Преодната Влада на должност стапува на 3-ти јануари 2020

И власта и опозицијата во трката влегуваат убедени во победата.

Премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев вчера по средбата со коалициските партнери тврди дека според последните анкети имаат фаворитска улога во однос на опозицијата.

Победата ја очекуваат и во ВМРО ДПМНЕ. Генералниот секретар на партија, Игор Јанушев вели 12-ти април е датумот кога Заев и СДСМ заминуваат од власт.

Иако официјалниот почеток на предизборната кампања е се уште далеку и власта и опозицијата веќе се на терен. ВМРО ДПМНЕ со „Обнова на Македонија“, а СДСМ „На прав пат“ ја крстосуваат државата барајќи поддршка од граѓаните.

По измените на Изборниот законик донесени согласно Договорот од Пржино од јуни 2015 година на одржувањето парламентарни избори им претходи формирање на т.н. техничка влада. За изборите закажани на 12-ти април техничката влада треба да се формира на три јануари тогаш и премиерот Заев , согласно Изборниот законик, се повлекува од функцијата.

На негово место треба Собранието по предлог на владејачката партија избира претседател на техничката влада. Веќе се шпекулира дека до изборите премиерската должност ќе ја извршува министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, кој ќе согласно концептот на „пржинската влада“ ќе замине од министерското место.

Во техничката влада опозицијата треба да добие две министерски функции во внатрешни работи и труд и социјална политика. Три позиции дополнителен заменик министер во финанси, земјоделство и информатичко општество и администрација. Власта пак треба да предложи двајца дополнителни замениници министри во МВР и труд и социјала.

Оваа влада има мандатот до прогласување на конечните изборни резултати од Државната изборна комисија. Согласно анексот на Пржинскиот договор по изборите функционерите од партијата која ќе освои помалку гласови си поднесуваат оставка, а на нивно место доаѓаат замениците министри. Министрите и дополнителни министри во техничката влада рамноправно ги споделуваат надлежностите и имаат право на вето на донесените одлуки.

Ваков модел на влада за првпат беше формиран пред изборите во декември 2016 година.

Ердоган и Трамп договориле соработка во Либија

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и американскиот претседател Доналд Трамп се согласија во телефонски разговор да соработуваат во Либија.

Тие веруваат дека тоа ќе обезбеди трајна стабилност во земјата, објави денеска турското претседателство.

Турција ја поддржува меѓународно признатата влада на националниот договор во Либија, кој се бори против источната либиска национална армија, која ја поддржуваат Обединетите Арапски Емирати, Египет и Русија, јави Ројтерс.

Анкара претходно објави дека Соединетите држави мора да играат поактивна улога во Либија.

Трамп и Ердоган разговарале и за билатералните односи и постигнувањето трговска размена во вредност од планираните 100 милијарди долари, објави турското претседателство.

Меркел и Санчез на финални договори за 750 милијарди евра помош за ЕУ

Ангела Меркел сака брзо решение за корона пакетот на ЕУ, но верува дека одредени позиции на земјите-членки се сè уште далеку, што беше најавено пред средбата меѓу германската канцеларка и шпанскиот премиер Педро Санчез во Берлин.

„Постојат различни перцепции на земјите членки за конечното решение, но германската делегација патува за Брисел со солидна подготвеност за компромис“, рече Меркел пред состанокот со шпанскиот премиер Санчез.

Таа рече дека поради тоа, сè уште не може со сигурност да каже дали ќе се постигне компромис на оваа средба.

Оваа средба треба, меѓу другото, да ги подготви темелите за самитот на ЕУ оваа недела, на кој што треба да се најде компромисно решение на предлогот на Европската комисија за фонд за помош во надминување на кризата предизвикана од пандемијата на коронавирус.

Шпанскиот премиер апелира до претседателите на земјите членки на ЕУ да постигнат договор за пакетот за помош оваа недела.

„Ако го одложиме договорот, ќе ја одложиме и реконструкцијата. И ако ја одложиме реконструкцијата, кризата ќе се продлабочи уште повеќе“, рече Санчез, додавајќи дека мора да се постигне договор „уште во јули“.

„Шпанија ќе стори сé за да постигне договор оваа недела на самитот во Брисел“, рече Санчез во Берлин.

Тој е свесен дека позициите сè уште се оддалечени, но дека е важно да се постигне договор и за долгорочниот буџет на Европската унија и за пакетот за корона, затоа што, како што рече, „овие две работи се поврзани“.

Канцеларката Меркел, која претседава со Советот на Европската унија од почетокот на месецот, вчера се сретна во Берлин со италијанскиот премиер Џузепе Конте, кој исто така инсистира на договор за помош што е можно поскоро.

Планот предвидува вкупно 750 милијарди евра помош, од кои 500 милијарди би биле исплатени во форма на пакети за неповратна помош и 250 во форма на заеми. На ова решение најмногу се спротивставува т.н. скромен квартет составен од Австрија, Данска, Холандија и Шведска.

Минатата недела, Меркел разговараше и со холандскиот премиер Марк Руте, кој денес повторно изрази скептицизам за брз договор за пакетот помош за корона кризата. Холандија е застапник на построги услови под кои би се исплаќала директна финансиска помош.

Американска компанија почнува со финални испитувања на вакцината против корона

Американскиот фармацевтски концерн Moderna Inc објави дека конечните клинички испитувања за вакцината против „ковид-19“ ќе започнат на или околу 27 јули.

Ова е трета, клучна фаза на тестирање врз луѓе на mRNA-1273.

Клиничкото испитување го води Националниот институт за здравство (NIH), а владата на САД инвестира близу половина милијарда долари во проектот на Modernа.

Конечните клинички испитувања ќе бидат спроведени на 87 локации, сите во САД. Ќе бидат вклучени околу 30.000 возрасни лица кои имаат голема веројатност да бидат заразени со коронавирус. Студијата ќе го спореди бројот на нови инфекции кај оние кои ја примиле новата вакцина и оние кои примале плацебо.

Експерименталната вакцина ќе биде тестирана во 30 држави и во градот Вашингтон. Половина се држави кои биле погодени од епидемијата, како што се Тексас, Калифорнија, Флорида, Џорџија, Аризона и Северна и Јужна Каролина.

Соединетите држави во последниве денови бележат рекорден број новозаразени лица, особено од споменатите земји.

Акциите на Модерна во текот на дценот се зголемија за околу 2,5 проценти на американската технолошка берза „ Nasdaq“.

притисни ентер