Притвор од 30 дена за скопјанец осомничен за обид за силување

Притвор од 30 дена му одреди Основниот кривичен суд - Скопје на скопјанец, осомничен за обид за силување.

- Основното јавно обвинителство - Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело - полов напад и силување од член 186 став 1 во врска со член 19 - во обид - од Кривичниот законик, се појаснува во соопштението од Јавното обвинителство.

Во текот на вчерашниот ден, осомничениот, на возраст од 31 година, нападнал жена во Кисела Вода и спротивно на нејзината јасно изразена волја, со умисла се обидел да изврши полови дејствија врз неа.

- Жртвата се движела пеш кон нејзиниот дом и откако го поминала пешачкиот премин на булеварот „Борис Трајковски“, во близина на општината Кисела Бода, осомничениот ја зграпчил со двете раце и се обидел да ја одвлече кон споредна улица. Ја турнал и се обидел полово да ја нападне. Жената цело време викала, барала помош и се обидувала да се ослободи, а кога започнале да се собираат луѓе, осомничениот ја пуштил без да ја реализира намерата, се додава во соопштението на Обвинителството.

Индија наскоро ќе го започне со години одложуваниот попис

Индија наскоро ќе го започне својот тригодишен одложен попис, објави денеска индискиот министер за внатрешни работи Амит Шах, цитиран од британските медиуми.

Националниот попис, кој се спроведува еднаш во деценијата, требаше да се спроведува во 2021 година, но беше одложен и поради пандемијата на Ковид-19 и поради технички и организациски причини, соопшти агенцијата.

Владата на индискиот премиер Нарендра Моди има за цел да пополни значајни празнини во податоците за населението на земјата во третиот мандат на премиерот по долгогодишни критики за ова прашање. За новата студија на Индија ќе и бидат потребни околу 18 месеци./МИА

Видео: Бразилски политичар удрил друг со стол за време на дебата

Еден од кандидатите за градоначалник на Сао Паоло, Бразил нападнал друг со столче за време на дебата. Хозе Луиз Датена и Пабло Марсало се расправаа, а потоа Датена замавна со стол кон својот противник.

Сè беше пренесувано во живо од ТВ Култура. Подоцна, Датена изјави за ТВ Култура дека го нападнал Маршал затоа што изнел стари наводи за сексуално вознемирување против него, кои биле отфрлени пред неколку години.

-Дојде со предмет кој беше архивиран, кој полицијата не го ни истражуваше бидејќи немаше докази. Нешто од пред 11 години што предизвика многу сериозна ситуација во моето семејство, изјави Датена.

Иако беше исфрлен од дебатата, тој во вчерашната изјава инсистираше дека не се кае за своите постапки, пишува Си-Ен-Ен.

Маршал беше примен во болницата Сирио Либанес. Неговиот тим соопшти дека тој бил примен во болница со можна фрактура во пределот на градниот кош и дека има потешкотии со дишењето. Од болницата велат дека се здобил со повреди на градниот кош и зглобот, но дека нема поголеми компликации./МИА

Трамп ја обвини реториката на Бајден и Харис за наводниот нов обид за атентат

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп ја обвини реториката на американскиот претседател Џозеф Бајден и потпретседателката, демократската претседателска кандидатка Камала Харис, за наводниот нов обид за негово убиство.

-Нивната реторика ги тера да пукаат во мене, кога јас сум тој што ќе ја спаси земјата, а тие се оние кои ја уништуваат земјата, изјави Трамп за Фокс њуз, пренесе агенцијата.

„Поради тој наратив на комунистичката левица, куршумите летаат и само ќе се влоши“, рече Трамп доцна синоќа на својата социјална мрежа „Вистина“.

Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави дека го осудува политичкото насилство.

-Отсекогаш сум го осудувал политичкото насилство. Секогаш ќе го осудувам, рече Бајден.

Уапсениот осомничен во истрагата за наводниот обид за атентат на Доналд Трамп „воопшто не пукал“, соопштија вчера претставници на Тајната служба.

Осомничениот кој беше уапсен во неделата доби кривична пријава за недозволено држење на оружје и поседување оружје со избришан сериски број, пренесе Бета. /МИА

притисни ентер