Претседателот на Тунис добил писмо со сомнителен прав

Кабинетот на претседателот на Тунис добил писмо со сомнителен прав, а истрагата е во тек, изјави за Ројтерс извор од Кабинетот.

Како што е истакнато, претседателот Каис Саид не го отворил писмото и се чувствува добро.

Државната новинска агенција на Тунис цитира официјално лице без да го открие неговото име, кој изјавил дека пликот не содржел никаков документ, туку само сомнителен прав.

Тој додал дека претседателот Каис Сајед не го отвори писмото, туку негов вработен го отворил.

Писмото и сомнителниот прав биле испратени во лабораторијата на испитување.

Во меѓувреме, неофицијална страница на Фејсбук со името на претседателот објавила дека претседателот Сајед бил цел на обид за труење поради писмото кое содржело отровна материја.

Во август, туниски дневен весник објави дека полицијата добила извештаи за обиди за труење на претседателот, но полицијата открила дека ваквите тврдења не се точни, објави Ројтерс.

Поради агресивен Индиец, авион принудно слета во Софија-ќе добие 10 години затвор

Авион што летал од Париз кон Њу Делхи морал да изврши принудно слетување во Софија поради агресивното однесување на еден од патниците, за што му се заканува казна затвор од 10 години, соопштија денеска бугарските власти.

Патникот во авионот на „Ер Франс“, инаку државјанин на Индија, започнал со агресивното однесување набргу по полетувањето.

Како што објасни службеникот на Националната агенција за истраги, Ивајло Ангелов, тој се карал со другите патници, ја навредил стјуардесата и тропал на вратата од пилотскаста кабина.

Заради неговото однесување. капетанот морал да побара принудно слетување во Софија, пренесува Ројтерс.

Човекот, чие име не е откриено, бил симнат од авионот и е обвинет за загрозување на безбедноста на летот, за што му се заканува казна затвор од 10 години.

„Ние ги истражуваме неговите мотиви и однесување, за што нема разумно објаснување“, рече денеска Ангелов.

Во Хајделберг автомобилите се исфрлаат од употреба, Американците го користат како модел

Германскиот град Хајделберг е најпознат како универзитетски и научен град со богата историја, со најстариот универзитет во земјата.

Таму се наоѓаат четири институти Макс Планк, Европската лабораторија за молекуларна биологија и познатиот замок стар 800 години. Но, Хајделберг наскоро може да стане уште попознат како град со нулта стапки на емисии на стакленички гасови што предизвикуваат глобално затоплување - и град каде автомобилите се исклучок од сообраќајот, а не правило, доколку успее планот на градоначалникот Екарт Вирцнер.

Вирцнер не е против електрични автомобили. Градот им овозможува на граѓаните кои купуваат електричен автомобил субвенција од 1.000 евра, со уште 1.000 доколку инсталираат станица за полнење. Но, електричните автомобили се ниско на списокот со алатки со кои Вирцнер се обидува да ги намали штетните гасови во градот. Проектот на Вирцнер му обезбеди на Хајделберг репутација на пионер во еколошки свесно урбанистичко планирање, пишува Њујорк Тајмс.

За да го намали присуството на автомобили на градските улици, Вирцнер купува флота од водородни автобуси, гради мрежа на „супер патишта“ за велосипеди што ќе го поврзуваат градот со предградијата и дизајнира населби на начин што го обесхрабрува користењето на возилата и го охрабрува пешачењето. Жителите кои се откажуваат од автомобил имаат право на една година бесплатен јавен превоз.

„Ако ви треба автомобил, користете апликации за споделување автомобили. Ако не можете да користите споделување автомобили затоа што живеете премногу далеку и нема јавен превоз, тогаш користете го автомобилот, но само до трамвајската станица, а не до центарот “, рече Вирцнер во интервју за американскиот весник.

Хајделберг така се позиционира во првите редови на движењето на еколошки свесни градови, што е најсилно во Европа, но е присутно низ целиот свет, вклучувајќи ги и американските градови Остин, Тексас и Портланд во Орегон. Дополнителен интензитет, нешто парадоксално, даде пандемијата на ковид-19 и карантинот што е воведено поради него. Жителите на многу градови добија можност да видат како би изгледал нивниот град без стандардниот метеж и им се допаѓало она што го виделе.

Во исто време, производителите на автомобили сè повеќе се обидуваат да се прилагодат на построгите регулативи за употреба на бензински (и дизел) автомобили во градовите. General Motors, Ford Motor и Jaguar Land Rover на овој начин ветија премин кон електрични автомобили оваа година.

