Прес-конференција на претседателот на СДСМ Венко Филипче - Канал 5

Прес-конференција на претседателот на СДСМ Венко Филипче

Прес-конференција на претседателот на СДСМ Венко Филипче
Во седиштето на СДСМ, прес конференција ќе одржи претседателот на партијата д-р Венко Филипче. Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • ТТ: https://tinyurl.com/59kck7ap • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights Reserved

Во Битола ќе бидат ангажирани 30 невработени лица, идни пожарникари

Општина Битола објави повик за ангажирање на 30 невработени лица кои ќе бидат вклучени во работтата на Територијалната против пожарна единица.

Во Битола ќе бидат ангажирани 30 невработени лица, идни пожарникари

Од секторот за односи со јавност соопштија дека ангажманот е во функција на заштитата и превенција од пожари и оплеменување на животната средина на локално ниво, односно пошумување.

Работното ангажирање на невработените лица ќе биде реализирано за период од најмногу пет месеци, а кандидатите кои ќе бидат избрани ќе добиваат месечен надоместок од 24.000 денари со вклученоосигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа.

Кошта: Русија треба да се вклучи во финансирање на обновата на Украина по војната

Русија треба да ја финансира обновата на Украина кога ќе заврши војната предизвикана од инвазијата на Москва, изјави денеска претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта.

Кошта: Русија треба да се вклучи во финансирање на обновата на Украина по војната

-Обновата на Украина ќе бара огромни и континуирани напори од меѓународната заедница, соодветни на обемот на уништувањето и итноста на моментот, рече Кошта на конференцијата за обнова на Украина во Рим.

Тој истакна дека обновата мора да се темели и на правда, што подразбира, како што рече, дека Русија е одговорна за уништувањето што го предизвика, пренесе Анса.

-Агресорот ќе мора да ја преземе одговорноста за обновата на тоа што се обиде да го уништи, рече Кошта.

Европската комисија (ЕК) денеска, исто така, објави 2,3 милијарди евра поддршка за Украина за да ѝ помогне да се обнови по штетите што беа предизвикани од руските напади.

Министерството за јавна администрација и ФИНКИ потпишаа Меморандум за соработка

 Министерството за јавна администрација и Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, потпишаа Меморандум за соработка.

Министерството за јавна администрација и ФИНКИ потпишаа Меморандум за соработка

Министерството за јавна администрација и Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, потпишаа Меморандум за соработка со кој се воспоставува стратешко партнерство насочено кон модернизација на јавната администрација преку научна и академска поддршка.

Овој меморандум, како што се наведува во соопштението од Министерството за јавна администрација, претставува основа за зајакнување на соработката помеѓу јавниот сектор и академската заедница, со фокус на размена на знаења, искуства и заеднички развој на иновативни дигитални решенија.

-Целта е преку ангажирање на студенти, експертска поддршка, научноистражувачка дејност и заеднички проекти, да се унапредат административните процеси и да се изгради поефикасна, транспарентна и современа јавна администрација. Соработката предвидува организирање на обуки, работилници и практична настава, развој на апликации и прототипи, како и имплементација на заеднички истражувачки проекти. Посебен акцент ќе се стави и на иницијативи како што се Хакатони, Иновациска лабораторија на јавниот сектор и аплицирање на меѓународни програми, појаснуваат од Министерството.

Оваа иницијатива ја потврдува заложбата на Министерството за јавна администрација за градење на современа и компетентна администрација преку стратешка соработка и вложување во знаење и експертиза.

притисни ентер