Приведен криминалец баран со потерница

Полициски службеници од СВР Куманово синоќа околу 22:30 часот го привеле Х.M.(41) од село Сопот, кумановско.

Тој бил баран по потерница врз основа на наредба од Основен суд Куманово за издржување на казна затвор од две години за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

Како што информираат денеска од МВР, Х.М. бил спроведен во Казнено - поправната установа Затвор Куманово за издржување на казната.

АП Брера Струмица дебитира во младинската Лига на шампиони

Македонскиот младински фудбалски првак Академија Пандев Брера Струмица денеска го почнува својот дебитантски настап во Лигата на шампиони, пречекувајќи го на домашен терен тимот на Сараево.

Натпреварот е закажан со почеток во 15 часот на стадионот „Младост“ во Струмица, додека реваншот е на програмата на 2 октомври на сараевскиот стадион „Асим Ферхатовиќ Хасе“.

Ова е седма сезона во младинската Лига на шампиони во организација на УЕФА во која АП Брера Струмица ќе се обиде да стане првата македонска екипа која ќе успее да обезбеди пласман во второто квалификациско коло во кое за противник ќе го има израелскиот првак Макаби Петах Тиква./МИА

Руски државјанин приведен во САД под обвинение за нелегален извоз на електроника за дронови

Руски државјанин приведен во САД под обвинение за нелегален извоз на електроника за дронови во Русија

Руски државјанин кој живее во Сарасота, Флорида, бил уапсен вчера под обвинение за шверц, перење пари и нелегален извоз во Русија на технолошки производи кои можат да се користат за производство на дронови, соопшти американското Министерство за правда, цитирано од британските медиуми.

Во обвинението се наведува дека по инвазијата на руските сили во Украина во 2022 година, 44-годишниот Денис Постовој набавил микроелектронски делови што незаконски ги извезувал во Русија, кои би можеле да се користат за производство на дронови, се вели во обвинението на веб-страницата на Министерството за правда.

-Според обвинението, овој обвинет незаконски извезувал технологии за двојна употреба во Русија што би можеле да ја зголемат нејзината способност да води неиспровоцирана војна против Украина, рече американскиот обвинител Метју Грејвс во соопштението.

Руската амбасада во САД на апликацијата за комуникации Телеграм соопшти дека знаела за приведувањето на Постовој, но дека „не добила никакво официјално известување од локалните органи за спроведување на законот“.

Според американското Министерство за правда, Постовој користел мрежа на компании во Русија и Хонг Конг, нарачувајќи делови од американските дистрибутери и испраќајќи ги во Русија./МИА

Мета ги забрани руските државни медиуми на своите платформи

Американската групација Мета, која ги поседува Фејсбук (Facebook), Инстаграм (Instagram) и ВацАп (WhatsApp), соопшти дека им забранува на руските државни медиуми пристап до тие платформи ширум светот, „за да се избегне странско мешање“.

- По внимателно разгледување, ја проширивме нашата акција против руските државни медиуми, се наведува во соопштението од Мета.

Одлуката за забрана е донесена откако американскиот државен секретар Ентони Блинкен минатата недела ги осуди дестабилизирачките активности на рускиот медиум „Раша тудеј“ (Russia Today)./МИА

притисни ентер