Претседателот Пендаровски потпиша укази за прогласување на 21 закон

Претседателот Стево Пендаровски потпиша укази за прогласување на 21 закон, кои не беа потпишани од претседателот Иванов.

Потпишани се указите за прогласување на следните закони:

– Закон за изменување на Законот за оперативно-техничка агенција;

– Закон за изменување и дополнување на Законот за едношалтерскиот систем и за водење на трговскиот регистар и регистар на други правни лица;

– Закон за изменување и дополнување на Законот за електронските комуникации;

– Закон за дополнување на Законот за продажба и давање под закуп на деловните згради и деловните простории на Република Македонија;

– Закон за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност;

– Закон за изменување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата;

– Закон за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер;

– Закон за Централен регистар на население;

– Закон за изменување и дополнување на Изборниот законик;

– Закон за изменување и дополнување на Законот за финансиска поддршка на инвестиции;

– Закон за изменување на Законот за спортот;

– Закон за практиканство;

– Закон за услуги;

– Закон за ратификација на Договорот меѓу Република Македонија и Црна Гора за уредување на меѓусебните имотно-правни односи;

– Закон за извршување на санкциите;

– Закон за тутун, производи од тутун и сродни производи;

– Закон за изменување и дополнување на Законот за регистрирање на готовински плаќања;

– Закон за изменување и дополнување на Законот за државните награди;

– Закон за изменување на Законот за Владата на Република Македонија, со текстот на Законот;

– Закон за електронско управување и електронски услуги;

– Закон за изменување и дополнување на Законот за јавен долг, се наведува во соопштението до кабинетот на Пендаровски.

Во Израел се зголемува бројот на пациенти кои по третпат се заразени со Ковид-19

Министерството за здравство на Израел денеска соопшти дека се зголемува бројот на луѓето кои по третпат се заразени со Ковид-19 и дека се очекува тоа да продолжи.

До декември 2021 година, само 12 лица се заразиле со коронавирусот по третпат, а до крајот на јуни оваа година тој број достигна 992, јавија израелските медиуми.

Здравствените експерти сметаат дека една од главните причини за третата инфекција е фактот што повеќето Израелци повеќе не се грижат дали ќе се заразат и не носат маски.

„Вакцината се уште обезбедува добра заштита, но кај ризичната популација, вакцинацијата и закрепнувањето од болеста не обезбедуваат 100 процентна заштита“, рече Илана Ганс, раководителка на одделот за јавни здравствени услуги во Министерството.

Во првите бранови, односот кон Ковид-19 беше како кон повеќето заразни болести и се сметаше дека лицето кое закрепна е речиси целосно заштитено од инфекција и секако од сериозна болест, објасни таа.

Во сегашниот бран, 10 до 15 проценти од потврдените случаи се повторно забиолени, а бројот на заболени по третпат се зголемува. /МИА

МВР: Приведено лицето кое Мицкоски го посочува дека се обидело да го убие

Лицето кое лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски го посочува дека се обидело да го убие е приведено во полициска станица, потврдија од МВР за Канал 5.

Од Министерството за внатрешни работи велат дека засега немаат дополнителни информации за случајот.

Мицкоски на Фејсбук вечерва објави фотографија на која се гледаат неколку лица, посочувајќи дека едниот од нив требало да го убие.

– Ова е човекот кој требаше да ме убие вечерва. Барам итно да биде приведен од Спасовски и МВР, наведе Мицкоски во објавата.

Надал – Кириос, второ полуфинале на Вимблдон

Рафаел Надал и Австралиецот Ник Кириос ке играат во полуфиналето на Вимблдон.

Во четвртфиналните дуели, Кириос многу лесно во три сета го елиминираше Чилеанецот Кристијан Харин. Надал пак, прилично се намачи и во пет сета го кршеше отпорот на американецот Тејлор Фриц. Претходно беше познато другиот полуфинален меч во кој Новак Ѓоковиќ ке игра против Британецот Камерон Нори.

притисни ентер