиот човек на ДПИ, Горан Трајковски соопшти дека од носење на одлуката која стапи на сила на крајот на септември до сега, при извршени 500 надзори на инспекторите, изречени биле казни во износ од над четири милиони денари.

Тој апелираше, маркетите да не се обидуваат да ги заобиколат законите, затоа што ќе се соочат со ригорозни санкции и заплена на робата.

-За многу кратко време се вадат нови производи, се со цел да се избегне и да не бидат опфатени во одлуката. Нека го има 400 грамскиот јогурт, но нека го има и 300 грамскиот. Се оди на начин, само да се профитира повеќ- Горан Трајковски – директор на ДПИ

Дека ваквата мерка и тоа како помогнала на граѓаните, согласен е заменик министерот за економија, Марјан Ристески. Тој смета дека преку оваа мерка граѓаните направиле солидна заштеда во домашниот буџет.

Инаку, казните за непочитување на мерката есенска кошничка изнесуваат од две до 10 илјади евра, додека за прекршување на Законот за нефер трговски практики и до 20 илјади евра.

Министерот Тошковски даде отчет за сработеното во изминатите 100 дена

Над 2000 возачи кои возеле со брзина над дозволеното се регистрирале камерите поставени на клучните крстосници на територијата на Град Скопје.

Поставени се во функција но засега работат само во тест период. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вели дека е формирана работна група која со Министерството за правда ќе анализира кои законски измени ќе треба да бидат направени пред целиот проект да биде ставен целосно во функција. Ваквиот начин на следење и казнување на прекршоци во сообраќајот во пракса се очекува да почне да се применува до крајот на следната година и според Тошковски нема да може да се интервенира да се скине казна.

-Констатирани се за 24 часа 2000 сообраќајни прекршоци од 20 0тсто од камерите. Ако пуштиме 100% камери претпоставката е дека за 24 часа ќе имаме 20 илјади прекршоци. Заради тоа што сакаме системски да ги решиме проблемите овде нема да можам дека заклучно со 2024 теорија нема. Се надевам дека заклучно со 2025 година ќе можам да им презентирам на граѓаните систем којшто функционира барем во Тетово, Скопје и Куманово. – Панче Тошковски – Министер за внатрешни работи

Тошковски денеска даде отчет за сработеното како прв човек на министерството за внатрешни работи во изминатите сто дена. Рече дека затекнал хаос околу проблемот со издавање на личните документи на граѓаните поради што биле зголемени капацитетите. Го обвини претходното раководство дека не водело грижа за полициските службеници посочувајќи дека во изминатите три години биле поднесени над 8000 тужби против МВР за неисплаќање надоместок на хранарина. За да се надмине овој проблем рече дека бил донесен Правилник со кој ќе се регулира начинот на исплата на хранарина.

До МВР веќе се доставени голем број на докази, тврди Тошковски, за лица кои се од интерес за јавноста наведувајќи конкретни предмети кои се доставени до обвинителствата.

-Поднесена е една кривична пријава против директорка на здравствен дом којашто обвинителството ја прифати и ја процесуираше до судот. Поднесена е кривична пријава против актуелен пратеник, поднесена е кривична пријава и против двајца градоначалници. – Панче Тошковски – Министер за внатрешни работи

Освен проектите кои досега се реализирани Тошковски најави неколку други како ставање во функција на Центарот за обука на полициски службеници, нови полициски станици во К. Вода и Охрид. Приоритет во иднина ќе биде дигитализацијата со што ќе се олесни работата на полициските службеници а ќе се набавуваат и нови униформи. Околу вработувањата и назначувањата во МВР, Тошковски уверува дека приоритет ќе биде знаењето, капацитетот и професионалноста, а не етничкиот предзнак.

Мицкоски: Нашиот сигнал е дека сакаме достоинствено решение, не прифаќаме ултиматуми и уцени

Нема да влегуваме во стапицата да бидеме вовлечени во нивното предизборие изјави Мицкоски.

Сакаме достоинствено решение ултиматуми и уцени не прифакаме изјави премиерот Христиојан Мицкоски на новинарско прашање во однос на реакцијата на бугарското МНР дека процесот на евроинтеграции се засновал на сопствените заслуги и не дозволувал посредување меѓу европската унија и земја-кандидат.. Нема да влегуваме во стапицата да бидеме вовлечени во нивното предизборие изјави Мицкоски кој присуствуцваше на официјалното отпочнување на надргадбата и реконстрѕкцијата на граничниот премин Деве Баир.

притисни ентер