Пристигна предлог од француското претседателство до Владата

Попладнево од Владата објавија дека и официјално го добиле францускиот предлог за решение на спорот со Бугарија и кревање на ветото.

Содржината засега не се открива, но брифинзите се дека во конечниот документ се земени предвид и македонските забелешки. Францускиот претседател Емануел Макрон на прес-конференција кажа дека Скопје и Софија конечно постигнале компромис.

Пред Владата е Михаела Димовска.Дали имаме некакви информации што содржи овој финален предлог и како е ставот на владата по истиот?

Шаќири: Надминување на јазичната бариера е прв чекор за зближување на различните народи

Да се познаваат јазиците на другите нации и народи е доблест, затоа што овозможува доближување до нивната култура и полесно комуницирање и разбирање со повеќе луѓе, но и предност.

Да се познаваат јазиците на другите нации и народи е доблест, затоа што овозможува доближување до нивната култура и полесно комуницирање и разбирање со повеќе луѓе, но и предност, затоа што во време на интернационализација и изразена мобилност на човечки капитал, јазичните вештини, покрај компјутерските се најважните кои обезбедуваат полесен пристап до високо ценети и платени работни места. Затоа, пораката која ја испраќаме денес, но и секој друг ден се промовира и шири преку образовните установи е луѓето, особено младите да посветат време на изучување јазици.

Ова го истакна министерот за образование и наука Јетон Шаќири на денешната панел дискусија во организација на Делегацијата на Европската унија, по повод 26ти септември – Европскиот ден на јазиците, на која учествуваше заедно со евроамбасадорот Дејвид Гир, амбасадорката на Швајцарската конфедерација Вероник Улман Марти и директорот на Агенцијата за примена на јазикот Илбер Села.

„Светските јазици се важни, тоа е неспорно. Но, за нас како мултиетничка земја особено важно е изучувањето и на јазиците на различните етнички заедници. Тоа носи лични придобивки, но носи и сплотеност, создава единство, хармонија и ја јакне државата. Ова е една од целите на кои сме посветени како Влада. Приближувањето на луѓето едни кон други започнува со надминување на јазичната бариера, односно со совладување на јазиците на кои тие говорат“, рече Шаќири посочувајќи дека токму поради тоа институциите инсистираат на создавање мултиетнички училишни средини, се воведуваат предмети за изучување на јазиците на другите заедници и слично, а поддршката доаѓа и од граѓанскиот сектор, но и од меѓународните фактори и партнери.

Министерот изрази уверувања дека Македонија како членка на Советот на Европа на чија иницијатива повеќе до 20 години се чествува 26ти септември, ќе продолжи и во иднина да го одбележува Европскиот ден на јазиците, но и како што рече, ќе ги надградува сите досегашни активности кои се дел од вредностите за кои се залага, а меѓу кои и учењето јазици.

Министерство за образование и наука

Започнува „НЛБ Месецот на штедење“ - Ликовен конкурс за деца и иновациски награден предизвик

Традиционално, со претстава со маскотите на детското штедење Тиби и Штуки и забавно едукативна програма за најмалите, денеска во НЛБ Банка беше одбележан почетокот на единаесеттиот по ред „НЛБ Месец на штедење“.

Во рамките на „НЛБ Месецот на штедење“, што ќе трае од 26 септември до 25 октомври, предвидени се повеќе активности и настани наменети за финансиска едукација и поттикнување на штедењето на најмладите членови на заедницата.

Во месецот на штедење ќе биде спроведен традиционалниот ликовен конкурс на детски цртежи, кој годинава е на тема „Штедењето и иновациите“. На конкурсот може да учествуваат сите деца од 5 до 15-годишна возраст кои до 25.10.2022 ќе ги испратат своите ликовни творби, по електронски пат, преку веб-страницата: www.stedenje.nlb.mk. На крајот на октомври најдобрите цртежи избрани со гласање преку истата веб-страница www.stedenje.nlb.mk, како и од страна на посебна комисија составена од реномирани македонски уметници ќе бидат наградени со парични награди и признанија.

Оваа година НЛБ Банка организира и иновациски предизвик за учениците од основните училишта на тема „Изум кој ќе го направи светот подобро место за живеење“. Основната задача за училиштата кои ќе го прифатат овој предизвик е да изработат макета на својот изум, накратко да опишат како тој би функционирал и какви придобивки би можел да донесе за луѓето, за живиот свет и за планетата воопшто. До 25.10.2022 своите иновациски проекти училиштата треба да ги достават по електронски пат на е-маил адресата: [email protected] по што специјална жири-комисија ќе ги избере најиновативните три проекти за кои НЛБ Банка ќе обезбеди донации во вредност од 3.000 ЕУР за иновацијата која ќе го освои првото место, 2.000 ЕУР за второто место и 1.000 ЕУР за третото место.

„Познато е дека во бујната фантазија на децата се кријат голем број храбри, несекојдневни идеи кои чекаат да бидат откриени. Целта на активностите што ги обмисливме во рамки на годинешниот месец на штедење беше токму тоа – да ги мотивираме и охрабриме младите, уште од најрана возраст, да ја активираат својата фантазија и креативност за нови идеи и иновации кои во иднина можат да прераснат во ефикасни решенија за глобалните предизвици поврзани со загадувањето на животната средина, глобалното затоплување, квалитетот на животот на луѓето и други исклучително значајни актуелни прашања. При тоа, останува и нашата трајна определба, преку овие активности, на најмладите да им го пренесеме значењето на штедењето, како еден од клучните елементи од нивната натамошна финансиска едукација“ - истакнуваат од НЛБ Банка.

Месецот на штедење ќе заврши со голема изложба на ликовните творби кои ќе пристигнат на конкурсот за детски цртежи, што ќе биде поставена во просториите на НЛБ Галерија, се наведува во соопштението.

Вооружен маж уби најмалку 13 луѓе, а повреди 20 деца во училиште во Русија

Крвав понеделник во училиште во централна Русија.

Вооружен маж отвори оган и уби најмалку 13 лица. Меѓу жртвите седум се деца...... Маскарот во градот Ижевск, според руските медиуми, најверојатно го извршил поранешен ученик, идентитфикуван како Артем Казанцев. Користел два пиштола, повредил најмалку 20 лица, по што си пресудил.

„Напаѓачот се самоубил. Во моментов е констатирано дека носел црна маица со нацистички симболи и капа. Со него немало никакви документи, моментално се утврдуваат податоци за неговиот идентитет. “-Светлана Петренко, Истражен комитет на Русија.

Персоналот и учениците се евакуирани од училишните згради. Според руските власти, меѓу жртвите се и двајца чувари и двајца учители. Руските медиуми објавија траорни снимки. На една од нив се гледа како соученик од класот ја известува својата мајка за хоророт во кој се слуша пукањето, додека тој е сокриен под клупа и ги слуша истрелите.

Локалниот гувернер потврди дека напаѓачот упаднал во училиштето откако прво убил еден од стражарите, неселективно пукајќи првенствено во деца.

„Видов како децата викаат по соучениците, други неможат д апоминат, многу наставници плачат. оопшто не разбирам што се случи.“- Јулија Нуриева, очевидец.

Ижевске град со околу 650.000 жители, се наоѓа на околу 1200 километри источно од престолнината Москва и важи за исклучително мирно место.

„Во Ижевск има фабрика за оружје, таму се произведува и „Калашников“. Тој е прилично голем град и е главен на Муртија. Важи за тивко место и вакво нешто таму никогаш порано не се случило.“- Сергеј Горјашко, новинар.

Рускиот претседател Путин нападот го нарече нехуман терористички напад.

притисни ентер