Премиерот Ковачевски во Ватикан и Рим во чест на Денот на Светите Кирил и Методиј

Премиерот Ковечевски на тет-а-тет средба и аудиенција кај папата Франциск.

Денеска по повод одбележување на 24 мај – Денот на сесловенските просветители Светите Кирил и Методиј премиерот Ковачевски со владина делегација во рамките на посетата на Рим и Ватикан,релизираше тет-а-тет средба, а потоа и аудиенција кај Папата Франциск.

Како дел од работната посета, премиерот Ковачевски ќе се сретне и со премиерот на Бугарија Кирил Петков.

Во Рим е Тамара Стојкова .

Тамара каква е агендата за денеска ?

Во видеото погледнете го целиот извештај.

Погледнете го обраќањето на премиерот Ковачевски.

Премиерот Димитар Ковачевски во придружба на ќерката Тамара Ковачевска и делегацијата на Владата на Република Северна Македонија, којашто е во дводневна посета во Рим и Ватикан во рамките на традиционалните свечености во чест на 24 Мај - Денот на сесловенските просветители Светите браќа Кирил и Методиј, денеска беше примена од неговата светост Папата Франциск.

Претседателот на Владата Ковачевски имаше тет-а-тет средба со Неговата светост Папата Франциск, по што следуваше приемот на ќерката на претседателот на Владата како и останатите членови на делегацијата на Македонија, Бујар Османи, министер за надворешни работи, Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи, Бисера Костадиновска Стојчевска, министерка за култура, Мартин Попов, шеф на Кабинет на Претседателот на Владата, Ана Андреева, секретар за комуникации, односи со јавност и протокол, Даријан Сотировски директор на Комисија за односи со верски заедници, Никола Јанкуловски ректорот на УКИМ, Пимен Илиевски митрополитот на МПЦ-ОА, Јосиф Тодоровски митрополитот на МПЦ-ОА и Зоран Стојанов декан на струмичка епархија на Католичка црква и Марија Ефремова, амбасадорката на Република Македонија во Ватикан.

На аудиенцијата кај Светиот отец Франциск, како една од централните активности од програмата за чествување на животот и големото дело на Светите Кирил и Методиј, премиерот Ковачевски изрази благодарност за посетата на Папата Франциск на нашата земја во 2019 година која што беше прва посета на предводник на Римокатоличката црква запишана како историска.

За време на разговорот на средбата со Папата Франциск беше истакната улогата на Светите браќа Кирил и Методиј кои со својата мисија да го шират христијанството на јазик разбирлив за словенските народи извршија и мисија на поврзување на народите на Европа.

Македонија и Ватикан, беше нагласено на средбата, од воспоставувањето дипломатски односи од пред 28 години, со посветеност и меѓусебно почитување градат пријателство базирано на заеднички историски, културни и верски традиции и значајни ликови како Светите браќа Кирил и Методиј и Света Мајка Тереза.

На средбата беше поздравена отпочнатата иницијатива за потпишување на темелен договор (конкордат) помеѓу Македонија и Светата Столица, за да се регулира статусот на Католичката црква во нашата земја и за унапредување на соработката во областите од взаемен интерес, особено во делот на соработката меѓу образованите институции и архивите на двете земји.

Премиерот Ковачевски истакна дека на огромно негово задоволство со Папата Франциск се согласија дека поддршката на најранливите наши сограѓани во време на криза е суштината на нашето делување. Почитувањето на разликите како еден од столбовите на градењето на општество во кое има место за сите е пресликана во традицијата на меѓурелигиска толеранција, почитување на разни верски убедувања како и негувањето на слободата и демократијата во Република Македонија.

На средбата меѓу Премиерот Ковачевски и македонската делегација со Папата Франциск беа споделени пораки за надеж и желба за просперитет во постпандемискиот период, но и во време на справување со најголемата криза досега, истакнувајќи дека плодната соработка со Ватикан ќе се продлабочи, бидејќи ги делиме истите вредности на меѓусебно разбирање, поддршка за најранливите, еднаквост, толеранција и човечко достоинство.

Премиерот Ковачевски на Папата Франциск му подари рачно изработен фрагмент со калиграфско пишување на рачна изработена хартија од пофалното слово на Свети Климент Охридски, бројаница со традиционален охридски бисер и филигран, како и винил плоча од македонскиот виртуоз Влатко Стефановски.

