Престана да истекува гас од гасоводот „Северен тек“ - Канал 5

Престана да истекува гас од гасоводот „Северен тек“

Изгледа дека гасоводот Северен тек 2 во Балтичкото Море престанал да испушта гас, објави данската енергетска агенција Енергистирелсен.

Престана да истекува гас од гасоводот „Северен тек“

Агенцијата на Твитер објави дека компанијата која управува со гасоводот Северен тек 2 ја информирала дека притисокот во гасоводот се чини дека е стабилизиран.

„Ова укажува дека истекувањето на гас престанало“, објави агенцијата.

„Или гасоводот е целосно празен или притисокот на гасот во гасоводот и водата надвор од него се во рамнотежа“, изјави портпаролот на агенцијата Улрих Лисек.

Портпаролот на гасниот гигант Газпром, кој е под контрола на Кремљ, вчера изјави дека по експлозијата што погоди два цевководи во Балтичкото Море, протекоа 800 милиони кубни метри природен гас, пренесе агенцијата ТАСС.

Портпаролот Сергеј Купријанов преку видео врска на седницата на Обединетите нации изјави дека количината на ослободен гас е еднаква на тримесечната испорака за Данска.

За потсетување, во понеделникот рано наутро, околу 2 часот по локално време, на површината на Балтичкото Море меѓу Шведска и Полска, околу 23 километри југоисточно од данскиот остров Борнхолм, почнаа да се појавуваат меурчиња. Тоа утро беше објавено дека притисокот во гасоводот Северен тек 2 паднал од 105 бари на седум бари во текот на ноќта, што укажува на истекување.

Гасоводот Северен тек 2 е долг 1.230 километри и се протега од Русија преку Балтичкото Море до Германија. Требаше да транспортира милијарди кубни метри гас во Европа додека Русија не ја нападна Украина, а потоа Германија одби да им издаде лиценца на операторите на гасоводот, па никогаш не беше пуштен во употреба.

Телефонски разговор Муцунски – Калас

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Мучунски, попладнево оствари телефонски разговор со високата претставничка на Европската унија за надворешна политика, Каја Калас.

Телефонски разговор Муцунски – Калас

Во разговорот, високата претставничка Калас ја потврди континуираната поддршка за европската интеграција на Република Северна Македонија.

Министерот Мучунски ја реафирмираше посветеноста на нашата земја на европските вредности – владеење на правото, дијалог и добрососедска соработка – како темели на процесот на пристапување кон Европската унија.

Во рамки на разговорот стана збор и за регионалното поврзување, при што министерот ја подвлече поддршката за Коридор 8 како стратешки приоритет за инфраструктурна интеграција на регионот.

Соговорниците разменија мислења и за состојбите на Блискиот Исток, заеднички нагласувајќи ја потребата од почитување на меѓународното право и избегнување на понатамошна ескалација.

Вечерва пристигнува првата група македонски државјани кои се евакуираат од Израел

На скопскиот аеродром вечерва пристигнува првата група од осум македонски државјани кои се евакуирани од Израел.

Вечерва пристигнува првата група македонски државјани кои се евакуираат од Израел

Тие попладнево полетаа од аеродромот во Шарм Ел Шеик во Египет.

Пред министерството за надворешни работи е Елизабета Дамјановска Спасеноска.

Кога се очекува тие да пристигнат во земјава?

Целосниот извештај погледнете го во видеото.

YouTube video

Нова експлозија во близина на Иранската државна телевизија

 Во денешниот израелски напад уште една експлозија одекна во близина на седиштето на Иранската државна телевизија (ИРИБ).

Нова експлозија во близина на Иранската државна телевизија

Израел вчера првпат ја нападна зградата на ИРИБ, сместена во северниот дел на Иран.

По вчерашниот израелски напад, ИРИБ кратко време не емитуваше програма. По неколку минутен прекин, ИРИБ повторно почна да емитува програма, а на екраните има и порака дека „сите програми продолжуваат во живо, без прекини“, како и дека Израел „во брутален напад гаѓал една од зградите на иранската државна телевизија“.

Иран по првиот напад врз ИРИБ издаде предупредувања за евакуација за израелските телевизии.

притисни ентер