Преку законски измени до повеќе основи за едностран раскин на договорите за концесија

Главна цел на оваа Влада, посочи, е да работи во интерес на подобрување на квалитетот на животот на граѓаните, зачувување на животната средина.

Повеќе основи за едностран раскин на договорот за концесија за експлоатација на минерални суровини од страна на државата и зајакнати мерки за следење на наплатата на концесиски надоместоци со јасни и прецизни услови за достава на финансиска гаранција која би покрила настанати штети, доколку концесионерот не го рекултивира земјиштето кое што е деградирано со експлоатацијата, предвидуваат измените и дополнувањата на Предлог на Законот за минерални суровини, што на вчерашната седница ги усвои Владата на предлог на Министерството за економија.

Измените, како што посочи министерот за економија Крешник Бектеши на денешната прес-конференција, се во согласност со Зелената агенда на Владата и со нив се заоструваат условите за работа на концесионерите.

-Министерството за економија во соработка со невладините организации и рударскиот сектор го доработи Предлог законот за минерални суровини кој претходно беше во собраниска постапка, но беше повлечен за доработка од страна на Министерството, со што сега текстот на законот е значително подобрен. Во изминатите неколку месеци беа направени повеќе работни средби со претставници од невладините организациии во делот на заштита на животната средина, како и со претставници на Здружението за рударство. По консултациите со сите засегнати страни се изработени и последните законски измени кои произлегуваат од барањата на граѓаните, но истовремено, не одат на штета на бизнис заедницата, рече Бектеши и додаде дека во нив се вметнати и сите забелешки дадени од страна на Државниот завод за ревизија од објавениот извештај.

Главна цел на оваа Влада, посочи, е да работи во интерес на подобрување на квалитетот на животот на граѓаните, зачувување на животната средина и да носи одлуки со кои што ќе излезе во пресрет на барањата, не само на граѓаните, туку и на бизнис заедницата.

Како клучни новини во новиот предлог закон ги истакна намалувањето на износот на глобите за субјектите, доколку согласно Законот за трговските друштва се класифицирани како микро и мали трговци, додека за останатите трговци, класифицирани како средни и големи, износот на глобата во поголемите прекршоци се предлага да биде зголемен и додавањето oснов за раскин на договорот за концесија, доколку концесионерот екплоатира помалку од 20 проценти од предвидената количина на минерална суровина согласно главниот рударски проект.

-Последната измена ќе стапи на сила од 1 јануари 2022 година со што концесионерите ќе имаат можност да ги усоглаат рударските проекти по кои моментално работат. Се додава и одредба според која, концесија не може да му се додели на правно лице кое учествувало на јавен повик за доделување на концесија, а не го платил понудениот надоместок, истакна Бектеши.

Се овозможува, додаде, и општините да поднесат барање за добивање на концесија за експлоатација за потребите за изградба на општински пат, по утврдената постапка за изградба на државните патишта.

-Покрај тоа, барање за доделување на концесија за експлоатација на сопствено земјиште може да се поднесе и за глина по истите услови и постапка како и за песок и чакал и за собирен кварц. Се додава и обврска за известување во случај на промени во уделите или акциите кои поединечно или во збир би довеле до промена на управувачкиот пакет во друштвото кој е мнозински сопственик кај субјектот кој има концесија, посочи Бектеши.

Воедно, како што кажа, се додаваат обврска со кои концесијата за експлоатација може да се раскине заради битна повреда на одредбите од договорот или на законите и прописите што се применуваат на договорот, во случај кога вршењето на експлоатацијата го нарушува јавниот интерес и кога концесионерот врши експлоатација надвор од просторот на кој е доделена концесијата со договорот за концесија.

-Основ за раскин на договорот за концесија е и доколку концесионерот екплоатира помалку од 20 проценти од предвидената количина на минерална суровина согласно главниот рударски проект, во текот на една година, освен доколку концесионерот достави образложение за причината за намалената експлоатација, кое го разгледува комисија формирана од Министерството за економија. Се уредува и начинот на полагање на испитот за добивање на лиценца за изработка на рударски проекти за површинска и подземна експлоатација, посочи Бектеши.

Во делот на наплатата на концесиските надоместоци, прецизира, се доуредува одредбата со која 78 отсто од платениот концесискиот надоместок е приход во буџетот на општината на чија територија се врши концесиската дејност, во насока дека прибавените средства по овој основ треба да бидат наменети за вршење на општествени или комунални дејности од интерес за општината и граѓаните кои живеат таму.

-Се предвидува назначување на одговорно лице за надзор на инсталацијата за отпад од минерални суровини и се прецизираат условите за висината и рокот на важење на финансиската гаранција од членот 96 од Законот и се предвидува преодна одредба со која концесионерите имаат рок од две години да ја достават, во спротивно еднотрано ќе се раскине договорот за концесија, потенцира ресорниот министер.

Најави дека откако ќе биде усвоено ова законско решение во Собранието, Министерството за економија нема да прифати мислења кои нема да имаат образложение. На тој начин, како што истакна, општините и советите на општините ќе бидат обврзани да разговараат со граѓаните од населените места каде се издава концесијата и да достават образложение до Владата и Министерството за економија без разлика дали е позитивно или негативно мислењето што го даваат. Во мислењето од општината, прецизира, ќе мора да стои дали е разгледано и одобрено од одборите на граѓани во населените места.

