Препораки од АХВ до бизнисите и операторите со храна за време на пандемијата со корона вирусот

Засилете ги сите мерки кои се однесуваат на добрите хигиенски и производствени пракси. 

Иако досегашните сознанија покажуваат дека корона вирусот не се пренесува преку храната, лицата кои работат со храна, со кашлање, кивање или преку контакт со раце, може да го пренесат на работните површини и храната, освен, ако строго ги следат добрите практики за лична хигиена. Воведете дополнителни контроли со кои ќе бидете сигурни дека со храна работат здрави лица. Пред почетокот на секоја нова смена, раководителот да направи консултација со вработените, за состојбата со нивното и здравјето на нивните семејства.

Ова се дел од препораките на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) до бизнисите и операторите со храна во време на пандемијата со корона вирусот.

АХВ напоменува дека во процесот на производство и промет со храна, не треба да работат лица кои имаат некој од симптомите на Ковид-19.

– Заштитете го здравјето на вашите вработени, согласно препораките за заштита од корона вирусот. Со тоа ќе овозможите соодветно да се одржи производството и прометот со храна во време на пандемијата, кога храната претставува најзначаен производ на пазарот. Ако сметате дека е потребно, препораките напишете ги на видно место. На видно место истакнете ги чекорите за правилно миење на рацете. Лицата кои работат со храна мора да ги мијат рацете: пред да почнат со работа, пред да ракуваат со зготвена храна, односно подготвена храна за консумација од страна на потрошувачите, по ракување или подготовка на сурова храна, по ракување со отпад, должности за чистење, користење на тоалетот, по јадење, пиење или пушење, по ракување со пари, или генерално – редовно, наведува Агенцијата.

Според АХВ, доколку се користи заштитна опрема во процесот на производство и промет со храна, вработените треба да знаат како правилно да ја користат.

– Заштитните ракавици мора често се менуваат, а рацете да се мијат по секое вадење и пред секое менување нови ракавици. Заштитните ракавици треба да се сменат по извршување на активности кои не се поврзани со храна, како што се отворање/затворање на вратите со рака, празнење на канти, ракување со пари… Лицата кои работат со храна треба да бидат свесни дека носењето заштитни раквици може да им овозможи на микроорганизмите да се соберат на површината на рацете. Затоа, миењето на рацете е исклучително важно кога ќе се отстранат ракавиците. На ваков начин ќе се избегне последователно загадување на храната. Кога се носат заштитни ракавици подолг временски период, без често менување и миење на рацете, микроорганизмите на кожата брзо се размножуваат поради топлината и влажноста што ја создаваат ракавиците. Кога заштитните ракaвици ќе се отстранат, ако се ракува со храна без миење на рацете, голем број бактерии можат да се пренесат во храната. Правилното миење на рацете е исклучително важно, без оглед дали се користат заштитни ракавици или не. Ако се користат, миењето на рацете треба да се изврши пред да се стават ракaвиците, меѓу менувањето на ракавиците и откако тие ќе се отстранат, објаснува Агенцијата

АХВ претходниве денови издаде препораки и за безбедно подготвување храна во домот, како и за купување храна во време на пандемија.

Иранските пораки ги намалија цените на нафтата

Цените на нафтата денеска паднаа на 86 долари на меѓународните пазари, бидејќи инвеститорите беа смирени од пораките од Иран по „сомнителниот“ инцидент со беспилотни летала, намалувајќи ги стравувањата од ескалација на израелско-иранскиот конфликт.

На лондонската берза цената на барелот по пладне беше пониска за 72 центи во однос на затворањето на тргувањето вчера и изнесуваше 86,39 долари.

На американскиот пазар барелот за испорака во мај се тргува по пониска цена од 66 центи, по 82,07 долари. Речиси за исто толку падна и цената на барелот за испорака во јуни и се лизна на 81,42 долари.

Пазарите утрово беа катапултирани од извештаите на западните медиуми за експлозија во близина на иранскиот град Исфахан. Американската ТВ компанија ABC објави, цитирајќи неименуван американски функционер, дека израелски проектили погодиле локација во Иран.

Иранската државна телевизија објави дека „на небото над Исфахан биле забележани три дронови. Системот за противвоздушна одбрана бил активиран и ги уништил беспилотните летала“. Иранските медиуми не го спомнаа Израел во извештаите, а еден аналитичар изјави за државната телевизија дека беспилотните летала се управуваат од луѓе кои се инфилтрирале во Иран.

