Претседателот Александар Вучиќ ѝ посака добредојде на претседателката на Македонија, на која ѝ подари цвеќе, објави српски Курир.
Двајцата државници заедно го посетија манастирот Прохор Пчињски.
„Ја поздравив претседателката Гордана Силјановски Давкова. Оваа посета претставува одлична можност за зајакнување на партнерството и афирмирање на заедничките вредности на Србија и Македонија со цел напредок и развој на целиот регион. Манастирот Свети Прохор Пчињски е најдоброто место за оваа средба, бидејќи ја симболизира врската меѓу Србија и Македонија, вкоренета во заедничката традиција, култура и предизвикувачки историски околности кои го обликуваа идентитетот на нашите народи.
Благодарен сум на Неговото Високопреосвештенство Архиепископот и митрополит Врањски Пахомиј и игумен на манастирот Архимандрит Методиј, за топлото добредојде и исклучителното гостопримство во ова големо светилиште, кое е место на собирање, поврзување и духовна обнова речиси илјада години. “ напиша претседателот Вучиќ на својот официјален Инстаграм профил.