Претставничкиот дом на САД изгласа главниот град да стане нова сојузна држава

Претставничкиот дом на САД гласаше по втор пат за помалку од една година со тесно мнозинство за да се направи Округот Колумбија 51. држава, но таа одлука мора да биде поддржана од Сенатот во кој ќе се соочи со противењето на републиканските пратеници.

Долниот дом на Конгресот, во кој демократите имаат мнозинство, изгласаа со 216 гласа „за“ и 208 „против“ за иницијативата американскиот главен град да стане федерална држава.

Жителите на Вашингтон Д.Ц. со големо мнозинство ги поддржуваат демократите, па како федерална држава би донеле уште двајца демократски сенатори во горниот дом на Конгресот, со што би се сменила рамнотежата на силите во Сенатот, кој во моментов има 50 демократи и 50 републиканци. Демократите со децении се обидуваат да му дадат федерален статус на Д.Ц., а овој пат тие се охрабрени од изборот на Џо Бајден за претседател и контролата врз двата дома на Конгресот.

Последните територии кои добија ваков статус беа Хаваите и Алјаска во 1959 година.

Демократите велат дека тоа ќе реши неколку вековна неправда за повеќе од 700 000 граѓани на САД кои плаќаат федерални даноци, се борат и умираат во војни, служат како поротници и не можат да гласаат во Сенатот или Претставничкиот дом.

Новата федерална држава би се викала „Вашингтон, Даглас комонвелт“, според првиот американски претседател Џорџ Вашингтон и Фредерик Даглас, поранешен роб, кој станал познат борец против ропството во 19 век.

Тројца загинати во сообраќајна несреќа во Кичево

Три лица загинаа во сообраќајна несреќа што денеска се случи на излезот од Кичево, во насока кон Скопје.

Според соопштението од СВР – Охрид, несреќата се случила утрово во 4:50 часот на улицата „Магистрален пат“ во Кичево, кога се судриле патничко возило „Пежо“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од С.И.(19) од Кичево и патничко возило „Фолксваген голф“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од К.Е.(32) од кичевското село Трапчин Дол.

Од здобиените повреди на местото на несреќата починале возачот К.Е. и неговиот сопатник А.С.(20) од село Трапчин Дол, додека возачот С.И. им подлегнал на повредите на пат кон Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид и во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, се здобиле 19-годишната Т.С. од Кичево, В.П.(21) од селото Подвис, кичевско, П.К.(21) од Кичево и еден малолетник од Кичево, сите сопатници во возилото „Пежо“.

На местото на несреќата увид извршиле јавен обвинител и полициски екипи. По наредба на јавен обвинител, телата на починатите се дадени на обдукција.

Фото: Екс тенисерка која сега заработува на „OnlyFans“ во друштво на Ѓоковиќ

Најдобриот светски тенисер во друштво на сексапилна црнка.

Поранешната тенисерка, а денес инфлуенсер, Тамара Бојаниќ заработува огромни пари од фотографиите кои ги објавува на платформата за возрасни „OnlyFans“.

Провокативната Тамара сега се најде во центарот на вниманието на јавноста откако на социјалните мрежи објави фотографија со Новак Ѓоковиќ.

- Мојот сосед е подобар од твојот - изјави еднаш големата надеж на црногорскиот тенис.

Поранешната тенисерка и црногорска репрезентативка кариерата ја започна на 12 години, играше во Фед купот, а доби и тениска тренерска лиценца!

Сепак, беше јасно дека нема да живее од тенисот кога се повреди на 17 години.

Поранешната тенисерка и црногорска репрезентативка кариерата ја започна на 12 години, играше во Фед купот, а доби и тениска тренерска лиценца!

Но, потоа поради повреди ја заврши кариерата во белиот спорт и се вљуби во друга професија, многу поразлична од тенисерската.

Тамара реши да отвори профил на платформата за возрасни „ OnlyFans“ “, а не ни поима колку тоа ќе и го промени животот! Сега ужива во луксузот…


 

Бербок: Израел по војната треба да се откаже од контролата врз Појасот Газа

Шефицата на германската дипломатија Аналена Бербок изјави дека Израел тредба да ја отстапи контролата над Појасот Газа штом ќе заврши војната против Хамас.

Бербок во интервју за медиумската група „Функе“ истакна дека власта треба да биде предадена на „Палестинците – ослободени од Хамас, од терор, самоопределени и со демократски избрана влада на сите Палестинци, вклучително и тие од Западен Брег“.

- Тоа нема да се случи преку ноќ, но не треба да го изгубиме од вид политичкиот хоризонт, особено сега за време на војната, посочи Бербок.

Според неа, германската Влада работи со арапските партнери за да се осигури дека решавањето на конфликтот на принципот на две држави за двата народа, Палестинците и Израелците, нема да стане фатаморгана. Тоа вклучува изградба на цивилна инфраструктура, реформи на Палестинската управа, економско закрепнување и безбедносна структура, вклучувајќи безбедносни гаранции и за Израел и за Палестинците.

- И ова значи и потсетување за израелската Влада дека политиката на населување не само што го попречува создавањето на палестинска држава, туку и буквално го попречува мирот. Затоа само решението за две држави може да донесе траен мир и безбедност на народот на Израел, наведе Бербок.

Според неа Израел треба да биде уверен дека никогаш повеќе нема да се соочи со терористичка закана од Палестина, како и Палестинците да можат да водат безбеден и достоинствен живот на својата земја.

- Ова, се разбира, значи дека и соседните арапски држави мора да бидат вклучени, бидејќи таму им се верува, но и затоа што се блиски пријатели на Израел, затоа Германија, а исто така и САД и Велика Британија се толку загрижени за политички хоризонт“. /МИА

притисни ентер