Премиерот Ковачевски во Прага: Солидарноста и соработката на Европскиот континент се неопходни

Премиерот Димитар Ковачевски во Прага во рамки на првиот состанок на Европската политичка заедница, учествува на лидерската тркалезна маса посветена на енергетиката и економијата. 

Заедно со премиерот Ковачевски на истата дискусија присуствуваа и премиерот на Шпанија, Педро Санчез, премиерот на Холандија, Марк Руте, премиерката на Обединетото Кралство, Велика Британија и Ирска, Елизабет Трас, како и останатите лидери на европските земји.

Во фокус на дискусиите се сериозните нарушувања на енергетските пазари, како резултат на воената агресија на Русија врз Украина. Ковачевски заедно со лидерите на Обединетото Кралство, Шпанија, Австрија, Малта, Албанија, Холандија, како и Бугарија, Германија и Србија дискутираа за соработка и солидарноста низ Европа како неопходност во овој момент, а сѐ со цел земјите од Европа да се обезбедат и снабдат со енергија преку различни извори на снабдување.

Премиерот Ковачевски ги истакна позициите, моменталната состојба во Македонија како и очекувањата и неопходноста од соработка за надминување на енергетската криза.

Беше истакнато дека регионот на Западен Балкан е еден од најпогодените, затоа што производството на електрична енергија е базирано на лигнит и тоа од многу стари термоелектрани на јаглен, кои во дадениот контекст се неефикасни.

Дополнително предмет на дискусија е економската состојба во земјите и намалениот глобален економски раст поради зголемена несигурност што ја поттикнува инфлацијата ширум светот. Лидерите потенцираа дека европските економии се соочуваат со зголемени цени и со прекин на синџирите на снабдување, а како резултат на тоа, централните банки почнаа да ги зголемуваат каматните стапки, што прави притисок на домаќинствата и бизнисите.

Владите обезбедија привремена поддршка за да се спротивстават на овие трендови, но заеднички е заклучокот дека потребни се нови механизми и итна помош за обезбедување долгорочни инвестиции кои го подобруваат растот, особено за финансирање зелени и дигитални транзиции.

Барселона ја тужи шпанската федерација, судот одлучува за голот на Јамал против Реал

Барселона не дозволува да стивне бурата по „Ел Класико“ во кое Реал победи со 3:2.

„Фантомскиот гол“ на Ламин Јамал ​​и понатаму е тема на шпанските медиуми. Барселона не дозволува да престане да се зборува за тоа.

И по самиот меч имаше остри критики за судењето, немањето технологија за гол-линијата и „злоупотребата на ВАР системот“.

Првиот човек на клубот, Жоан Лапорта, најави дека Барселона ќе ги искористи сите средства да ја истражи ситуацијата и да утврди дали тоа било гол или не.

Барселона сега отиде чекор подалеку и најави дека ќе ја тужи Шпанската фудбалска федерација и дека решение на оваа ситуација ќе бара на суд.

Ден по натпреварот беше објавена и комуникацијата на главниот судија со играчите и судиите од ВАР-салата, но изостана делот од видеото поврзан со ситуацијата околу голот на Јамал ​​кој не беше признат.

Федерацијата го одби барањето на Барселона да му ја даде на клубот целосната снимка од комуникацијата помеѓу судијата и ВАР-собата и Каталонците сега сакаат да ја добијат преку судовите.

Лапорта останува на ставот дека доколку се покаже дека Барселона е оштетена, ќе бара реприза. /МИА

Видео: Коњи трчаат низ центарот на Лондон, еден е облеан во крв

Жителите на Лондон утринава забележале два коња без сопственик во центарот на градот, од кои едниот изгледал облеан во крв. Носеле седла и узди.

„Околу 8 часот и 40 минути добивме пријава дека коњи без сопственици трчаат низ градот. Полицајците ги запреа на автопатот кај Лајмхаус. Чекаме возило за да ги однесеме на ветеринар“, соопшти полицијата.

Скај њуз вели дека коњите припаѓаат на дворската коњаница, дел од британската армија. На социјалните мрежи се појавија видеа од настанот на кои се гледа како црн и бел коњ трчаат по улицата. Набрзо зборуваше портпаролот на армијата.

„Одреден број воени коњи се олабавиле за време на рутинска вежба. Сите коњи сега се вратени во кампот. За време на инцидентот се повредени одреден број вработени, како и коњите. На сите им била укажана лекарска помош ," вели тој .

Извор: Индекс.хр

притисни ентер