Пријавени девет каснувања од кучиња во државава изминатото деноноќие

Пријави за девет каснувања од кучиња низ државава се евидентирани изминатото деноноќие, од кои осум се од бездомни кучиња, стои во денешниот билтен на Министерството за внатрешни работи.

Во Полициската станица Драчево, ноќеска 30 минути по полноќ, А.Ј.(31) од Скопје пријавил дека на ул.„Киро Фетак“ во Скопје неговата малолетна ќерка била касната од куче скитник.

Д.В.(59) од Скопје вчера во Полициската станица Гази Баба, пријавил дека на ул. „Јужноморавски бригади“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

Осумдесет и едногодишната М.В. од Скопје синоќа пријавила во Полициската станица Ѓорче Петров дека на ул.„Ѓорче Петров“ во Скопје била касната од куче скитник.

Во Полициската станица Центар, А.Ц.(48) од кумановското село Тромеѓа, вчера пријавила дека во кругот на Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје била касната од куче скитник.

Вчера во Полициската станица Карпош, Б.В.(69) од с.Бардовци, пријавила дека на ул.„6“ во с.Бардовци-скопско била касната од куче скитник.

Во Полициската станица Драчево, Е.М.(34) од Скопје пријавил дека на ул.„Бранко Заревски“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

Кичевецот Ф.О.(50), вчера во полициска станица во Кичево пријави дека, на улицата „Магистрален пат“ бил каснат од куче скитник.

Во тетовската Полициска станица С.С.(66) од Тетово пријавила дека на ул.„Јован Ончевски“ била касната од куче скитник.

Во Билтенот регистриран е и еден случај на каснување од куче - домашен миленик. Шеесет и седумгодишниот А.Л.(67) од населбата Оризари-Кочанско вчера пријавил дека на 21.02.2024 околу 15.30 часот во населбата Оризари бил каснат од куче, сопственост на С.Н. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, наведуваат од МВР.

Блинкен во Брисел во момент кога победата на Трамп го активира алармот за Украина

 Американскиот државен секретар Антони Блинкен денеска ќе се сретне со претставници на НАТО и на ЕУ за итно да разговараат за зголемување на поддршката за Украина пред Доналд Трамп да се врати во Белата куќа.

Американскиот државен секретар Антони Блинкен денеска ќе се сретне со претставници на НАТО и на ЕУ за итно да разговараат за зголемување на поддршката за Украина пред Доналд Трамп да се врати во Белата куќа - што потенцијално може да ја загрози идната помош.

Во еднодневната посета на државниот секретар ќе се сретне со шефот на НАТО Марк Руте, шефот на дипломатијата на Европската унија, Жозеп Борел, неговата наследничка Каја Калас и министерот за надворешни работи на Украина, Андриј Сибига.

Вонредното патување доаѓа откако изборната победа на Трамп, заедно со политичката криза во Германија, ги зголемува стравувањата за иднината на помошта за Украина во клучна точка во борбата против руската инвазија.

Тројца дефанзивци во плановите на Реал Мадрид за време на летниот преоден рок

 Реал Мадрид планира да ангажира четворица играчи во летниот преоден рок, пишува мадридски „АС“.

Според изворот, на списокот се тројца дефанзивци: Трент Александер-Арнолд (Ливерпул), Џонатан Та (Леверкузен) и Алфонсо Дејвис (Баерн).

Покрај тоа, Реал останува заинтересиран за играчот од средниот ред на Баер Леверкузен, Флоријан Виртц.

По 12 одиграни натпревари, тимот предводен од Карло Анчелоти е на второто место во шпанската Ла Лига со 27 бодови, 6 бода зад лидерот Барселона, но „белите“ имаат натпревар помалку.

Со презентација на разгледници „90 години Попова Шапка“ прикажана историјата

Со презентација на разгледници „90 години Попова Шапка“ прикажана историјата за развојот на тетовскиот ски-центар.

Планинарскиот клуб „Љуботен“ од Тетово синоќа одбележа „90 години Попова Шапка“ со мултимедијален настан на кој беа прикажани разгледници и кратки филмови посветени на јубилејот на скијачкиот центар. Како година кога почнал да се оформува како скијачки центар се смета 1934-тата кога таму бил отворен и пуштен во употреба првиот воопшто изграден објект на Попова Шапка - планинарски дом чии темели сега се дел од истоимениот хотел.

-На 11 ноември 1934 година е свечено отворен првиот планинарски дом на Попова Шапка, која до тогаш не ни се знаела, не ни постоела, како скијачки центар. Со отворањето на овој планинарски дом почнува градењето на Попова Шапка. Овој дом е првиот чекор кој планинарите го направиле со цел освојување на височините на тој дел од Шар Планина. Домот го изградиле членовите на нашиот клуб, тогаш планинарско друштво „Љуботен“ со членовите на туристичко друштво Југ од Скопје и тоа се почетоците на Попова Шапка“, истакна Јован Божиновски.

Презентирани беа десетици разгледници на кои е фотографирана Попова Шапка од 1935 година па се досега. Првата е од 1935 година со фотографија на која го има токму првиот објект планинарскиот дом кој бил отворен претходната 1934 година.

Во планинарскиот клуб „Љуботен се чуваат над 400 разгледници од Шар Планина, од кои 70 отсто се од различни периоди на Попова Шапка.

-Разгледницата е фотографија направена од мајстор на фотографија кој треба да пренесе еден од најубавите амбиенти до оние кои ја добиваат разгледници и на позадината ќе прочитаат од каде пристигнала и кој ја испратил. Таа мануела комуникација нè радуваше сите нас и тоа беше нашиот Фејсбук на многу генерации. Почнале да се прават уште во 19 век, а досега стотина години се изработен во количини кои не можат да се пребројат во милијарди. Но ја изгуби својата улога, сега со технологијата стана архивски документ и музејски предмет која се чува само од колекционери и од музеи и установи, елаборираше на тема разгледница, д-р Бранислав Светозаревиќ историчар и архивист.

Презентацијата „90 години Попова Шапка“ е дел од активностите кои се организираат во чест на ослободувањето на Тетово 19 ноември и манифестацијата „Непокорот е слобода-80 години Слободно Тетово.

притисни ентер