Претседателката прими претставници на Унијата на Здруженија на медицински сестри, техничари

Претседателката Сиљановска Давкова прими претставници на Унијата на Здруженија на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри на Македонија.

Претседателката Сиљановска Давкова денеска прими претставници на Унијата на Здруженија на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри на Македонија, предводена од здружението ЗМСТАС „ЗА НАС“, а во пресрет на одржувањето на 3. Меѓународен конгрес на Унијата.

На средбата, претседателката Сиљановска Давкова беше информирана со генералните заложби на Унијата на Здруженија на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри на Македонија, воспоставените соработки и учества на меѓународни конгреси и симпозиуми. Претставниците на Унијата информираа и за тековните активности во контекст на изготвувањето на предлог законот за уредување на сестринската професија, за унапредување на работата и подобрување на образовниот процес.

Изразувајќи почит кон нивната благородна професија, претседателката Сиљановска Давкова ја нагласи нејзината поддршка за континуираниот ангажман за унапредување на положбата на сестрите и акушерките во државата, што има непосредно влијание и врз севкупните здравствени услуги за граѓаните. Во таа насока беше нагласена потребата за поголема видливост на предизвиците со коишто секојдневно се соочуваат, како и од посветен и одговорен пристап за нивното надминување.

На средбата се разговараше и за подготовките околу организирањето на 3. Меѓународен конгрес на Унијата што на тема “Автономија на сестринството: сега и во иднина”, ќе се одржи во периодот од 4 до 6 октомври, во Струга, како и за 5. Конгрес на Балканската асоцијација на сестринството, чиешто одржување е предвидено за март следната година, во Скопје.

Мората се скарал со италијански градоначалник поради неговиот дом

 Плановите на напаѓачот на Милан, Алваро Мората да живее изолирано во мирен град на периферијата на Милано беа спречени откако градоначалникот откри каде планира да се пресели шпанскиот репрезентативец.

Според медиумите во земјата, Мората избрал да купи куќа во Корбета, но градоначалникот Марко Бајарини не успеал да ги задржи деталите за себе. Тој на својот Инстаграм профил откри дека напаѓачот, кој ова лето стана европски шампион со Шпанија, е нов жител на градот.

-Ова не е првоаприлска шега. Шампионот Алваро Мората е наш нов сосед. Јас сум голем фан на Интер, но со задоволство му посакам добредојде на Алваро Мората во нашето големо семејство во Корбета, напиша градоначалникот.

Објавата го загрижи Шпанецот, кој изрази разочарување како и загриженост за безбедноста на неговото семејство.

-Почитуван г-дине градоначалник, ви благодарам што ја нарушивте мојата приватност. За среќа, немам вреден имот. Моето единствено богатство се моите деца, чија безбедност ја загрозивте. Мислев дека општина Корбета може да ми гарантира одредено ниво на дискреција. Но наместо тоа, морам брзо да ја сменам куќата поради вашата неспособност да ги користите социјалните мрежи и да ги заштитите вашите граѓани, беше одговорот на Мората на Инстаграм.

Бајарини не му остана должен, а за возврат објави фотографија од амблемот на градскиот ривал на „росонерите“ - Интер, додавајќи „Чао!“.

Видео: Шесткатница во форма на слон изградена за „само“ 34.000 евра

Слонот Луси е името на прекрасна зграда во приморскиот град Маргејт во американската држава Њу Џерси.

Шесткатната зграда од дрво и лим ја изградил Џејмс В. Лаферти во 1882 година за да привлече туристи и да ја зголеми продажбата на недвижности во областа.

Тој ги ангажирал архитектите Вилијам Фрај и Мејсон Кирби да создадат зграда по моделот на Џамбо - познатиот слон од популарната циркуска драма „Најголемото шоу на Земјата“.

Изграден е по цена од околу 38.000 долари.

Наизглед незначајната структура во облик на слон некогаш беше дел од огромен број екстравагантни модели поставени покрај автопатите за рекламни цели.

Со текот на времето, таа прерасна во ретко парче од американската историја што е постаро и од Статуата на слободата и од Ајфеловата кула во Париз.

Зградата е висока 19,7 метри, долга 18,3 метри и широка 5,5 метри.

Тежи околу 90 тони.

Низ историјата зградата служела како ресторан, деловна канцеларија, хотел и таверна, а своевремено во неа престојувал и поранешниот американски претседател Вудро Вилсон.

Во 1960-тите, зградата била во многу лоша состојба, а градот сакал да ја урне. За среќа, Граѓанската асоцијација за спас на Луси била формирана, по што зградата била преместена на парцела во сопственост на градот - на околу 100 метри од првобитната локација.

Луси за среќа не успеала да ја урнат ниту поплави или удари од гром. Благодарение на донации од добри луѓе, зградата Луси била реновирана а одреден период дури и се идавала преку Airbnb.

ПСЖ ќе се обиде да го привлече Салах со тригодишен договор

Пари Сен Жермен ќе се обиде да го искористи тоа што договорот на Мохамед Салах со Ливерпул истекува на крајот од сезоната, а во моментов нема информации дека Египќанецот е блиску до нов договор со „црвените“.

Клубовите од Саудиска Арабија се обидуваат да го убедат Салах да се приклучи на локалната лига, но според „Сан“, 32-годишниот напаѓач претпочита да остане да игра на највисоко ниво во Европа.

Пари Сен Жермен планира да му понуди тригодишен договор, што е долг договор за играч на негова возраст. Сепак, Салах од почетокот на сезоната покажа дека се уште е во врвна форма, а на „Парк де Пренс“ веруваат дека вака ќе биде уште неколку години.

Според „Сан“, раководството на ПСЖ сака да донесе нова голема светска ѕвезда откако клубот во последните години го напуштија Лионел Меси, Нејмар и Килијан Мбапе.

Салах има постигнато пет гола на девет натпревари од почетокот на сезоната. Медиумите на Островот се убедени дека Ливерпул сепак ќе му понуди нов договор, но тешко дека под финансиските услови со кои ПСЖ и клубовите од Саудиска Арабија ќе го примамат.

притисни ентер