Премиерот Заев се сретна со црногорскиот вицепремиер Абазовиќ

„Споделуваме искуства за привлекување странски инвестиции, нашата иднина е развиена економија “.

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, во рамките на активностите на Самитот на Западен Балкан, насловен „Промовирање на инклузивноста и солидарноста на Европа" кој во организација на лондонски „Економист" се одржа денеска во Скопје, се сретна со делегација предводена од потпретседателот на Владата на Црна Гора, Дритан Абазовиќ.

На средбата, соговорниците ја истакнаа одличната соработка меѓу двете земји фокусирани на унапредување на економските односи и зголемена трговија, подобрување на условите за привлекување странски инвестиции, како и споделување на искуства за унапредување на одделни гранки, земјоделството и туризмот.

Премиерот Заев и вицепремиерот Абазовиќ како особенo значајна ја оценија соработката и поддршката на двете земји во процесот на успешна европска интеграција со продолжување на успешните структурни реформи, согласувајќи се дека продолжува соработката и преку размена на посети на високо ниво и регионална соработка меѓу Република Црна Гора и Република Македонија.

На денешната средба меѓу делегациите на Македонија и Црна Гора, премиерот Заев подвлече дека иднината на земјите од Балканот е во заедничкото пријателство и соработка, потенцирајќи дека и регионалната иницијатива „Отворен Балкан" отвора многу можности за подобар живот на граѓаните во сите земји во регионот, создавајќи услови за зајакнување на економиите и побрз влез во Европската Унија.

Беше оценето дека оваа Иницијатива има единствена цел, преку олеснување на трговијата, движењето на граѓаните и размената на искуства да се обезбеди ефикасна економска регионална соработка, отворање нови работни места, раст на Бруто домашниот производ и подобрување на стандардот и квалитетот на живот на граѓаните од сите земји во регионот.

Реакција на Институтот за историја при Филозофски факултет-Скопје

Реакција на Институтот за историја при Филозофски факултет-Скопје по повод одбележување на јубилеј на српскиот средновековен крал Милутин.

Во медиумите се појави информација дека Универзитетот во Крагуевац (Р. Србија), како главен организатор, во содејство со други српски и странски високообразовни и невладини институции, планира да го одбележи јубилејот 700 години од смртта на српскиот крал Милутин (1282-1321) со организирање на меѓународна научна конференција под наслов: Кралот Милутин и времето на Палеолозите: историја, литература, културно наследство, од 24 до 26 октомври 2021 г. во Скопје (Кинотека на Македонија, Р. Македонија). Во врска со овој настан Институтот за историја при Филозофски факултет (Универзитет „Св. Кирил и Методиј"-Скопје) и Комитетот за византологија и медиевистика на Р. Македонија-Скопје (КВМРМ-Скопје) има потреба јавно да го изрази својот протест.

Бидејќи во случајов станува збор за јубилеј на српскиот средновековен крал Милутин, досега било сосема вообичаено ваквите јубилеи да се одбележуваат и/или научните конференции да се организираат на територијата на современата држава (во случајов Р. Србија), чија историска личност се одбележува. Но, овојпат се забележуваат поголем број отстапувања од редовната пракса од кои би ги издвоиле следниве:

-Се планира одбележување јубилеј и организирање научна конференција за српска историска личност во главниот град на Р. Македонија, наместо на територија на Р. Србија, што претставува преседан;

-Неучество и намерно игнорирање од страна на Организаторот на македонски државни високо-образовни и научно-културни институции (Институт за историја при Филозофски факултет, Институт за национална историја, МАНУ и др.) како и на македонски невладини организации (како КВМРМ-Скопје);

-Работен јазик на Конференцијата ќе биде странскиот српски јазик и други странски јазици, а ќе отсуствува македонскиот јазик.

-Благодарност е упатена до Српската црква и до Охридската архиепископија (МПЦ не се споменува, дури и местото на одржување Скопје не е посочено во која држава се наоѓа.

Сето ова не наведува на помисла дека со планираниот настан веројатно се надминува културно-научната димензија. Па токму поради тоа се остава впечаток како да се има за цел да се реализира некоја туѓа ненаучна агенда, уште повеќе што нашата држава во овој период се наоѓа во исклучително сложена надворешна и внатрешна политичка ситуација. Од друга страна се наметнува прашањето дали на странски институции воопшто им е слободно дозволено да организираат научно-културни настани од ваков вид во нашата држава? Или пак можеби Универзитетот во Крагуевац (Р. Србија) од нашите државни органи (Министерство за култура) има добиено дозвола за организирање на ваков настан, што само по себе претставува невиден преседан.

Институтот за историја при Филозофски факултет-Скопје

Комитетот за византологија и медиевистика на Р. Македонија-Скопје

Османи-Шмид

Македонија како претседавач со ОБСЕ во 2023 демонстрира сериозна проактивност на меѓународната сцена.

Министерот за надворешна работа, Бујар Османи беше домаќин на Генералната секретарка на ОБСЕ, Хелга Шмид, која е во прва работна посета на Македонија во овој капацитет.