Техеран го минимизираше инцидентот и посочи дека не планира да реагира. Пораката беше најјасно дадена од висок ирански функционер, кој за Ројтерс изјави дека Техеран не планира одговор во овој момент.

Берзите стравуваат од ескалација откако Техеран објави одговор на израелскиот напад врз иранскиот конзулат во сирискиот главен град Дамаск, во кој загинаа неколку високи ирански воени претставници и конзуларни претставници.

Иран пред десет дена испрати стотици беспилотни летала и проектили во Израел, кои главно беа соборени од системот за противвоздушна одбрана. Никој не беше убиен и беше предизвикана само ограничена штета, но Тел Авив сигнализираше дека планира одговор, и покрај предупредувањето на САД дека нема да ги поддржи нивните офанзивни акции.

„Почетниот скок на цените на нафтата можеби ги нагласи првичните стравувања од понатамошна ескалација, но видовме дека пазарите на капитал и нафта го сменија курсот по тие прелиминарни потези“, рече Џошуа Махони од Scope Markets.

Инвеститорите очекуваа одговор на Израел на нападите со ирански беспилотни летала и постепено намалување на премијата за ризик, па цената на нафтата падна за повеќе од четири отсто од понеделникот, забележува Ројтерс.

Но, тензијата сè уште не е целосно смирена бидејќи Иран е трет по големина производител на нафта во Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК), според податоците на Ројтерс, така што ескалацијата би загрозила значителен дел од понудата, забележува Бјарне Шилдроп од СЕБ.

Американските пратеници укажаа дека би можеле да воведат санкции за извозот на нафта од Иран, вклучувајќи ги во пакетот помош за Украина во очекување на гласање во Конгресот. Предложени се казнени мерки за бродови, пристаништа и рафинерии кои преработуваат иранска нафта и за трансакции на кинески финансиски институции поврзани со купување на иранска нафта.

Одделно, ОПЕК објави дека барел од нафтената кошница на нејзините членки вчера се намалила за 2,29 долари на 87,35 долари.

Ума Турман ги воодушеви сите на годишнината од култниот филм во Лос Анџелес (ВИДЕО)

Ума Турман ја воодушеви публиката во Лос Анџелес на 30-годишнината од прикажувањето на „Pulp Fiction“.

53-годишната актерка за оваа пригода избра црна облека. Во споменатиот филм Ума го отелотвори ликот на Миа Валас, а многу фанови напишаа дека оттогаш таа речиси не се променила. Тие на социјалните мрежи пишуваат дека изгледа многу младешко и дека „никогаш не изгледала толку добро“.

Инаку, Ума доби и номинација за најдобра споредна женска улога за улогата на Миа Валас.

Pulp Fiction е филм на Квентин Тарантино од 1994 година. Беше номиниран за седум Оскари, вклучително и за најдобар филм. Во филмот глуми и Џон Траволта.

Франција им нареди на трговците да ги означуваат производите, на кои им го намалиле пакувањето

Француските трговци ќе мора да ги известат клиентите за намаленото пакување на производите кое не е придружено со соодветно намалување на нивните цени, објави Министерството за финансии, сигнализирајќи нова мерка за борба против скриените поскапувања.

Тајното покачување на цените преку намаленото пакување на производите предизвикува главоболки и кај потрошувачите и кај владите, бидејќи ја инхибира потрошувачката во услови на послаба куповна моќ на домаќинствата под притисок на високата инфлација и трошоците за задолжување.

Француските малопродажни компании од јули до септември ќе треба да ги информираат потрошувачите за храната и другите производи за широка потрошувачка чија цена не го следи намаленото пакување, соопшти Министерството. „Ќе ставиме крај на таквите практики. Сакам да ја вратам довербата на потрошувачите, а довербата оди рака под рака со транспарентноста“, рече министерот за финансии Бруно Ле Мер.

Цените на храната станаа главно политичко прашање во Франција минатата година бидејќи цените на храната скокнаа за рекордни 16 отсто по редовните годишни преговори меѓу трговците на мало и компаниите за храна.

Владата со закон го регулираше одложувањето на датумот за преговори годинава и побара од компаниите да го ограничат поскапувањето. Минатиот септември ланецот супермаркети „Карфур“ прикажа предупредувања за цените на некои производи со цел да изврши притисок врз големите производители на стоки за широка потрошувачка, како „Нестле“, „ПепсиКо“ и „Унилевер“ пред преговорите.

притисни ентер