Се балсамирала?!

Познатата креаторка Вера Ванг го прослави 73-тиот роденден!

Познатаа модна креаторка Вера Ванг претходната недела го прослави својот 73-ти роденден. По повод овој настан беше организирана раскошна забава, како и караоке забава во Њујорк, на која Ванг ги изненади присутните со својот изглед.

Таа носеше розови шорцеви со фустан-туника, а на нозете имаше високи сребрени потпетици.

Со затегнати нозе и мазна права коса, Вера може да ѝ парира на секоја девојка. На главата носеше розово-сребрена тиара, како вистинска принцеза. Таа позираше и со шише просеко од брендот Вера Ванг, како и со раскошна торта.

На својот Инстаграм профил таа сподели многу фотографии од забавата.

Многу обожаватели ја прашаа која е нејзината тајна и дали знае за некаков еликсир на младоста. Доста луѓе прокоментирале дека изгледа како да била балсамирана.

Познатата дама многу често нагласуваше дека не постојат случајности или некаква среќа кога е во прашање нејзиниот беспрекорен изглед. Како што своевремено изјавила за магазинот „Пипл“, целата заслуга ја должи на повремените вежби, но и на таканаречената „мускулна меморија“ бидејќи со години била активен спортист. Спортот ја обликувал и се покажало дека, како што самата тврди, имал долгорочен ефект.

Извор: srecna.republika.rs

Сестра му напишала писмо на својот брат долго 434 метри

Писмо долго 434 метри и тешко 5 килограми е одговорот на една сестра од Керала, Индија, со кое сакала да го утеши  својот помлад брат што заборавила да му го честита Меѓународниот ден на браќата годинава.

Поради нечеститањето на Меѓународниот дек на браќата братот престанал да и се јавува, па дури и ја блокирал на WhatsApp.

Сфаќајќи колку е повреден нејзиниот помлад брат, студент по машинско инженерство, четврта година, тој мора да бил разочаран поради тоа што не му го посакала денот на браќата, Кришнаприја, самата инженерка, решила да му напише писмо за врската што ја споделуваат и нејзината љубов кон него.

Зборувајќи за медиумите, таа истакнала: „Заборавив да му го посакам на денот на мојот брат. До вечерта тој престана да ги прима моите повици и исто така ме блокираше на Whatsapp. Затоа решив да му напишам писмо. Почнав да пишувам на листови со големина А4. но наскоро сфатив дека тоа нема да биде доволно бидејќи имам многу да му пренесам“.

"Затоа решив да купам подолги листови за пишување. Но, кога отидов на маркет, тие рекоа дека имаат само ролни за сметководители, кои беа долги. Затоа донесов дома 14 ролни. Ми требаа околу 12 часа да го завршам целото писмо, кое на крајот беше долго цели 434 метри и тешко 5 килограми “, додаде таа.

Кришнаприја понатаму истакнала дека во своето писмо напишала за животот на нејзиниот брат Кришнапрасад од неговото раѓање до неговиот студентски живот денес и ги вклучила и моментите што ги споделувале и љубовта што ја имаат еден за друг.

„Ние сме многу блиски еден со друг и споделуваме многу пријателски односи и растејќи бевме како близнаци – дополнила сетрата.

Ефектот од долгото и тешко писмо на неговата сестра можел јасно да се забележи на насмеаното лице на Кришнапрасад, кој за медиумите изјавил дека е многу среќен што го примил.

Писмото што помогнало да се помират бфратот и сестрата наскоро може да најде место во Гинисовата книга на рекорди како најдолгото писмо некогаш напишано откако Кришнаприја испратил барање за истото.

Престрелка во трговски центар во Копенхаген, неколку загинати и повредени

Неколку лица се убиени во престрелка во трговски центар во Копенхаген, изјави началникот на полицијата. Напаѓачот е уапсен, а тој е 22-годишен Данец.

Данската полиција соопшти дека во Копенхаген биле застрелани неколку луѓе и дека едно лице е уапсено, додека градоначалникот на данската престолнина ситуацијата ја оценил како „многу сериозна“.

Неколку лица се примени во главната болница, изјави портпаролот на здравствената установа, додавајќи дека повикале дополнителни хирурзи и медицински сестри да помогнат во згрижувањето на повредените лица.

притисни ентер