Франција се подготвува за за закана од тероризам на Олимписките игри во Париз

Францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманен денеска се сретна со разузнавачките служби на земјата за да ја проценат заканата од тероризам на Олимписките игри (ОИ) во Париз, кои ќе се одржат од 26 јули до 11 август годинава.

Најважно е обезбедувањето на свеченото отворање на ОИ на 26 јули, кога флота од 94 чамци, на кои илјадници спортисти ќе ги држат знамињата на своите земји, ќе плови шест километри по Сена, пишува Гардијан.

Таа ќе биде придружувано од втора флота од 80 чамци со членови на медиумите и обезбедувањето, додека околу 222.000 луѓе ќе се соберат покрај реката, а уште 200.000 ќе ја следат церемонијата од зградите.

Воздушниот простор во радиус од 150 километри околу Париз ќе биде затворен за време на церемонијата поради потенцијален напад со беспилотно летало, а ќе бидат мобилизирани повеќе од 45.000 полицајци, многу од нив на покривите со снајперисти и во чамци.

Дарманен изјави дека Франција е секогаш под закана, особено за време на големи настани, бидејќи „ги брани универзалните вредности и секуларизмот“ и дека има „многу ефикасен разузнавачки систем.

„Речиси секој месец ги запираме заговорите во развојот“, рече францускиот министер.

Според истражувањето за француската телевизија BFMTV, 80 отсто од Французите се загрижени за тероризмот, 59 отсто се оптимисти дека нивната земја успешно ќе ја зачува безбедноста за време на Олимпијадата, додека 57 отсто поддржуваат одржување на свеченото отворање на отворено.

Во БиХ уапсени тројца мажи- барале 25.000 евра за да дадат информации за Данка: Се шегувавме

Трет ден од потрагата по малата Данка, двегодишното девојче кое исчезна во вторникот околу 13.45 часот во приградската населба Бањско Поље, во близина на градот Бор, во источна Србија.

Мајката раскажала како Данка исчезнала од дворот на семејната куќа додека одела да му даде вода на постарото дете. Родителите биле сослушани во полиција, а мобилниот телефон на мајката е одземен.

Вчера околу 17:30 часот полицијата го прекина пребарувањето на теренот. „Сите досегашни резултати укажуваат дека девојчето не е на овој простор од околу 10 квадратни километри“, соопшти полицијата.

Според последните информации, родителите на Данка и денеска цел ден биле во полиција на распит. Полицијата вчера ги разделила и спиеле во различни куќи. Багери, полицајци и пожарникари пристигнаа околу куќата каде исчезна девојчето, сечеа дрвја околу куќата и го исчистија просторот и копаат. Досега полицијата сослушала повеќе од 50 лица.

Вечерва се појави веста дека во Босна и Херцеговина се уапсени три лица. Според медиумите, тие на TikTok објавиле дека имаат информации за исчезнувањето на Данка и побарале пари во замена за тие информации. Тие се на распит.

Како што пренесува Klix.ba, Федералната полициска управа (ФУП) вечерва извршила молскавична акција за лоцирање и апсење на три лица од Хаџиќи поради нивните тврдења дека се поврзани со исчезнувањето на двегодишното девојче од Србија. Белградскиот Интерпол побарал апсење на три лица од областа на кантонот Сараево, кои тврделе дека знаат каде исчезнало девојчето и побарале 50.000 КМ за откривање на информациите.

Членовите на ФУП извршија брза акција, при што истражителите на Одделот за компјутерски криминал успешно ги лоцираа осомничените со помош на нивната IP адреса.

Сите биле уапсени, а била претресена и нивната околина при што било утврдено дека девојчето не е со нив. Во моментов трае кривичната истрага за Т.Б.(2002), М.Т.(2001) и З.Т.(1972), а се проверуваат нивните тврдења дека се поврзани со исчезнувањето на двегодишното девојче.

Ламборџини има ново лого, го сменија по две децении (ВИДЕО)

И Lamborghini се приклучи на зголемениот број производители кои решија да претстават ново лого.

Познат е рецептот, а тоа е да се поедностави изгледот на логото во согласност со актуелните трендови поврзани со дигиталните услуги. Со други зборови, тродимензионалното печатење повеќе не е во мода, ниту употребата на тешка графика, оптоварена со детали.

„Храбар, неочекуван и автентичен“, вака Lamborghini го најавува првиот редизајн на амблемот по повеќе од две децении.

Важно е дека бесниот бик се уште е таму. Новиот корпоративен идентитет носи само редизајн на постојното решение. И тоа е добро, бидејќи постоечкиот беше беспрекорен, исто како и автомобилите што ги претставува.

Новото лого веќе се користи на дигиталните платформи на Lamborghini и е предвидено за употреба на претстојните модели.

Шпекулациите сугерираат дека би можел да дебитира на наследникот на Huracan, кој се очекува во наредните месеци со plug-in хибриден V8 мотор. Потоа, ревидираниот амблем ќе ги краси постоечките модели, како што се Revuelt V12 или редизајнираниот Urus што го очекуваме.

Друга значајна промена е тоа што бесниот бик сега ќе стои сам на дигиталните канали на Lamborghini, за прв пат одвоени од штитот. Дополнително, ќе има „нов сет на икони“ развиен во соработка со Centro Stile на Lamborghini.

притисни ентер