Претседателката даде помилувања на 5 осуденици по повод Илинден,нема осудени за 27 април

Прва одлука за помилување на претседателката Гордана Сиљановска Давкова по повод 2 август – Илинден, но меѓу помилуваните нема ниту еден од осудениците за собраниските случувања од 27 април., што беше меѓу нејзините предизборни ветувања...

Комисијата за помилување која е на чело со професорот Методија Каневчев даде зелено светло за помилување на 5 осудени лица – двајца се целосно ослободени од понатамошно издржување на затворската казна, а тројца делумно во траење од 2 до 4 месеци. Имињата од кабинетот не ги соопштија, но се обавени во одлуката во Службен весник, а меќу нив нема ниту едно познато за јавноста..

Кога и како ќе осудените за 27 април би биле ослободени останува непзонато. Универзитетскиот професор Гордан Калајџиев кој е член на комисијата за помилување, неодамна во телевизиско интервју рече дека поедноставна опција е со помилувањето од страна на шефот на државата, а втората е обвинителството да поднесе БЗЗ до Врховен и тој да ја преиначи пресудата..

-Едниот е да оди преку помилување од страна на Претседателот што е според мене поедноставно. Единствено што гледам јас како опција е преку иницијатива на државното обвинителство и правниот лек барање за заштита на законитост, тоа е самото обвинителство ако во некој случај утврди дека имало грешки, признае и сопствена грешка. Може да бара врз основа на определени повреди што тврди дека се сторени, Врховниот суд да одлучи по овој правен лек, изјави Гордан Калајџиев – Универзитетски професор .

16 осудени лица кои одговараа за терористичко загрозување на уставниот поредок веќе 7 години ги издржуваат затворските казни во врска со собраниските случувања од 2017 година. Пред неколку дена дел од нив со одлука на новиот директор на Управата за извршување на санкции Александар Пандов добија 30 дневен прекин на казната како Митко Чавков, Јане Ченто, Александар Јаневски-Тошка, Оливер Поповски и Митко Пешев, поради здравствени причини..

Најмалку три лица загинаа, а 49 се повредени во железничка несреќа во Египет

Три лица загинаа во вчерашната железничка несреќа во северниот дел на Египет, а 49 се повредени, соопшти Министерството за здравство.

Помеѓу загинатите две се деца. Несреќата се случила кога два воза се судриле во провинцијата Шаркија, на околу 80 километри северно од Каиро.

Железничка мрежа на Египет, една од најголемите земји во Африка, е застарена и чести се несреќите.

Во април 2021 година се случија железнички несреќи за помалку од еден месец, при што загинаа 40 луѓе. Во март 2023 година, четири лица загинаа, а 23 беа повредени кога воз излета од шините. /МИА

Вечер се отвора литературниот фестивал „ПРО-ЗА Балкан“

Со Борис Дежуловиќ, Рене Карабаш и Ѕвездан Георгиевски вечер се отвора литературниот фестивал „ПРО-ЗА Балкан“

Во Даут пашин амам вечер ќе биде отворен Интернационалниот литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“ што ќе трае до 17 септември. На отворањето ќе бидат присутни врвни автори од регионот како Борис Дежуловиќ од Хрватска, лауреатот на аградата „Прозарт“ за 2024 година Владимир Пиштало од Србија, Рене Карабаш од Бугарија, како и домашни автори.

На првата фестивалска вечер, Дежуловиќ ќе биде во друштво со Карабаш и домашниот автор Ѕвездан Георгиевски. Со нив ќе разговараат Александар Прокопиев и Ермис Лафазановски.

Гости на отворањето, како што посочуваат организаторите, ќе бидат и членови на програмата „Скопје фелоушип“ - една од влијателните имиња во европското издаваштво, Катарина Луа ван Хоф, поранешна шефица на одделот за странска литература во францускиот гигант „Галимар“, еден од најистакнатите издавачки директори во Обединетите Арапски Емирати, Тамер Саид, соосновачот на грчкиот „Вакхикон“, Несторас Пулакос, кој ја издаде на грчки Лидија Димковска, претставничка од француската агенција #BAM, Лали Бернар, Јоана Јежорна-Крамаж од издавачката куќа „Познан“ од Полска, Рикардо Лопез од шпанското издаваштво „Арменија“, Катја Кац од КУД „Содобност Интернационал“ од Словенија и литературниот скаут Валерија Паолини од Италија.

Организатор на фестивалот „ПРО-ЗА Балкан“ е издавачката куќа „Прозарт медиа“ од Скопје. Поддржувачи на „ПРО-ЗА Балкан“ се: Министерството за култура и туризам, „Традуки“, Амбасадата на Србија, Културно-информативен центар на Бугарија во Скопје, КУД Содобност, Француски институт во Скопје, Кинотеката, Амбасада на Грција, библиотеката „Браќа Миладиновци“, Стоби Винарија, СПОНА, Умно.мк и Метрика Култура. /МИА

Фолклорна манифестација „На гости во Ханриево“

Во реонскиот парк во Ѓорче Петров денеска напладне ќе се одржи фолклорната манифестација „Од Бистра преку Дервен до Ханриево: На гости во Ханриево“. 

На манифестацијата, што се одржува под покровителство на Општина Ѓорче Петров, три години по ред по седум детски ансамбли од културно-уметничките друштва го презентираат богатото фолклорно наследство.

Како што велат од Општината, целта на манифестацијата е да се поттикне интересот кај најмладите за негување и зачувување на македонската традиција.

На годинашнава манифестација ќе учествуваат членови од детските ансамбли на: КУД „Гердан од бисери“ – Охрид, Ансамбл „Керамичар“ – Велес, КУД „Димитар Беровски“ – Берово, Ансамбл „Орце Николов“ – Скопје, Ансамбл „Јонче Христовски“ – Скопје и ЕФЗ „Седум осмини“ од Скопје.

[Во реонскиот парк во Ѓорче Петров в недела на пладне ќе се одржи манифестацијата „Од Бистра преку Дервен до Ханриево: На гости во Ханриево“. Станува збор за фолклорна манифестација под покров]

Манифестацијата е во организација на Едукативното фолклорно здружение „Седум осмини“ од Ѓорче Петров и е дел од одбележувањето на „Денови на Општина Ѓорче Петров“./МИА

притисни ентер