Приведени неколку лица за бесправна сеча и транспорт на дрва во беровско Двориште

Во село Двориште во општина Берово вчера и денеска во координирана полициска акција се откриени и запленети околу 3.000 метри кубни дрва.

Според првичните сознанија, станува збор за нелегална сеча, организирана од неколку лица. Осомничените за нелегалната сеча и за бесправен транспорт се приведени.

Шумската полиција и другите надлежни органи утврдуваат како, кога и под какви околности е извршена сечата и транспортот на запланетите дрва, по што ќе следува и официјална информација. /Извор: МИА/

СБУ тврди дека уништила руска радарска станица НЕБО-У кај Брјанск

Украинската Служба за безбедност (СБУ) погодила руска радарска станица со долг дострел во регионот Брјанск, од  која се следела ситуацијата на небото до 700 километри во територијата на Украина, јавија украинските медиуми, цитирајќи извор од СБУ.

-Русите сега имаат еден модернизиран комплекс Небо-У помалку, што му помогна на непријателот да открие украинско оружје и ги поддржа бомбардерите кои ја напаѓаат пограничната област на Украина со наведувани проектили, рече изворот, цитиран од украинската агенција Униан.

Тој додаде дека радарот е вреден 100 милиони долари и дека го погодиле седум дронови.

Агенцијата наведува дека ова е втор комплекс Небо-У уништен од СБУ, и дека е прв уништен во рускиот Белгородски регион. /МИА

Трипуновски: Системите за наводнување се руинирани и неисчистени

Водата и годинава ќе биде проблем за оризопроизводителите.

Дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство денес е во работна посета на општина Чешиново-Облешево каде што оствари средби со земјоделците од овој регион исто така го посети и системот за наводнување на земјоделските површини.

Изминатиов период откако Љупчо Николовски најави дека ќе има вода за сите во кочанскиот регион добив многу пораки од земјоделците кои ме известија дека во реалноста ситуацијата и не е така розова. Состојба со системите за наводнување е катастрофалната, каналите се руинирани, стари, неисчистени и нефункционални. Повторно и оваа година водата ќе биде проблем за оризопроизводителите, а со тоа се доведува под знак прашалник и новата производна сезона. - изјави Трипуновски.

Дена неподготвени влегуваме со сезоната за наводнување говори и фактот дека за чистење на доводните канали за наводнување е потрошено само 30 работни часови со една машина. Со ова ќе имаме лош старт на наводнителна сезона со што ќе се пролонгираат роковите за засејување на оризовата култура и наводнувањето преку цела наводнителна сезона ќе се одвива со потешкотии.

Потребно е многу работа во секторот земјоделство министре Николовски, особено во делот на водостопанството, вие овие 7 години ги преспавте и ништо не сработивте. Единствено добро е тоа што наскоро вие ќе си заминете, а на ваше место ќе дојдат луѓе кои посветено и искрено ќе работат за доброто на македонските земјоделци, тие ќе имаат вистински партнер во новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ! - заврши Трипуновски.

Цветан Трипуновски

Мајката на осомничениот за убиството на Данка го искористи правото да не сведочи

Светлана Драгијевиќ, мајката на Дејан Драгијевиќ, кој е осомничен за убиството на двегодишната Данка Илиќ го искористи законското право да не сведочи во обвинителството.

Како што пишуваат српските медиуми, таа го има тоа право како најблиска роднина на осомничените и е привилегиран сведок. Таа го искористи правото да не сведочи – изјави адвокатот Небојша Живановиќ.

Тројца членови на семејството Драгијевиќ беа уапсени за убиство на двегодишно девојче, но помладиот син почина во притвор од срцев удар неполни 48 часа по апсењето. Срѓан Јанковиќ од Лука и Дејан Драгијевиќ од Злот се осомничени за тешкото убиство на двегодишната Данка Илиќ од Бор, по чие тело 12 дена континуирано се трага..

притисни ентер