Претставување на кандидатите за пратеници од ИЕ-3 и програмата на ИНТЕГРА

Денеска ИНТЕГРА – Македонска конзервативна партија во Кратово имаше претставување на кандидатите за пратеници од ИЕ-3 и програмата на ИНТЕГРА за претстојните предвремени парламентарни избори 2020.

Претседателот Љупчо Ристовски ги поздрави присутните, после претставувањето на изборната платформа “Нова македонска ренесанса” посочи дека ИНТЕГРА е автохтон, чист македонски производ. Тој истакна дека Македонецот пред никого не виткал кичма во историјата, нема ниту сега. Немајте страв од новата македонска ренесанса на ИНТЕГРА, гласајте за ИНТЕГРА, заокружете го бројот 8, истакна Ристовски пред присутните и пренесете ја оваа идеја до вашите блиски.

Ристовски вети дека секој избран функционер на ИНТЕГРА ќе потпише согласност да биде прислушкуван од финансиската полиција во периодите кога ќе има тендери во неговиот ресор. ИНТЕГРА е против корумпирана држава и корумпирани политичари. На секои две години ИНТЕГРА ќе биде испитана на референдум, народот одлучува.

Малите бизниси ќе бидат во фокусот на економските политики на ИНТЕГРА, истакна Ристовски.

Носителот на листата за пратеници за ИЕ-3, м-р Сузана Чесмаџиска, ги повика кратовчани да му веруваат на лидерскиот тим на ИНТЕГРА, да заокружат бр. 8 за подобро здравство, за подобро образование, за иднината на Македонија.

ИНТЕГРА – Македонска Конзервативна Партија

Израел најавува одговор кон Иран, сојузниците апелираат на воздржаност

Израел бара санкции за иранската ракетна програма, Иран возврати со нова закана дека секоја акција против иранските интереси ќе наиден на голем и болен одговор.

И покрај апелите на сојузниците за воздржаност на Израел, високи воени лица најавуваат т.н. соодветен одговор на иранскиот ракетен и напад со беспилотни летала што се случи во саботата.

Директорот на Меѓународната агенција за атомска енергија изрази загриженост, поради евентуален израелски напад врз иранските нуклеарни постројки, кој може дополнително да го ескалира блискоисточниот конфликт.

„Се соочуваме со опасност од нуклеарна катастрофа, не смееме да дозволиме незадоволството денес, да биде примарно за тоа што ќе се случува утре. Мораме да сториме се’ што е во наша моќ да го минимизираме ризикот од несреќа.“- -Рафаел Гроси, Директор на Меѓународна агенција за атомска енергија.

Гроси исто така наведе дека еден ден по нападот врз Израел, Иран ги затворил своите нуклеарни постројки „од безбедносни причини“. Меѓу време Иранскиот заменик-министер за надворешни работи Али Багери Кани изјави дека контраофанзивата на Техеран, по каков било израелски одговор, ќе дојде „во рок од неколку секунди“. Израелскиот воен врв пак и натаму дециден, дека соодветен одговор, сепак ќе има.

„Oстануваме на највисоко ниво на подготвеност. Иран ќе се соочи со последици за своите дејствија. Нашиот одговор ќе биде соодветен. Одбранбените сили на Израел остануваат подготвени да се спротивстават на секоја закана од Иран и неговите терористички посредници.“ - Херзи Халеви, Началник на Генералштаб на Израел.

Во саботата, за прв пат во историјата, Иран го нападна Израел директно од негова територија. Според израелски извори, Техеран испратил околу 330 дронови, балистички и крстаречки ракети, од кои најмалку 250 биле пресретнати од одбрамбената Железна купола.

„Алкалоид“ донираше „омепразол“во течна форма на Детската клиника и Болницата во Козле

„Алкалоид“ денеска на Универзитетската клиника за детски болести и на Универзитетската клиника за респираторни заболувања кај децата „Козле“ им донираше од иновативниот лек „омепразол“ во течна форма и подготвен за употреба.

Богоев: Денот на Царината одбележан со високи резултати

Денот на Царината одбележан со високи резултати во приходите, сузбивање криминал и реформски процеси.

Приходите на Царината во 2023 година растат по секој основ, бројот на случаи на заплени е зголемен за 30 проценти, на кривичните пријави за 60 проценти, а инвеститорите во нас препознаа доверлив партнер и јавно нѐ издвоија како институција, од чија работа се најмногу задоволни, оценил директорот на Царинската управа, Стефан Богоев, на денешниот настан по повод одбележување 32 години од нејзиното основање.

- Резултатите се доказ за нашата посветеност, што ќе продолжи и натаму со уште поголем елан, бидејќи само така ќе одиме напред и ќе овозможиме забрзан економски раст и подобра иднина за нашите граѓани. Целта ни е повисоки приходи во Буџетот, односно повеќе пари за училишта, здравство и патишта, зајакнување на конкурентноста на македонското стопанство преку олеснување и забрзување на трговијата и сузбивање на корупцијата и криминалот, пишува во писмената изјава на Богоев, што ја пренесува Царинската управа.

Директорот потенцирал дека подобрените резултати се соодветно вреднувани со потпишување колективен договор, со што се подобрени условите за работа, а платите се зголемени за 43 проценти, се додава во соопштението, до јуни царинските службеници ќе добијат и нови униформи со што достојно треба да ја претставуваат Царината, а обезбедени биле и нови простории.

Како што информирал Богоев, во претстојниот период следува реализација на нови развојни проекти од што бенефит ќе имаат сите македонски компании, а управата посветено работи на реформи и имплементација на напредни ИТ системи, со цел забрзана интеграција со единствениот пазар на ЕУ и влез во Унијата.

Министерот за финансии Фатмир Бесими го честитал 32-годишното постоење на Царинската управа, посочувајќи оти таа е чувар на финансиските интереси на државата, игра значајна улога во остварување на економските приоритети што обезбедуваат одржлив економски раст, повисок животен стандард и квалитет на животот на граѓаните.

- Оттука, градењето современа царинска служба и понатамошно забрзување, олеснување и дигитализација на царинските постапки, значи брза и сигурна размена на стоки, услуги и капитал и олеснување на условите за водење бизнис. Во таа насока, клучно е да останеме на цврстата посветеност на спроведување на реформите и на тој начин, да бидеме подготвени и на предизвиците наметнати од брзата глобализација на трговијата, се истакнува во писмената изјава на Бесими.

Како што пишува во соопштението, по повод одбележување на Денот на Царината - 14 април, биле доделени и плакети за ТАВ аеродроми и за Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор. Богоев во име на Управата, доделил и признанија за успешна работа на царинските службеници.

притисни ентер