Препораки за постапување и третман на лица со попреченост во времето на пандемија Ковид-19

 „Да не се стигматизираат лицата со попреченост“.

Поттикнати од непостоечкото, односно недоволното адресирање во препораките и мерките на надлежните институции во земјава на групата на социјално ранливата група – лицата со попречености, Здружението за активно вклучување и соодветен третман на лицата со попреченост „ИКУАЛИТИ" (EQUALITY) и Центарот за поддршка на лица со попреченост „ПРКОС" подготвија листа на препораки и совети.

– Да не се стигматизираат лицата со попреченост, како една од најранливите групи на граѓани, со цел да се избегне можност од неправеден третман, поточно третирање на лицата со попречености како граѓани од втор ред или стигматизирани како пренесувачи на заразни инфекции, наведоа од здруженијата.

Упатија препораки до приватниот и државниот сектор неодложно да се придржуваат кон препораките за ослободување од работни обврски на сите лица со попреченост, не само на оние со хронични болести, соодветно и согласно нивната здравствена состојба.

– Неодложно и навремено исплаќање на одобрените средства во рамки на социјалните мерки на надлежните институции, како и разгледување на можноста за зголемување на пооделни ставки или носење на нови мерки за најранливите општествени групи. Овие средства за значаен процент се единствениот извор за опстанок со кои покриваат основни трошоци за медицински терапии и нега и хигиена, истакнуваат од „ИКУАЛИТИ" и „ПРКОС".

Ги повикаа сите единици на локалната самоуправа и Црвениот крст, но и локалните здруженија, кои поседуваат соодветни ресурси да се вклучат во иницијативата на Црвен Крст од Скопје и поедините скопски општини, со цел да им се помогне во купување на намирници за исхрана и обезбедување медицински терапии.

– Здравствените институции кои се надлежни за општо здравје да изнајдат начин да остварат поблизок контакт со лицата со попреченост, а со цел непречена грижа за нивното здравје и психолошка состојба. Центрите за јавно здравје и Јавните здравствени установи да одобрат директен контакт со одговорно лице за итни случаи за лица со попреченост, апелираат „ИКУАЛИТИ" и „ПРКОС".

Истакнаа дека ги охрабруваат сите институции и приватниот сектор да иницираат линија за контакт со лицата со попреченост, како би придонеле да не бидат запоставени нивните потреби, а како директна последица од мерките и пред и се поради ограничувањето на едно од основните права, правото за слободно движење. Нешто што препорачуваме, како што наведоа, да стане стандардна пракса и по завршување на состојбата.

– Се препорачува на медиумите, надлежните институции, органи, приватниот и јавниот, како и невладиниот сектор да се придржуваат до следните насоки и препораки на Светската здравствена организација: https://www.who.int/emergencies/diseases/novel-coronavirus-2019/technical-guidance. Да практикуваат избалансирана и суштествена комуникација со цел избегнување поттикнување сериозни здравствени последици кај населението од ранливите категории граѓани, нагласија од Здружението и од Центарот.

Доколку, како што посочија, лицата со попреченост се цел на злоупотреба од било која природа, или се соочат со непочитување на нивните права, тие или оној кој посведочил таков вид на пракса мора неодложно да се обратат на надлежните органи или пак организациите за заштита на правата на лицата со поречност во нивната средина на живеење.

– Следењето на овие препораки ќе помогне во управување со процесите за информирање, соодветна и навремена реакција, но пред и се превенција на нарушување на здравствената состојба кај лицата од социјално ранливите групи граѓани, кои се изложени на секојдневни предизвици кои директно влијаат врз нивното општо здравје и состојба, соопштија од Здружението.