Некои европски градови, како што се Стокхолм и Штутгарт, веќе забранија постари дизел возила. Десетици други, вклучувајќи ги метрополите Рим, Лондон и Париз, планираат да го ограничат градскиот сообраќај на возила што не испуштаат стакленички гасови во следната деценија и слично.

И националните влади вршат дополнителен притисок врз производителите и сопствениците на автомобили. Ирска, Холандија, Шведска и Словенија планираат да забранат продажба на автомобили со мотори со внатрешно согорување до 2030 година. Велика Британија и Данска велат дека тоа ќе го сторат до 2035 година, со тоа што само хибридните автомобили ќе бидат дозволени во фаза на транзиција од 2030 до 2035 година. И Франција најавува ваква забрана во 2040 година.

Хајделберг, меѓу другите мерки за премин од автомобили во други форми на сообраќај, предвидува изградба на мостови или надвозници кои ќе им овозможат на велосипедистите лесно да ги заобиколат областите со сообраќаен метеж, без да го делат патот со автомобилите. Во моментов, само околу 20% од жителите на градот користат автомобил за да се движат низ градот на дневна основа, но сообраќајниот метеж сè уште е присутен. Останатите 80% пешачат, возат велосипед или патуваат со електричен автобус.

Градот не се ограничил на еколошки сообраќај, но исто така ја намали потрошувачката на енергија во училиштата и градските згради за 50% во последната деценија - иако некои од овие згради се стари неколку стотици години.

"На крајот на краиштата, не станува збор само за автомобилите. Потребен ви е целиот пакет", заклучува Вирцнер.

Регистрирани се 722 нови случаи на Ковид 19 - ,починале 9 заболени

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 3.701 тестирања, а регистрирани се 722 нови случаи на ковид-19.

Во Скопје – 375, Прилеп – 44, Кавадарци – 35, Гевгелија – 29, Битола – 25, Гостивар – 23, Тетово – 22, Куманово – 20, Охрид – 16, Штип – 15, Крива Паланка – 14, Неготино – 13, Велес – 11, Струмица, Струга и Кочани – по 10, Богданци – 9, Кичево, Свети Николе, Ресен, Радовиш, Берово и Крушево – по 5, Валндово – 3, Делчево, Пробиштип и Демир Капија – по 2, Кратово и Демир Хисар – по 1.

Регистрирани се 186 оздравени пациенти од:

Скопје – 50, Прилеп - 29, Кавадарци – 25, Куманово – 15, Тетово - 14, Велес – 9, Неготино – 8, Кочани и Гевгелија – по 6, Гостивар – 5, Струмица и Крушево – по 4, Богданци – 3, Штип, Свети Николе и Валандово – по 2, Делчево и Пробиштип - по 1.

Пријавени се вкупно 9 починати лица. Починати се по 4 пациенти од Скопје (81г,75г,74г,73г) и по 1 пациент од Пробиштип (88г), Струмица (88г), Кичево (72г), Куманово (70г), и Битола (61г). Сите пациенти се починати во болнички услови.

Направени се 3.701 тестови преку: ИЈЗ-513, ЦЈЗ Скопје-113, Авицена-371, Биотек-297, Жан Митрев (Филип Втори)-205, Систина-290, лабораторија Лаор–383, МАНУ-0, Судска медицина-33, ЦЈЗ Битола-89, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-2, ГАК-0, Синлаб-148, Ремедика-59, лабораторија болница Козле-8, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1190, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-0, лаборатории од странство-0.

Досега во земјата се направени вкупно 540.725 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 106.832, бројката на оздравени пациенти е 94.461, на починати е 3.185, а бројот на активни случаи изнесува 9.186.

Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

Дистрибуција по градови Заболени (нови) Активни случаи (вкупно)

Скопје 375, активни 4309

Куманово 20, активни 353

Прилеп 44, активни 719

Тетово 22, активни 262

Гостивар 23, активни 177

Штип 15, активни 118

Кавадарци 35, активни 549

Велес 11, активни 245

Битола 25, активни 212

Охрид 16, активни 444

Струмица 10, активни 187

Струга 10, активни 178

Кочани 10, активни 104

Кичево 5, активни 48

Неготино 13, активни 310

Гевгелија 29, активни 278

Свети Николе 5, активни 24

Крива Паланка 14, активни 140

Ресен 5, активни 55

Дебар, активни 17

Делчево 2, активни 66

Радовиш 5, активни 15

Берово 5, активни 33

Пробиштип 2, активни 37

Виница, активни 23

Валандово 3, активни 36

Крушево 5, активни 82

Богданци 9, активни 68

Кратово 1, активни 27

Демир Хисар 1, активни 26

Демир Капија 2, активни 32

Македонски Брод, активни 5

Македонска Каменица, активни 2

Пехчево, активни 4

Дојран, активни 1

притисни ентер