Фирмите ќе претрпат загуби, неефикасна станува целата недела по вакавата одлука, реагираат од бизнис заедницата. Од Сојузот на стопанските комори велат, одлуката на Владата, за која никој не ги консултирал, ќе ја почитуваат, но со неа не се согласуваат.
„Знаете кога ќе прогласите неработен ден во среда од прилика негативноста ја има цела недела така да и понеделникот и вторник се реалтивно не ефикасни и четвртокот и петокот, така да навистан една многу непријатна ситуација...Со нас конкретно никој нема разговарано на оваа тема.... “- Трајан Ангеловски – претседател на ССК
Од пазарен најавуваат инспекциски контроли во текот на утрешниот ден. Оттаму со препорака сите да ја почитуваат владината одлука. Велат исклучок се само оние работодавачи чии работни процеси поради активностите кои ги извршуваат не можат да прекинат со работа.
„24 април 2024 година (среда) и 8 мај 2024 година (среда) се неработни денови за сите граѓани. Работодавачите во наведените денови не треба да извршуваат дејност со исклучок на оние работодавачи каде работните процесите заради својата природа не можат да се прекинат.За наведените денови ДПИ ќе воведе дежурства и преку државните пазарни инспектори ќе контролира дали Заклучокот на Техничката Влада се почитува. “ - Државен пазарен инспекторат
За да бидат неработни 24 април и 8 мај прво имаше препорака, но по реакциите во јавбниоста и од бизнис секторот, владата донесе заклучок изборните денови да бидат неработни, со цел непречено одвивање на гласањето.