Претседателката на ССК, Данела Арсовска нов почесен конзул на Унгарија

Владата на седница одржана на 29 декември минатата година донесе одлука за отворање Почесен конзулат на Република Унгарија во Штип, а Данела Арсовска е нов почесен конзул. 

Владата го задолжи Министерството за надворешни работи да ја спроведе оваа одлука, која стапи во сила наредниот ден од денот на објавувањето во Службен весник односно од 30 декември 2020 година, информираат денеска од Сојузот на стопански комори (ССК).

Арсовска како претседател на Сојузот на стопански комори на Македонија, велат оттаму, активно работи на развој на македонската економија на национално и промоција на меѓународно ниво, како и на подобрување на надворешната трговска размена, со цел намалување на трговскиот дефицит и зголемување на економскиот раст.

Претседателката на ССК Арсовска пред една година стапи на највисоката позиција во раководството на World Chambers Federation, која раководи со стопанските комори од целиот свет, информација која одекна глобално со оглед на фактот што само четири жени во светот се носители на таа функција.

Ќерката на Пол Вокер: Абортирав во 2020 година, имав среќа што најдов добар доктор

Медоу Вокер, ќерката на починатиот актер Пол Вокер, проговори за абортусот што го доживеала во 2020 година.

Медоу реши да проговори на оваа тема по одлуката на Врховниот суд за абортус, со која беше поништено федералното право на абортус, воведено со пресуда стара 50 години.

Медоу на Инстаграм откри дека абортирала за време на пандемијата, пред две години.

„Денес беше голем чекор назад во историјата, длабока неправда ги погоди жените ширум Соединетите држави. Има безброј жени кои се мачеа со одлуката да направат абортус. И јас се борев со тоа во 2020 година. Кога светот подлегна на пандемијата, јас барав абортус“, напиша 23-годишната девојка.

„Тоа е многу приватно и лично искуство, такво и треба да биде“, вели таа, додавајќи дека „имала среќа да наиде на добар доктор кој ја поддржувал во текот на целиот процес“.

„Да знаеш дека сега уште повеќе жени нема да имаат можност да бараат безбеден абортус и да донесат одлука за нивното тело го крши срцето. Во свет кој постојано ги маргинализира жените, ова изгледа како најголемиот напад врз нив. Забраната за абортус не ги спречува абортуси, спречува безбедни абортуси“, заклучи таа.

По објавата таа наиде на голем број негативни пораки.

"Количината на омраза што ја добив по оваа објава е неверојатна. Престанете да ме следите ако не се согласувате со мене. Не останувајте таму и пишувајте ужасни работи", им порача таа на хејтерите.

Коза активирала нагазни мини во Запорожје, ранети 40 Руси

Најмалку 40 руски војници се повредени откако украинска коза активирала експлозив поставен околу болницата во Запорожје со своето хаотично движење, пренесува британски „Телеграф“.

Војниците поставувале мини кога коза, која побегнала од фарма во селото Кински Роздори, ги активирала експлозивните направи.

Козата предизвикала верижна експлозија.

Шефот на украинската разузнавачка служба изјави дека руски војници поставувале мини околу локалната болница. Набргу по поставувањето на минската замка, кон областа дошла коза и извршила верижна експлозија во која се повредени десетици војници.

„Со своите хаотични движења, козата активираше неколку гранати. Како резултат на тоа, неколку Руси се здобија со повреди со различна тежина“, пишува разузнавачката служба.

Се проценува дека се ранети 40 војници. Животното е наречено „Козата на Киев“, а судбината на козата засега не е позната.

Извор: Телеграф

Штрајкот на ССМ во регионите погодени од невремето ставен во мирување

Штрајкот ќе биде во мирување до завршување на потребата за ангажирање на дополнителни капацитети за справување со последиците од невремето во погодените региони.

На итна седница на Штрајкувачкиот одбор – Претседстелството на ССМ одржана по електронски пат донесена е едногласна одлука за ставање во мирување на генералниот штрајк во регионите на општините Делчево, Виница и Демир Капија, кои попладнево беа погодени од невреме, заради потребата од ставање на сите расположливи капацитети за справување со последиците од елементраната непогода.

Штрајкот ќе биде во мирување до завршување на потребата за ангажирање на дополнителни капацитети за справување со последиците од невремето во погодените региони.

– По информации добиени од штрајкувачите од погодените региони од невремето, како и заради ограничувањата предвидени со правилата за генералниот штрајк неопходно беше да се донесе Одлуката врз основа на која 100 отсто од вработените во јавниот сектор во погодените региони, а кои штрајкуваат ќе бидат ставени во функција за расчистување на последиците од невремето. Нашите колеги браќа и сестри синдикалци се веќе на терен и истите помагаат на најпогодените, информира за МИА од ССМ.

притисни ентер