Пријавување за лотаријата за зелена карта за САД за 2026 година

Секоја година, приближно 55,000 визи преку лотаријата се достапни за лица од земји со историски ниска стапка на имиграција во САД.

Периодот за пријавување на лотаријата за зелена карта за 2026 година започнува на 2 октомври во 18 часот и ќе трае до 5 ноември, 2024 година до 18 часот по локално време, а лицата кои ги исполнуваат критериумите за учество имаат можност да аплицираат за иселеничка виза за САД.

Учеството во лотаријата е бесплатно. Бидете претпазливи од оние кои Ве уверуваат дека шансите да бидете извлечени Ви се зголемени ако им платите, или оние кои се нудат да Ви ја пополнат апликацијата бесплатно. Се препорачува кандидатите лично и порано да ги подготват и поднесат своите пријави и самите да го чуваат својот единствен број. Лажните посредници кои го задржуваат единствениот број на кандидатот бараат дополнително да им се плати во замена за бројот подоцна. На кандидатите ќе им треба единствениот број за да можат да проверат дали се избрани преку програмата во мај 2025 година.

Пред да аплицирате прочитајте ги инструкциите за програмата на travel.state.gov/dv. ЕДИНСТВЕНИОТ начин да се учествува е преку https://dvprogram.state.gov.

Кандидатите се поттикнуваат што е можно порано да ги поднесат пријавите. Поднесете само една лична пријава и запомнете да ги наведете Вашиот сопружник и сите неженети/немажени деца под 21 година во Вашата пријава дури и да не патуваат или имигрираат со Вас. Важно е да запомните дека секој кој ја пополнил пријавата комплетно и точно во дадениот временски рок има еднакви шанси да биде избран. Ви препорачуваме да одвоите време и сами да ја пополните вашата апликација на dvprogram.state.gov за да обезбедите точност и да избегнете измами.

Секој кандидат треба да ја испечати и зачува потврдната страница од пријавата по пополнувањето на апликацијата за да може да ја провери. Исто така, секој кандидат треба да го зачува својот единствен број барем до 30 септември, 2026 година, без оглед на тоа дали првично биле избрани. Овој број е единствениот начин преку кој може да се провери дали кандидатот е избран.

Амбасада на САД во Скопје

Украинска новинарка починала во затвор во Русија: За жал, ја потврдуваме веста

Петро Јаченко, претставник на Координативниот штаб за третман на воени затвореници, денеска соопшти дека украинската новинарка Викторија Рошина починала во руско заробеништво.

„Спроведовме внатрешни истраги и, за жал, оваа информација е потврдена. Ја познававме Викторија. Таа подготвуваше материјали во Координативниот штаб 22 години. Затоа, ова е крајно тажна вест за нас, но и за целото украинско новинарство“, велат од Координативниот штаб, пренесува Киев Индипендент.

Јаченко истакна дека се уште е рано да се зборува за околностите на смртта и дека тие се утврдуваат.

„Мислам дека во секој случај ќе ги дознаеме овие околности.“ рече тој.

Тој изјави дека процесот на ослободување на Рошина бил претходно започнат, како и дека нејзиниот трансфер од Таганрог во Москва бил фаза на подготовка за нејзиното ослободување.

„Се трудиме да не ги заборавиме нашите војници, цивили и новинари кои се таму и таа работа е во тек. За жал, овде немавме време. “, додаде Јаченко.

Викторија Рошина исчезнала на 3 август 2023 година за време на патување на териториите окупирани од Русија, наведува украинската агенција.

Милевски: Среќен сум поради резултатот, пристапот и желбата на моите фудбалери

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски изрази задоволство од победата на гости против Летонија (3:0) во меч од Лигата на нациите. 

- Среќен сум поради резултатот, пристапот и желбата на моите фудбалери. Од играта во одредени моменти не сум задоволен, но најважен е резултатот, проблемите ќе ги решаваме во од. Имавме картони, повредени фудбалери, вирус, но бевме над сето тоа и победивме, изјави Милевски по мечот.

Македонија останува на првото место во групата, а на 13. октомври ќе има гостување кај репрезентацијата на Ерменија, кое ќе биде клучно за конечниот изглед на табелата.

Потврдени се 11 жртви на страотниот ураган „Милтон“ во САД, Бајден со порака до Трамп (ВИДЕО)

Бројот на загинати во невремето на Флорида се искачи на 11.

Бројот на загинати се искачи на 11 откако дрво падна врз возило во округот Цитрус, при што загина возачот, јавува NBC News.

Два смртни случаи беа претходно пријавени во округот Пинелас, три во округот Волузија и пет во округот Сент Луси, од кои четири биле предизвикани од торнада.

Џо Бајден одржа прес-конференција за ураганот Милтон во Вашингтон.

Тој рече дека ќе бидат потребни неколку милијарди долари за обнова на областа и ќе биде потребно долго време.

Тој се повика на коментарите на Доналд Трамп, кој рече дека погодените од ураганот ќе добијат само 750 долари помош. „Тоа е бизарно“, рече Бајден.

Запрашан дали разговарал за дезинформациите со Трамп, тој рече: „Дали се шегуваш?

„Господине Трамп, најдете си живот. Помогнете им на овие луѓе“.

притисни ентер