Премиер лигата прва ја воведува видео технологијата „око соколово“

Англиската Премиер лига ќе биде првото фудбалско првенство во кое од оваа сезона ќе се воведе видео технологија на гол линијата.

Технологијата која работи по принципот на тениското „око сололово“ ќе се состои од седум монтирани камери позади головите, кои во милиметар ќе следат дали топката ја поминала гол линијата, а притоа многу брзо информацијата ќе ја добие главниот судија, кога ќе биде постигнат гол.

Системот, кој беше успешно тестиран на Светското првенство во Јапонија, се користеше и на неодамна одржаниот Куп на конфедерации во Бразил, а ќе биде применуван и на Светското првенство во 2014 година.

Според информациите од официјалните лица, минатата сезона од вкупно 380 натпревари во Премиер лигата, евидентирани се 31 спорен момент, кога арбитрите не биле сигурни дали е постигнат гол.

Првенството во Англија почнува на 17 август, а гол технологијата своето „деби“ ќе го има веќе во недела, кога на Вембли во Лондон, екипите на Манчестер Јунајтед и Виган ќе се борат за трофејот во Супер купот.

„Волво карс“ го произведе последниот дизел-автомобил

 Шведската компанија „Волво карс“ им стави крај на дизел-автомобилите, откако последниот теренец „Икс-це-90“ излезе од производната лента во фабриката „Торсланд“ во Шведска вчеравечер како последен дизел-модел од овој автопроизводител, пренесув

- Сосем сме уверени дека имаме многу добри понуди за купувачите, дури и без дизел-возилата, изјави Ерик Северинсон, извршен директор на „Волво“ задолжен за нови автомобили и оперативна стратегија.

Ова го означува крајот на дизел-ерата за брендот „Волво“, кој во иднина планира да произведува само електрични возила.

Поради климатските промени, 90 отсто од традиционалните вински региони ќе исчезнат

Околу 90 проценти од некои од традиционалните региони за производство на вино во светот би можеле да исчезнат во наредните децении поради климатските промени, покажува новото истражување објавено во списанието „Nature Reviews Earth & Environment

Научниците открија дека најзагрозени се крајбрежните региони и рамнините на Италија, Шпанија, Грција и јужна Калифорнија, пренесува Си-Би-Ес.

Конкретно, тие открија дека прекумерната суша и почестите топлотни бранови предизвикани од климатските промени се одговорни за ризикот за производството на вино во овие региони.

Температурата, врнежите, влажноста, радијацијата и нивото на јаглерод диоксид се исто така клучни компоненти на производството на вино, а научниците велат дека тие ќе се променат поради новите климатски услови.

Зголемувањето на температурите може да ги направи другите региони попогодни за одгледување грозје, како што се државата Вашингтон, Орегон, Тасманија и северна Франција.

Научниците предупредуваат дека допрва ќе зависи од тоа колку ќе се покачат температурите, а може да има ризик и за зачувување на животната средина доколку во тие региони започне одгледувањето на винова лоза. п

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проект

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја.

Поголемата финансиска инклузија на жените претприемачи преку развивање вештини, знаења, изработката и следењето на соодветните податоци и пристапот до финансиски средства се основните цели на пилот-проектот со кој ќе раководи Народната банка со поддршка од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР). Ова беше истакнато на денешниот настан на кој се потпиша Меморандумот за соработка за примената на Кодексот за финансирање на жените претприемачи во нашата земја, на кој присуствуваа гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и претставникот на ЕБОР во нашата земја, Фатих Туркменоглу, како и дел од тимовите на централната банка и на Канцеларијата на ЕБОР.

Гувернерката Ангеловска-Бежоска се заблагодари за довербата укажана од ЕБОР, којашто одлучи централната банка да биде предводник на проектот и да гради мостови помеѓу јавниот и приватниот сектор за зголемување на финансиската вклученост на жените, што ќе придонесе за отворање нови бизниси и работни места и за придвижување на економскиот раст.

„Поддршката на бизнисите предводени од жени е клучна во борбата за родовата еднаквост. Централната банка активно ќе работи на едуцирање на корисниците на кредити за можностите и обврските коишто давателите на кредити ги имаат кон нив, како и за обезбедувањето податоци за кредитирање на компаниите предводени од жени, што ќе придонесе за подобар пристап на жените претприемачи до финансии. Последната анкета на Националната платформа за женско претприемаштво „Барометар за женското претприемаштво од 2023 година“ покажува дека околу 40% од жените сметаат дека немаат доволно поддршка во смисла на советодавна платформа и грантови за поддршка на нивниот бизнис. Исто така, повеќе од половината сметаат дека или немаат доволен или немаат соодветен пристап до финансии, а речиси 88% од жените претприемачи посочуваат дека со сопствени средства или со заем од семејството и пријателите го почнуваат својот бизнис. Преку овој проект сакаме да направиме разлика и да го свртиме вниманието кон овие политики коишто може да придонесат кон побрз економски раст и развој“, истакна гувернeрката Ангеловска-Бежоска.

„Промовирањето на родовата еднаквост е еден од трите стратегиски приоритети на ЕБОР, при што клучна улога игра поддршката на жените претприемачи. Кодексот за финансирање на жените претприемачи е исклучително добра можност да ги насочиме тековните напори во оваа област и особено сме задоволни за тесната соработка со Народната банка на ова поле“, истакна претставникот на ЕБОР во нашата земја, Туркменоглу.

Народната банка и ЕБОР се обврзаа дека во иднина ќе работат на зголемување на бројот на потписници на Кодексот за финансирање на жените претприемачи во земјава, вклучувајќи ги и носителите на политиките, давателите на финансиски услуги и други надлежни субјекти со цел се обезбедат податоци за фирмите на жените претприемачи и да се промовира неговата употреба при осмислувањето на политиките и производите за микро, малите и средните претпријатија предводени од жени.

притисни ентер