Премиерот Заев го честиташе Денот на албанската азбука

Со чествувањето на Денот на албанската азбука ја потврдуваме заедничката определба за почитување и унапредување на етничката и културната разноличност, односно богатството на Македонија, рече Заев во честитката.

Денот на создавањето на албанската азбука има голема важност за сите Албанци и овој датум се смета за еден од клучните настани во историјата на Албанците, и во нашата заедничка историја.

Во градот на конзулите, избран за седиште на овој конгрес, кој се одржал од 14–22 ноември 1908 година, се собрале голем број истакнати албански личности од културниот и политичкиот живот од почетокот на 20 век. Претседателот на Конгресот, Мит'хат Фрашери и потпретседателите Луиѓ Гуракуќи и Ѓерѓ Ќиријази, претседателот на Комисијата Ѓерѓ Фишта, како и единствената жена на Конгресот Парашќеви Ќиријази, која подоцна ќе го напише првиот буквар на стандардизираниот албански јазик и азбука која што е во употреба до денешен ден.

Денеска, во Музејот на албанската азбука во Битола, се наоѓа одлуката за единствено, стандардизирано албанско писмо, како и копијата од првиот пишуван запис на албанскиот јазик од Пал Енѓели од 1462 година.

Со унифицирањето и стандардизирањето на азбуката, албанското писмо станува дел од рамноправните, модерно формирани европски писма и дел од разноличното богатство на светското културно наследство.

Јазикот и негова соодветна азбука се дел од генетскиот код на еден народ и се произлезени од универзалното право на самоопределување. Во тој генетски код се елементите на идентитетот и потенцијалите за комуникација, општествена интеграција, за образование и развој.

Наша должност, должност на државата е да ги почитува, чува и негува посебностите на јазикот и писмото на секоја нејзина заедница.

На тоа нè повикуваат и европските вредности, како вредности што ги прифативме како наши на патот на нашата интеграција во Европската Унија.

Со чествувањето на Денот на албанската азбука ја потврдуваме заедничката определба за почитување и за унапредување на етничката и културната разноличност, односно богатството на Република Северна Македонија.

Градиме едно и единствено, општество еднакво за сите. Градиме граѓанско општество, истовремено со почит кон етничките, националните, верските и културните разлики. Тоа е посебноста и суштината на нашето заедништво кое се градеше со векови, што претставува обврска за нашата заедничка иднина.

Затоа сме горди, и затоа етничката и јазичната разноличност ги сметаме за наша предност. За наше заедничко богатство. Затоа велиме: Кога денеска го одбележуваме и славиме Денот на албанската азбука, заеднички го прославуваме и постоењето и зближувањето на две културни традиции кои опстојувале заедно.

Тоа е силен доказ дека јазикот и писмото се мостови до другите традиции, култури и духовни наследства. Тоа се клучевите што ги отвораат портите на другите светови за да се запознаваат, почитуваат и да се помагаат едни со други.

Во оваа пригода сакам да упатам порака до сите граѓани на Република Северна Македонија дека моделот за иднината започнува со почитувањето на сите народи и етнички заедници.

Тоа е европски начин. Тоа е и нашиот начин.

Нека е честит Денот на албанската азбука, порача премиерот Зоран Заев.

Историски ден за Лигата на шампионите- за прв пат ќе суди жена

Лигата на шампионите ја пишува историјата.Французинката Стефани Фрапар в среда ќе влезе во историјата на Лигата на шампионите како прва судијка во тоа натпреварување.

Таа ќе биде првиот судија на натпреварот од петтото коло во групната фаза од Лигата на шампионите помеѓу Јувентус и Динамо Киев, кој во среда ќе се игра во Торино.

Фрапар (36) е судија во машкиот фудбал веќе подолго време. Таа била главен судија на Суперкупот во 2019 година, кога се сретнаа Ливерпул и Челси.

Во 2014 година, таа стана првата жена што суди во втор ранг на француското фудбалско натпреварување, а една година подоцна и во Лига еден.

Судела во Лигата на Европа, каде беше судија на натпреварот помеѓу Лестер и Зорја.

Првата жена што судела на европските натпревари беше Никол Петиња од Швајцарија. Помеѓу 2004 и 2009 година, таа судела на три квалификациски натпревари за тогашниот Куп на УЕФА.

Регистрирани се 336 нови случаи на Ковид -19 од 1181 тестирани ,починале 32 заболени

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1181 тестирања, а регистрирани се 336 нови случаи на ковид-19 .

Во: Скопје-95, Куманово-10, Штип-12, Прилеп-27, Тетово-11, Струга-1, Велес-30, Битола-34, Охрид-1, Кавадарци-7, Гостивар-41, Гевгелија-7, Струмица-7, Крива Паланка-3, Радовиш-10, Крушево-1, Пробиштип-1, Демир Хисар-1, Берово-3, Валандово-1, Виница-3, Делчево-1, Кратово-1, Свети Николе-6, Кичево-14, Ресен-2, Неготино-6.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 544 оздравени пациенти од: Скопје-235, Штип-42, Прилеп-72, Тетово-26, Струга-1, Велес-54, Кавадарци-21, Гевгелија-10, Крива Паланка-6, Радовиш-4, Крушево-1, Кочани-25, Пробиштип-2, Пехчево-1, Берово-9, Виница-2, Делчево-10, Кратово-2, Свети Николе-7 и Неготино-14.