Апелираа до лицата со попреченост да се придржуваат кон препораките на Владата, да бидат претпазливи за своето здравје и да останат спокојни за времетраењето на времената вонредна состојба, да побараат помош од своите најблиски или својата околина, да ги користат сите соодветни канали за комуникација со надлежните државни, локални и здравствени институции секогаш кога тоа им е потребно, а се со цел да се одржи високо ниво на свесност за грижата за сопственото здравје, можните ризици од негово нарушување, како и со цел постапување во случаи кога ќе се најдат во загрозувачка состојба. /МИА

Во скопско Кожле се гласа во трепезаријата од локалната црква

Избирачко место 2391 во општината Петровец е на невообичаено место. 

Не е во училиште, туку во дворот на црквата Свети Спас во скопското село Кожле. Списокот на гласачи не е долг. Има вкупно 18 гласачи. Гласањето е во трпезаријата на црквата. Мирно пријатно со христијанските симболи граѓаните оние малкумина кои останале во оваа просторија гласаат на изборите претходно биле локалните. Училиште нема.

„Нема друго место единствена просторија е оваа црковна трпезарија“, вели Неал Абдул Ибраими од избирачкиот одбор.

Живко Добревски жител на селото Кожле е еден од 18 гласачи вообичано гласаат шестмина од селото другите се иселени низ европските земји. Тој по пензионирањето се вратил во родното Кожле. Знае дека местото на гласање е невообичаено но тоа единственото место. Претходно се гласало во приватна куќа.

Пред гласањето можност за граѓаните да заплат свеќа во старата црква Свети Спас изградена според пишаните податоци во 1847 година. Црквата со вековна убавина и уникатен иконостас оставен на времето и на неколкумината жители да го одржат духот на верата и убавината на старите фрески.

А до црквата од селото има 900 метри пат, по синоќшниот дожд поплавен и со кал, но жителите верни на изборниот ден и на посетата на црквата. Веруваат дека краткиот земјен пат до цркавата и гробишата каде е погребан и потекнува и од Кожле македонскиот бисер во книжевноста Гане Тодоровски ќе биде направен.

Избирачкиот одбор вели станале во четири часот изутрина за навреме да стигнат ќе бидат тука и во наредниот круг на гласање бидејќи воздухот и природата се нешто што го нема во урбаните гласачки места.

Програмерите и вработените во воздухопловниот транспорт со највисоки плати

ДЗС соопшти дека просечната бруто плата во земјава за февруари изнесува 58.967 денари, додека пак нето платата за истиот месец е 39.276 денари.

Програмерските плати повторно на врвот. Просечните примања на информатичарите во земјава изнесуваат 93.852 денари, објави Државниот завод за статистика, а највисоката просечна бруто плата исплатена во овој сектор изнесувала над 2300 евра (142410 денари)

После програмерите, следуваат вработените во Воздухопловен транспорт со просечна нето плата од над 1100 евра и Телекомуникации со 65.134 денари.

Нешто под илјада евра нето плата добиваат работниците во фармацевтската индустрија и вработените во стручните, научни и технички дејности.

ДЗС соопшти дека просечната бруто плата во земјава за февруари изнесува 58.967 денари, додека пак нето платата за истиот месец е 39.276 денари.

Од друга страна пак, вработените во заштитните и истражните дејности земаат најниски просечни плати кои изнесуваат 22.702 денари.

Гледано по сектори, најниска просечна плата е во објекти за сместување и сервисни дејности со храна, со 27.617 денари. А, под општиот месечен просек се платите во снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината – 30.953 денари, па во земјоделство, шумарство и рибарство – 31.362 денари, каде што најнизок, од 24.815 денари е во рибарство и аквакултура.- Државен завод за статистика

Трошоците за живот и натаму растат. Минималната синдикална кошница за првпат ја надмина и психолошката граница од 60 илјади денари со скок од 1.200 денари во однос на март.

Без инциденти и нерегуларности се одвива изборниот процес во Тетово, излезноста до 13 часот 21

Излезноста до 13 часот 21 %.

Најстариот гласач е 111-годишен жител на Тетово, каде изборниот процес се одвива мирно и без нарушувања.

Сандра Спасовска е во Тетово, целосниот извештај погледнете го во видеото.

притисни ентер