Пристигнаа првите патници на скопскиот аеродром по 3,5 месеци, за денеска планирани 28 лета

Од ТАВ Македонија велат дека првите патници пристигнаа и заминаа од Меѓународниот аеродром Скопје следејќи ги новите правила за патување со цел заштита од КОВИД-19.

По три и пол месеци пауза, период во кој аеродромите во држвава беа затворени за патнички летови поради кризата со КОВИД-19, утрово прво слетување на скопскиот аеродром имаше авионот на Туркиш ерлајнс, кој од Истанбул во Скопје донесе 104 патници. Авионот беше пречекан со авијацискиот поздрав за „добредојде" – воден мост во форма на виножито. Веднаш по него слета и авионот на Пегасус ерлајнс, исто така од Истанбул, кој во Скопје донесе 125 патника.

Од ТАВ Македонија велат дека првите патници пристигнаа и заминаа од Меѓународниот аеродром Скопје следејќи ги новите правила за патување со цел заштита од КОВИД-19.

-На првиот ден од реотворањето на Меѓународниот аеродром Скопје се очекуваат 28 лета, со вкупно 1.700 патници, стои во објавата од ТАВ Македонија.

Првите летови од аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид се планирани за попладне за кога се предвидени полетувања и слетувања за и од Цирих и Милано.

На двата аеродрома се применува Протокол донесен од Комисијата за заразни болести, како што соопшти Министерството за здравство, направен по сите светски стандарди. Во зградата ќе имаат можност да влегуваат само патниците. Тие ќе треба да пристигнат на аеродром три часа пред летот. Со ова, значајно ќе се намали ризикот од гужва. Патниците ќе мора да ги почитуваат принципите на дистанца, задолжително носење на маска и дезинфекција на рацете.

-Во зградата е поставена и термална камера на влезот од ТАВ, за да се прави термален скрининг на сите патници кои доаѓаат во земјава. Собата за изолација и понатаму ќе функционира, за патниците кои имаат покачена телесна температура. Вработените од Центарот за јавно здравје ќе можат да индицираат и тестирање на патниците на кои ќе утврдат дека тоа е потребно, соопшти Министерството за здравство.

Според новите мерки, во терминалната зграда смеат да влезат само оние лица кои ќе покажат валиден авионски билет (испечатен или на телефон), но не и нивните пријатели или членовите на нивните семејства кои дошле да ги испратат. На влезот ќе ги дезинфицираат рацете и чевлите, по што со термална камера ќе им се мери телесната температура. Доколку немаат покачена температура, ќе може да продолжат кон шалтерите за регистрација или саморегистрација. Забрането е патниците да седат еден до друг во аеродромските чекалници, зоните за заминување, пристигнувањa и излез (Gates) и на тие места седиштата се специјално обележани за да се одржи безбедното физичко растојание./МИА

Црна Гора воведува нови рестрикции, полициски час од 22 до 5 часот наутро

Институтот за јавно здравје на Црна Гора предложи воведување на дополнителни мерки за да се спречи ширење на новата болест.

Новите рестрикции се воведуваат поради исклучително распространетиот локален пренос, големиот број на хоспитализирани и огромниот притисок врз здравствениот систем.

Институтот за јавно здравје на Црна Гора предложи воведување на дополнителни мерки за да се спречи ширење на новата болест, поради исклучително распространетиот локален пренос, големиот број на хоспитализирани и огромниот притисок врз здравствениот систем. Мерките се во сила од денеска.

Од денеска до 12 октомври, поради зголемувањето на случаите во никшиќ, беране и андријевица, ќе има полициски час од 22 до 5 часот наутро, а работата на угостителските објекти и домашните посети ќе бидат забранети.

Во Рожај е забранета работа на угостителските објекти и одење на гости.

Во Котор, Будва, Подгорица и Плевља, од 28 септември до 12октомври, угостителските објекти ќе имаат право да работат само до 22 часот.

