Притворен сопственикот на порталот „Комуникација. мк“

31 годишен новинар е во притвор поради измама на граѓани.

Новинарот лажно се претставувал како државен функционер и им нудел помош на луѓето за вработување и за добивање на социјални станови, а за возврат им барал пари. Во периодот од 2007 до 2012 година, осомничениот измамил повеќе лица од повеќе градови и на овој начин заработил 21 илјада евра.

- Од обавените разговори со оштетените е констатирано дека пријавениот кривичното дело го сторил така што се претставувал лажно дека е наводно висок функционер или вработен во институциите на различни Министерства. При тоа оштетената С.Е. од Радовиш ја довел во заблуда дека тогашниот министер во Министерство за информатичко општество му е близок пријател и истиот ќе и помогне да се вработи во наведеното министерство, а за противуслуга од С.Е. побарал да плати 5.000 евра кои средства истата му ги дала во повеќе наврати во текот на октомври 2012 година. – изјави Марија Јаковлеска – портпарол на МВР.

Во друг случај новинарот се претставил како потпретседател на кадровата комисија во Министерството за надворешни работи и на двајца сопружници им ветил вработувања во министерството и во Народна Банка, а за возврат тие му искеширале 10 000 евра. Новинарот бил многу убедлив во своите лаги, па дури прикажал плакета која му била врачена за заслуги од Гувернерот на НБМ, како и легитимација од НАТО со негово име и презиме. Ликовите ги менувал од ситуација до ситуација. Еднаш бил и шеф на кабинет на Министерот за транспорт и на измамениот му ветил дека ќе го вработи како негов личен возач.

Досега неколку граѓани пријавиле дека наседнале на лагите на осомничениот, но според МВР најверојатно има и други измамени луѓе. Осомничениот вчера бил повикан во СВР Штип и се бранел со молчење. Истражен судија му одредил 30 дневен притвор. Ова не е прва пријава за новинарот. Тој досега има 20 кривични пријави и повеќе затворски казни.

Новороденче, кое било прогласено за мртво, се разбудило на погребот- семејството верува во чудо

Бебе кое било прогласено за мртво набргу по раѓањето, е префрлено назад во болница во Парагвај откако добила знаци на живот за време на нејзиниот погреб.

Нејзините блиски кои се потресени од сѐ, изјавија дека не исклучуваат „Божја интервенција“, пренесува El Tiempo.

Девојчето е родено околу пладне во петокот со царски рез, откако нејзината 21-годишна мајка имала компликации во седмиот месец од бременоста.

Но, бебето било прогласено за мртво и предадено на семејството заедно со потврдата за смрт.

Таткото на бебето, Игнасио Медина, изјавил за локалната телевизија Телефутуро дека телото на бебето го добил „целосно виолетово“.

Семејството, кое веќе претрпело загуба на уште едно бебе од оваа двојка, наместо да слави, отишле на погребот во Минго Гуазу, место на околу 20 километри од Сиудад дел Есте, главниот град на департманот Алто Парана, кој граничи со Аргентина и Бразил.

„Ја однесовме кај мајка ми и таму ја гледавме“, рече Медина.

Тој рече дека непосредно пред да заминат на гробиштата, еден од неговите чичковци забележал дека бебето мрда со главата и ги известил присутните.

„Потоа отидовме да ја провериме и срцето ѝ чукаше“, додал таткото кој веднаш го однел бебето во болница.

Кога таткото на бебето го прашал што се случило, директорот на Регионалната болница во Сиудад дел Есте, Федерико Шредел, не ја исклучил можноста дека се работело за катаплексија.

„Поради состојбата со предвремено раѓање, тоа може да се случи, практично пациентот останува без знаци на живот“, додаде специјалистот и предупреди дека ваков случај може да се случи еднаш на секои пет милиони раѓања.

Исто така, Пабло Лемир, директор на судска медицина на Министерството за правда во Парагвај, исто така објасни дека тоа може да биде катаплексија или синдром на „очигледна смрт“.

„Нема чукање на срцето, нема дишење, телото е опуштено, бледо, станува сино или виолетово и обично се решава спонтано и необјасниво“, изјави тој за парагвајскиот медиум ABC Colors.

Според експертот, бебето било родено предвреме и тоа ги исклучило опциите за лекарите.

„Во 26-та недела од бременоста и со таа тежина, белите дробови не се подготвени да бидат надвор од матката, ниту пак нервниот систем е правилно развиен“, рече тој.

Од друга страна, роднините не исклучуваат „божествена интервенција“ и тврдат дека девојчето, сепак со резервирани прогнози, ќе се вика Милагрос де Жезус, што во превод значи „Чудо Исусово“.

Момче падна од 40 метри висок гребен во Италија- пријателите немоќно гледале (ВИДЕО)

Момче (14) од Арика, Италија, доживеа трагична судбина кога со другарите го посети езерото Неми, не сфаќајќи дека ќе падне од дрво по стрмна карпа од 40 метри и ќе загине.

Тој наводно се одвоил од својата група пријатели и се обидел да стигне до највисоката точка на Виа Перино, но гранката од дрвото на која се качувал се скршила и момчето се превртело врз карпата, објави Мирор.

Тинејџерот паѓал над 30 метри, а неговите пријатели беспомошно гледале и веднаш го вклучиле алармот.

Пожарникарите од Неми и карабинерите веднаш пристигнале на местото на настанот, но не можеле ништо да му направат на момчето, освен да констатираат смрт.

Телото е пренесено во болницата Кастели во Арикио, а потоа во Институтот за судска медицина во Рим.

Брутално убиство во Њујорк: Во фрижидер е пронајдена отсечена човечка глава и делови на тело

Маж од Њујорк е обвинет за убиство откако во фрижидерот на неговиот стан во Бруклин биле пронајдени човечка глава и делови од телото, соопшти денеска полицијата.

Николас Мекги (45) е уапсен во четвртокот попладне и обвинет за грабеж, криење на човечко тело и компромитирачки докази, соопшти њујоршката полиција, пренесува Ен-Би-Си Њуз.

Посмртните останки на 40-годишниот Кошин Гелцер биле пронајдени на 22 јануари во станот што Мекги го делел со Хедер Стајнс (45), која исто така е уапсена за криење на човечки труп.

Полицајците рекоа дека одговориле на повикот од станот и пронашле повеќе црни кеси со делови од тело во фрижидерот и замрзнувачот.

Според кривичната пријава, лекарите подоцна го идентификувале Гелцер преку отпечатоци од прсти.

Полицијата денеска не соопшти повеќе детали за случајот, ниту пак како и кога е убиен Гелцер.

притисни ентер