Премиерот Заев и министрите Шахпаска и Филипче со претставници на родителите кои ја користеа мерката за продолжено породилно отсуство

Ќе покажеме максимална флексибилност, но мораме да научиме да живееме со пандемијата

Премиерот Зоран Заев, министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска и министерот за здравство Венко Филипче, денеска во Владата на Република Македонија се сретнаа со тројца родители, претставници на родителите кои ја користеа мерката за продолжено породилно отсуство поради пандемијата со КОВИД-19, а кои реагираа на одлуката на Владата на 23 септември 2020 година сите родители на деца од 0 до 6 години да се вратат на своите работни места, поради тоа што градинките стартуваа со работа на 9 септември.

Претставниците на родителите упатија барање до Премиерот и министрите за времено продолжување на мерката за продолжено породилно отсуство од еден до два месеца, со цел полесна адаптација на новонастанатата ситуација и поефикасно згрижување на нивните деца.

Претседателот на Владата Заев ги увери родителите дека приоритет на Владата е здравјето и благосостојбата на децата и сите нејзини граѓани и дека Владата ќе покаже слух и разбирање за нивните барања, особено за специфичните барања и потреби на одредени групи родители.

„Земаме обврска да ги разгледаме вашите барања и потреби и да ви дадеме повратен одговор во најкус можен рок. Ќе покажеме максимална флексибилност за одредени специфични случаи. Што се однесува до епидемиолошката слика, ние будно ги следиме препораките на Комисијата за заразни болести и следствено, секогаш размислуваме за донесените одлуки, нивната оправданост и потребата за нивна корекција. Здравјето на граѓаните е наш приоритет, но мораме да научиме да живееме со пандемијата", подвлече Премиерот.

Министерот Венко Филипче истакна дека секоја новодонесена мерка отвора нови прашања и дека мерките ќе трпат промени согласно новонастанатата ситуација и специфичните потреби на одредени родители.

„Со соодветна медицинска документација, родителите на деца кои влегуваат во ризична група, може да бидат изземени од обврската да се вратат на работа. Сепак, ќе нагласам дека најмалите деца имаат прилично висок имунитет и досега немаме случај на сериозно заболено дете од оваа популација", истакна министерот Филипче.

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска ги увери родителите дека, согласно сондажите што ресорното министерство ги прави на терен, во градинките има многу слободни места за сите оние родители кои досега не ги запишале своите деца.

„Нашите инспектори будно ја следат состојбата на терен и ве уверувам дека ситуацијата е целосно контролирана. Исто така, упативме апел до родителите кои ги запишале своите деца во градинка, а не ги носат, да ги ослободат местата за родителите на кои ваквото згрижување им е неопходно. Овој процес понатаму треба да го следат и контролираат градинките и општините", подвлече Шахпаска.

На крајот на средбата премиерот Заев и двајцата министри им ја пренесоа на родителите цврстата решеност целосно да бидат во дослух со нивните потреби и дека Владата ќе ги носи одлуките секогаш имајќи го предвид нивниот најдобар интерес.

Модел снима од нејзиниот заден џеб да види колку луѓе зјапаат во неа (видео)

Откако го видела трендот на Тик Ток, моддлот Алексис Морган решила да го стави телефонот во задниот џеб за да може да снима додека се шета. 

Идејата била снименото видео да покаже колку луѓе, воглавно мажи, зјапаат во личноста додека ги вршат секојдневните работи.

Оваа 24-годишна девојка од Мајами, Флорида, открила дека различни мажи го креваат погледот за да ја видат одзади. Во една од снимките, мажите ги вртат главите за 180 степени, дури и заземаат позиции за подобро да ја видат Алексис. Други пак, и даваа знак на одобрување додека минувала покрај нив. Еден маж се приклештил на подот и ја завртел главата за подобро да ја види Алексис, а двајца мажи во ресторан подзинале додека ја гледале.

Алексис тој тренд го воведе на нејзиниот профил на Инстаграм каде има 4 милиони следачи.

Моделот исто така ги забавувала снимките за да го фати погледот на мажите кои зјапале во неа, но ги додала и гласовите за да се пошегува со сето ова.

Британски специјални сили за 9 минути нападнаа танкер со нафта со цел да фатат шверцувани патни

​Се појавија нови детали за драматичната рација на Британските специјални сили вчера на Островот Вајт. 

Седум лица беа приведени по инцидентот на „Нејв Андромеда“, чиј екипаж во неделата наутро објави сигнал за тревога по стравот од обидот за киднапирање од страна на шверцувани патници. Извештаите сугерираат дека Специјалната служба за бродови (СБС) ја презела контролата во рок од девет минути по влегувањето во храбар воздушен и поморски напад. Четири хеликоптери се обиделе да им помогнат на 22-цата членови на екипажот, при што 16 лица се качиле на бродот од воздух, велат извештаите. Една фрегата, за која се веруваше дека е „ХМС Ричмонд“, исто така беше во состојба на готовност. Рацијата беше овластена од министерот за одбрана Бен Валас и министерот за внатрешни работи Прити Пател во неделата вечерта по 10-часовниот тензичен метеж. За екипажот се вели дека е „безбеден и здрав“.

Во неделата, „Тајмс“ објави четири воени хеликоптери - за кои се претпоставува дека два од нив се „Мерлин Мк 4“, „Дива мачка“ и „Чинук“ – тие ги довеле 40-те лица на местото каде се смета дека бил киднапиран бродот „Нејв Андромеда“. Весникот цитираше извор од одбраната, кој рече дека околу 16 членови на Специјалната бродска служба се качиле на бродот со поддршка на воздушни снајперисти и го обезбедиле за девет минути. Новите слики исто така покажуваат дека танкерот со нафта безбедно пристигнува во Саутемптон во понеделникот наутро, неколку часа по редовното време на пристигнување во 10.30 часот. СБС е елитна поморска единица за борба против тероризмот на Кралската морнарица, а најголем дел од eкипажот се Кралски поморски командоси кои, како што се вели „се специјализирани за храбри ненадејни напади“.

Најдено новороденче на аеродром,сите патнички завршиле во притвор (ВИДЕО)

Катарските власти ги информирале властите во Австралија дека извадиле тринаесет патнички од авион на аеродромот во Доха, каде што им бил извршен детален преглед за да се утврди дали се поврзани со оставањето на новороденче на аеродромот.

Австралија денеска ги осуди катарските власти за соблекување и пребарување на 13 патнички на летот кон Сиднеј кои биле подложени на детален преглед за да се утврди дали се поврзани со раѓањето на тоа бебе.

Патничките на „Катар ервејс“ на летот 908 до Сиднеј биле подложени на детален медицински преглед на аеродромот „Хамад“ во Доха и затоа летот бил одложен.

Еден од патниците рекол дека во авионот слушнале порака во која жените биле повикани да го напуштат авионот.

Австралиското Министерство за надворешни работи ги опиша постапките на катарските власти како несоодветни.

"Инцидентот е многу вознемирувачки и насилен. Никогаш не сум чул за сличен случај во мојот живот. Ние недвосмислено им го пренесовме нашиот став на катарските власти", изјави австралискиот министер за надворешни работи Мариз Пејн, потврдувајќи дека очекува детален извештај од катарските власти оваа недела, за да донесе одлука за следните чекори, објави АП.

По враќањето во Австралија, патничките од Катар заминале во карантин, каде ја добиле целата неопходна медицинска нега и психијатриска помош.

Новороденчето, патем, сè уште не е идентификувано, но е предадено на надлежните медицински и социјални служби, објавиле властите на аеродромот во Доха.

притисни ентер