На средбата се разговараше за следните чекори во контекст на нашето претседавање со Организацијата во 2023 година, подготовките кои се во тек; активностите на работната група во МНР како и воспоставувањето на структурата која ќе го понесе големиот товар од претседавањето во Виена; како и за консултативниот процес околу приоритетите и агендата на Претседавањето.

"Како земја ние демонстрираме проактивност, капацитет и волја за преземање на сопственост и одговорност врз глобалните текови во време кога тие се исполнети со несигурност и непредвидливост. Впрочем, тоа и се очекува од нас, како земја која гради сопствен успешен модел на функционална мултиетничка демократија; земја – членка и на НАТО алијансата, и сериозен претендент за членство во Европската Унија", истакна Османи.

Османи ја информираше Шмид, дека се вложуваат максимални напори процесот на претседавање да биде отворен, инклузивен и целисходен; дека Македонија има капацитет да одговори на оваа задача како и дека во рамките на претседавањето со ОБСЕ ќе бидеме ориентирани кон креирање решенија кои ќе овозможат напредок и позитивни придвижувања на процесите во Организацијата.

Соговорниците се согласија дека претседавањето со Организацијата сериозно ќе придонесе кон зајакнато позиционирање на земјава во меѓународни рамки како конструктивен актер и сериозен контрибутор во зачувувањето на мултилатерализмот, како најважната цивилизациска придобивка на човештвото кое обезбедува долгорочен мир, стабилноста и соработката.

Веќе од идната година Македонија влегува во ОБСЕ Триото заедно со овогодишниот Претседавач Шведска, како и, претседавачот во 2022 година, Полска. Веќе наредната година ќе претседаваме и со Групата на медитерански партнери за соработка на ОБСЕ, како генерална проба за нашите обврски како Претседавач со организацијата во 2023 година.

ОБСЕ преставува најголемата регионална организација на северната хемисфера, која опфаќа 57 земји-учеснички од Ванкувер до Владивосток, протегајќи се на три континенти Европа, Азија и Америка.

ФТ: Инфлацијата во САД се искачува на највисоко ниво во последната деценија

Стапката се зголеми на 2,86 отсто вчера за петгодишните обврзници, што е највисоко ниво од март 2005 година.

Трговците со обврзници ги зголемија очекувањата за раст на инфлацијата во САД на нивоа што не се забележани повеќе од една деценија поради загриженоста дека тесните грла во синџирите на снабдување и заживувањето на побарувачката на потрошувачите ќе продолжат да ги зголемуваат цените на стоките и услугите. Иако ФЕД до неодамна ја уверуваше јавноста дека инфлацијата е само привремена и дека ќе се стабилизира веќе следната година, се поизвесно е дека инфлацијата ќе трае со години, објави Фајненшал тајмс.

Десетгодишна инфлација, т.н Break-even стапка – што ја означува разликата во приносот помеѓу државните обврзници што се заштитени од инфлација и оние што не се (номинален долг) и имаат исти рокови – се зголеми на 2,62 проценти вчера, највисоко ниво од септември 2012 година и над долгорочната цел за инфлација на Федералните резерви од два проценти, пренесува Фајненшл тајмс.

Стапката се зголеми на 2,86 отсто вчера за петгодишните обврзници, што е највисоко ниво од март 2005 година.

Еден од членовите на одборот на гувернери на ФЕД, Рандал Кварлес, предупреди дека продолжената висока инфлација до следната пролет може да ја принуди централната банка да размисли за зголемување на каматните стапки порано од очекуваното. Но, тој изјави дека и понатаму очекува идната година цените да се намалат бидејќи постепено исчезнуваат нарушувањата и тесните грла во синџирите на снабдување.

Според него, ако ФЕД ги зголеми каматните стапки како одговор на неодамнешните скокови на цените предизвикани од повторното отворање на економијата, централната банка би можела да ја ограничи побарувачката во време кога ќе исчезнат тесните грла, што може да доведе до несакано ниска инфлација и ниска вработеност, пренесува Волстрит џурнал.

Аналитичарите во Pacific Investment Management Co. проценуваат дека патеката на инфлацијата во последно време е се понеизвесна, а ќе остане неизвесна во текот на петгодишниот временски хоризонт, пренесува Блумберг. Според таа проценка, инфлацијата се соочува и со позитивни и со негативни ризици, а „пазарот продолжува да и дава на централната банка голем кредибилитет околу нејзините долгорочни цели за инфлација". Се очекува ФЕД да започне со намалување на купувањата на имот веќе следниот месец.

Зголемените трошоци за енергија ги поттикнаа инфлаторните мерки да се зголемат во последниве недели, зголемувајќи ги притисоците поради прекините на синџирот на снабдување, што ги попречи компаниите во испораката на стоки додека економијата закрепнува од пандемијата на корона вирусот. Според аналитичарите BMO Capital Markets. тоа е показател „дека на хоризонтот има многу повисока инфлација".

притисни ентер