Претседателот на Собранието, Гаши со делегацијата и денеска на средби во Истанбул - Канал 5

Претседателот на Собранието, Гаши со делегацијата и денеска на средби во Истанбул

Претседателот на Собранието на Македонија, Африм Гаши, придружуван од пратениците: Бејџан Иљас, Никола Мицевски, Оливер Спасовски, Мерита Колчи Коџаџику и Беким Сали, ја продолжува официјална посета на Република Туркије со средби во Истанбул.

Претседателот на Собранието, Гаши со делегацијата и денеска на средби во Истанбул

Делегацијата присуствуваше на Конференцијата за отворање на академската година 2024-2025 на Универзитетот Мармара, кој е еден од најстарите и најпрестижните универзитети во Туркије. Претседателот Африм Гаши одржа предавање на тема: „Односите меѓу Македонија и Туркије на историски и политички план, актуелни прашања во светот“ пред ректорот, професорите и студентите на овој Универзитет. Тој се осврна на заедничката географија и историја, образованието, културата и градењето на нацијата, заедничката геополитика и перспективите како би можел да изгледа заедничкиот свет во иднина. Изрази убедување дека Балканот повторно ќе се обедини, не само како географска целина, туку и како место на допир на цивилизациите, културите и религиите во пошироки размери, каде што ќе преовладува мирот, безбедноста и благосостојбата. Тој посочи дека Македонија е пример дека и на овие простори може да се гради соживот, градејќи држава и општество со различности, но во комплементарно единство.

На средбата со Одборот за надворешни економски односи Туркије- Македонија, стана збор за можностите за унапредување на економската соработка меѓу двете земји, која треба да го следи примерот на одличните политички односи. Претседателот на Собранието на Македонија Гаши истакна дека државните институции прават сè што е во нивна моќ за да се олесни економската соработка, за што придонесува и географската близина, добрата инфраструктурна повразност и директните авионски линии меѓу двете земји. Беше подвлечено дека се заемни заложбите на двете земји за зголемување на вкупната трговска размена и беше изразено очекување за проширување на интересот на турските компании за инвестирање во Македонија.

Во рамките на официјалната посета на Република Туркије беше остварена и средба со граѓани од Македонија кои престојуваат во Истанбул. Претседателот Гаши нагласи дека Македонија и Република Туркије ги поврзуваат историски и културни врски и во тој поглед, иселениците претставуваат значајна алка во цврстото пријателство и плодната соработка меѓу двете земји, соопштуваат од Собранието.

Бујар Османи во „Само Интервју“

Дами и господа, утре во Само Интервју ќе гостува поранешниот министер за надворешни работи Бујар Османи.

Бујар Османи во „Само Интервју“

Дали по студениот туш од ЕУ, и бришењето на референците за "македонски јазик и идентитет“, излезе на површина суштинскиот проблем во односите со Бугарија? Верува ли се уште дека Францускиот предлог е вистинскиот пат, а уставните измени единствениот услов за ЕУ, или е време за отрезнување и нова стратегија за излез од ќорсокакот во кој сме веќе 3 години?

Можни ли се воопшто добрососедски односи, со негаторски ставови од другата страна?

Лани беше кандидат за Претседател на државата..: што воопшто му е предизвик сериозно да размислува за кандидат за градоначалник на Чаир? Ќе соработуваат ли со СДСМ за локалните избори и каква разрешница ќе има во етничкиот албански блок по локалните избори?

Утре кај Гоце Михајлоски во Само Интервју ќе гостува Бујар Османи, веднаш по централните вести.

Шефот на израелската дипломатија оптимист за договор за прекин на огнот во Газа

-Израел е решен да постигне договор за заложниците и за прекин на огнот. Верувам дека е можно, изјави Сар во Братислава.

Шефот на израелската дипломатија оптимист за договор за прекин на огнот во Газа

Израелскиот министер за надворешни работи Гидеон Сар денеска изјави дека е оптимист во врска со постигнувањето договор за прекин на огнот и ослободување на заложниците во Појасот Газа, велејќи дека доколку се постигне привремено примирје, Израел ќе преговара и за трајно примирје.

-Израел е решен да постигне договор за заложниците и за прекин на огнот. Верувам дека е можно, изјави Сар во Братислава.

Шефот на израелската дипломатија додаде дека, доколку се постигне привремено примирје, неговата земја ќе преговара и за трајно примирје.

Војната во Појасот Газа започна во октомври 2023 година.

Николоски: Понудите од врвни светски финансиски институции и банки го потврдуваат кредибилитетот на проектот “брза пруга”

Имаме кредибилен проект за брза пруга и тоа го покажува интересот од 16 врвни финансиски институции и банки кои доставија понуди за финансирање на проектот, изјави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. 

Николоски: Понудите од врвни светски финансиски институции и банки го потврдуваат кредибилитетот на проектот “брза пруга”

Според вицепремиерот, следна фаза е да се направи анализа на понудите, Владата да ја избере најдобрата понуда и да се потпише договор, а Собраните да го усвои таквиот договор.

“Се работи за врвни меѓународни финансиски и банкарски институции, најреспектабилните во светот, секако тој процес треба да се обработи во рамки на Министерството за финаниси и да биде информирана Владата, Собранието и секако јавноста.

Она што за мене е вонредно значајно е тоа што 16 меѓународни врвни финанисиски институции да се пријават на финансирање за овој проект многу кажува за кредибилитетот на проектот, кажува дека проектот е исклучително исплатлив добар и добро осмислен и според мене го потврдува она што ние цело време го зборуваме дека се работи за најзначајниот и најважен инфраструктурен проект во поновата историја на Македонија, проект кој целосно треба да ја трансформира Македонија.

Тука огромна заслуга има министерката за финансии затоа што имаше доста проактивен однос на пристапување кон меѓународните финансиски институции и од 24 на кои им што се пристапи, еве 16 од нив дале понуди што многу значи за кредибилитетот на овој проект.

Сега Министерството за финанисии треба да ги обработи овие понуди, да достави информација до Влада, Владата да ја одбере најдобрата понуда и да го информира Собранието, да се потпише договор со таа финансиска институција и Собрание тој договор да го усови.

Паралелно со тоа ќе оди процес со избор на Изведувач каде ќе одиме со исто така транспарентен процес на конкуретнен дијалог, каде ќе направиме дијалог со конкурентски градежни компании кои што ги постигнуваат највисоките страндарди.

Не забораваме дека имаме можност до 70 % да има македонска компонента што ќе е најголема од сите инфраструктурни проекти. Охрид-Кичево е 49 %, коридорите 8 и 10 д речиси и да нема македонска компонента за жал, така што ова ќе е највисока македонска компонента било кога видена во државата.

Во зависност од временски услови очекувам доцна есен, рана пролет да ги видиме машините на терен” – изјави вицепремиерот Николоски.

Министерство за транспорт

притисни ентер