Левица. Три недели Владата доцни со конкурсот за студентски легла

На само три дена од одложениот почеток на учебната година, не се знае изборот на студентите кои би добиле место во редуцираните капацитети на студентските домови, иако според најавите на Владата истиот требаше да биде објавен пред три недели.

Стотици студенти се во неизвесност и стрес заради можното отсуство од наставата, а според досегашната динамика на работа на надлежното министерство – реално е да очекуваме дека стотици студенти ке ги пропуштат првите два месеци од академската година.

МОН и Владата немаат конкретни одлуки и насоки за цел дијапазон прашања што ги вклучуваат и наставниците и учениците и студентите и нивните родители. Ресорното Министерство за образование и наука издава општи соопштенија, наменети за површна медиумска присутност, но не и за ефективна и практична употреба од страна на идните академски граѓани.

Во изминативе шест месеци, ресорното министерство ‘успеа’ да објави Конкурс за студентско сместување на 28.07.2020, но не и да ги процесира и објави резултатите навремено за студентите кои зависат од тоа. Исто така, успеа на 23.09.2020 само да даде општо соопштение на веб-страницата на МОН дека ќе предложи до Владата (која ќе предложи до Собрание) Предлог-закон за дополнување на Законот за студентскиот стандард. Со најавениот предлог, на студентите и учениците кои конкурирале за сместување во студентските и ученичките домови и на кои им се одобрени барањата за сместување, но заради намалениот број на сместувачки легла не може да се сместат во студентски дом – ќе им се исплаќа месечна сума на средства за покривање на трошоците за приватно сместување, односно месечна сума на средства за покривање на трошоците за превоз од местото на живеење до местото во кое се одвиваат студиите.

За да ја остварат оваа помош, студентите и учениците треба да се пријавуват на интернет платформата www.digitalizirajse.mon.gov.mk, која е сѐ уште неактивна, односно неупотреблива.По овој план, јасно е дека наместо да се оспособат други јавни капацитети за студентско домување кои ќе останат во функција и наредните години – буџетските средства ќе се издвојат по непознати критериуми, за еднократна активност (покривање трошок за сместување), што не го прават ни најбогатите држави во светот. Со ова темпо на динамика на решавање на круцијални прашања за студентите – очигледно е дека ресорното Министерство се однесува како набљудувач, а не лидер на ситуацијата, додека учениците и студентите немаат информација како ќе го решат сместувачкото прашање оваа година.

Mакедонци од Германија бараат подобри услуги од дипломатско-конзуларните претставништва

Во отворено обраќање до македонското Министерство за надворешни работи и до амбасадата и конзулатите на Македонија во Германија, Македонците кои живеат во оваа земја бараат подобри услуги на македонските служби.

„ Два главни проблеми, поради кои се започнува оваа иницијатива, се постапката за продолжување на патна исправа и општата достапност на информации. Да се поднесе и добие пасош во нашата амбасада е речиси невозможно, односно е поврзано со долга и нејасна постапка. Затоа најчесто сме приморани да ја почнеме таа постапка во македонија, дури и во време на пандемија и други непредвидливи бариери за прекугранично патување. Исто така овие патувања се поврзани со дополнителни финансиски оштетувања, а не секогаш и се возможни бидејки тука имаме работни обврски.

Веб страниците не се ажурираат редовно, телефонско советување е речиси невозможно, или зависи од непрофесионални службеници.

Иселениците бараат формирање на дежурен центар кој ќе работи 365 дена во годината и ќе биде квалитетно обучен и опремен да доставува информации на граѓаните за состојбата на границите, за нивните права, како и секакви информации за дипломатско-конзуларните претставништва. Дежурниот центар може да е со седиште и во македонија или во германија, но да е достапен и на бесплатен или ниско тарифен германски фиксен телефонски број се вели во соопшетнието

притисни ентер