Починати се 32 лица, дванаесет пациенти од Скопје (66, 59, 81, 69, 57, 68, 73, 80, 85, 67, 77 и 82г), двајца од Прилеп (70 и 55г), тројца од Тетово (64, 79 и 67г), двајца од Струга (67 и 74г), еден пациент од Велес (51г), двајца од Охрид (70 и 74г), еден од Кавадарци (77г), еден од Гостивар (61г), двајца од Струмица (63 и 66г), двајца од Радовиш (62 и 70г), еден пациент од Кочани (64г), еден од Делчево (78г), еден од Кичево (64г) и еден пациент од Неготино (55г). Од нив двајца пациенти се починати вон, останатите се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 61878, бројката на оздравени пациенти е 38946, на починати е 1763, а бројот на активни случаи изнесува 21169. Од вчера се евидентира еден контролен тест, а според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 26976, активни 9996

• Куманово 3748, активни 952

• Дебар 462, активни 97

• Штип 2674, активни 528

• Прилеп 3010, активни 1000

• Тетово 3823, активни 942

• Струга 1447, активни 454

• Велес 1992, активни 693

• Битола 2075, активни 925

• Охрид 1597, активни 618

• Кавадарци 1254, активни 481

• Гостивар 2557, активни 982

• Гевгелија 744, активни 240 (58 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 132 на Богданци и 12 се странски државјани)

• Струмица 1711, активни 601

• Крива Паланка 431, активни 123

• Радовиш 438, активни 122

• Крушево 130, активни 71

• Кочани 1241, активни 262

• Пробиштип 363, активни 90

• Демир Хисар 200, активни 88

• Македонски Брод 168, активни 46

• Пехчево 100, активни 22

• Берово 364, активни 88

• Валандово 218, активни 70

• Виница 376, активни 160

• Делчево 456, активни 196 (129 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)

• Кратово 153, активни 52

• Свети Николе 842, активни 234

• Кичево 1277, активни 530

• Ресен 461, активни 193

• Неготино 590, активни 313 (70 лице од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 1181 теста се преку: ИЈЗ-605, ЦЈЗ Скопје-20, Авицена-0, Биотек-0, МАНУ -123, Жан Митрев (Филип Втори)-140, Систина со PCR метода -232, лабораторија Лаор –0, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-0, Инфективна клиника-4, ГАК-22, Синлаб-0, Ремедика-0, лабораторија болница Козле-0, ЈЗУ (рапид тест) -35, УК Пулмологија со алергологија –0, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 332. 286 тестирања на Ковид -19.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)

• Чаир – 625

• Гази Баба – 1502

• Аеродром -1436

• Карпош – 1169

• Центар – 1089

• Кисела Вода – 1237

• Ѓорче Петров – 867

• Бутел - 585

• Шуто Оризари – 195

• Студеничани – 53

• Сарај – 169

• Арачиново -31

• Илинден – 265

• Сопиште – 57

• Чучер Сандево – 100

• Петровец –138

• Зелениково -84

• Странец – 219

• Нераспределен- 175

Глумела дека умира од рак,за да собере пари и да си направи свадба од соништата (ФОТО)

Жена од Велика Британија „лажирала терминална дијагноза за рак“ за да ги натера нејзините пријатели да платат за „совршената венчавка“, пишува Метро.

Пријателите на Тони Стенден (29) собрале 8.500 фунти за да може со нејзиниот партнер Џејмс да имаат „ден што го заслужуваат“.

Заради измамата, Стенден дури и ја избричила главата, а во емотивната молба за помош напишала дека би сакала отец Дерек, кој умирал од рак, да ја одведе до олтарот.

57-годишниот Дерек починал пред венчавката во Чешир, но снимил видео порака за гостите на свадбата. Локалниот фудбалски клуб снимил и видео за поддршка на младенците кои го поминале медениот месец во Турција, а потоа отпатувале во Германија, Чешка, Австрија, Унгарија и Италија, додека Статен била ,,болна" цело време.

На почетокот на оваа година, таа исто така тврдела дека се разболела од коронавирус, но тоа предизвикало сомнеж кај нејзините пријатели кои конечно се соочиле со неа.

На Стенден сега и се заканува потенцијална затворска казна откако минатата недела се изјаснила за виновна за измама со лажно тврдење помеѓу февруари 2019 година и април 2020 година во Прекршочниот суд во Честер.

Шерил Астон (33), нејзина пријателка од колеџ, која донирала 525 фунти, за Мирор изјавила дека Стенден заработила Оскар за нејзината глума. "Таа не измами сите нас. Ми рече дека умира и јас паднав на тоа. Бев скршена - сите бевме".

Во февруари годинава, Тони Стенден објавила на Фејсбук дека починала. За тоа ги обвинила хакерите, но еден нејзин познаник рекол дека тоа го сторила само за да привлече внимание и да види како луѓето ќе реагираат доколку помислат дека починала.

притисни ентер