Преку апликацијата мојДДВ вратени 4,2 милијарди денари, најголем број корисници се жени

 Преку мерката мој ДДВ во изминатите три години се вратени 4,2 милијарди денари, или близу 68,3 милиони евра, информира директорката на УЈП Сања Лукаревска на денешната прес-конференција на тема „Три години мојДДВ“ .

Според Лукаревска, мерката Мој ДДВ има сериозно директно влијание врз подобрување на семејните буџети, зголемување на бројот на издадени сметки, наламување на сивата економија и нелојалната конкуренција.

Информира дека апликацијата стартувала со 212 776 корисници, а денеска брои близу 460 000, како и дека гледано по региони најмногу скенирани фискални сметки има во Скопје и тоа 259 милиони.

Соопшти дека најмногу скенирање сметки има од бензиските пумпи, мали и големи маркети, аптеки, продавници за облека и бела техника, а најголем број од корисниците се жени.

– Жените повеќе ја користат Мој ДДВ апликацијата. До крајот на мај годинава имало 245 924 корисници жени, додека 212 598 се машки. Задоволство е што граѓаните ја прифатија апликацијата од сите возрасти од 15 до 98 години, истакна Лукаревска.

Додаде дека највозрасниот корисник на апликацијата е од радовишанец и има 98 години.

-Поделено по старосна структра, 1 808 граѓани кои скенирале 1,4 милиони сметки се до 18 годишна возраст, додека 90 829 граѓани се на возраст од 19 до 30 години и тие скенирале 113, 2 милиони фискални сметки, 118 085 граѓани на возраст од 31 до 40 години скенирале 177,3 милиони сметки, а 176,9 милиони фискални сметки скенирале 104 695 граѓани на возраст од 41 до 50 години. Граѓаните од 51 до 60 години скенирале 121,4 милиони фискални сметки, додека 75 527 граѓани над 61 година старост скенирале 98,7 милиони фискални сметки во текот на изминатите три години, појасни Лукаревска.

Информира дека во нареден период во координација со Министерството за финасии ќе поднесат предлог измена на Законот за враќање на дел од ДДВ на физички лица. Оваа измена е со цел од 1 јануари 2023 да се зголеми лимитот на повратот со што наместо 1 800 денари за тримесечие, граѓаните ќе може да добијаат максимален износ од 2 100 денари.

Ова според Лукаревска ќе претставува стимул и кај граѓаните и кај компаниите, едните да бараат, а другите да издаваат фискални сметки.

Апелира редовно да се ажурираат промените на податоците.

-На овој начин само со точни и валидни податоци ќе се овозможи навремено исплаќање на дел од данокот на ДДВ. Ги потикнувам граѓаните кои сè уште не ја користат оваа апликација да се приклучат кон семејството корисници со што ќе си создадат можност за за дополнителни средства во нивните буџети, порача директорката на УЈП.

Рече дека за мај 6 250 работодавачи за 16 722 работници имаат поднесено МП пресметки, а немаат исплатено плата на своите вработени, додека 5 211 работодавачи за 10 390 вработени немаат поднесено пресметки во законски предвидениот рок.

-Како и досега преземаме она што е во наша надлжност, доставуваме опомени по истекот на тој рок пуштаме блокади во банките, исто така, навремено информираме и до Државниот инспекторат за труд за координирани контроли, ја доставивме веќе таа листа на компании и имаме доставени решенија за службено утврдување на долг заради неподнесена МП пресметка , изјави Лукаревска.

Оцени дека е жално што секој месец мора да се објавуваат вакви податоци, наместо да се има почиста слика.

Хаос во Брисел: Сточарите фрлија арско ѓубре на улиците и прскаа по зградите (ВИДЕО)

Земјоделците неделава ги блокираа улиците во Брисел, во близина на седиштето на Европската унија, протестирајќи против прекумерната бирократија, глобалните трговски договори, новите еколошки мерки и евтиниот увоз од Украина.

На патиштата биле забележани трактори и цистерни, а земјоделците фрлале зеленчук и арско ѓубриво, пренесува АП.

Кога ситуацијата ескалира, полицијата употреби солзавец и водени топови за да ги држи подалеку земјоделците и нивната механизација.

Надлежните апелираа до граѓаните што повеќе да избегнуваат да доаѓаат во градот и да работат од дома.

Смрдеата на ѓубриво, запалени гуми и сено се рашири низ улиците на Брисел, но протестот вроди со плод.

Харис Џиновиќ и официјално е разведен: Мелина е никаква жена, важни ѝ се само парите

Пејачот Харис Џиновиќ денеска пристигна на првото рочиште за разводот од сопругата Мелина Џиновиќ.

Рочиштето се одржало во Белград, а Мелина не се појавила. По излегувањето од судот, Џиновиќ изгледал скршено, како што пренесуваат српските медиуми, а не ја поштедил сега веќе поранешната сопруга, тврдејќи дека таа е „никаква жена“.

„Прашајте ја зошто не дојде, немам никакво сознание. Двете страни се договорија, судот ја прифати и ја донесе пресудата. Официјално сум разведен. Се чувствувам одлично. Ова е сосема нормална работа, нема причина за славење, луѓе се согласија да не живеат заедно. Поддршката на мојот син ми значи многу“, изјавил пејачот, пишува Блиц.

"Не им верувам на жените. Мелина не е жена. Јас сум виновен што се потпирам на туѓата свест. Самата рече дека е материјалистка, ја интересираат само парите. Не ми е гајле со кого ме изневерувала. Син ми е многу лут на неа, не се каам, купував сè за неа, таа е материјалистка“, додаде тој.

Да потсетиме дека Харис и Мелина се запознале во 2003 година. Првпат ја видел во кафуле во родното Сараево, но не бил мирен додека не го добил нејзиниот телефонски број. Се венчаа по 11 години заедно во Дубровник на спектакуларна едрилица долга 88 метри. Пејачот не дозволи разводот да влијае на неговите деловни обврски и продолжи со концерти низ регионот.

Пејачот неодамна за прв пат проговори за причините за разделбата. "Таа ја знае причината, ме остави, јас не ја оставив. Не знам ништо, обично сопругот кој е изневерен последен дознава", рекол Харис.

„Луѓето велат дека разводот после смртта е најтешката работа. Јас малку би го негирала тоа. Ако не ти се допаѓа да бидеш со мене, ниту јас не сакам да бидам со тебе“, заклучил пејачот. Тој додаде дека разводот не бил тежок за нивните деца Џина (20) и Кан (18), бидејќи тие се веќе полнолетни.

Ковачевски: Со државната поддршка за македонските комапнии создадовме нови 5.000 работни места

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски денеска учествуваше и дискутираше на панел дискусија „Креираме развој преку поддршка на инвестиции“ во организација на ТИРЗ и Кабинет на ЗПВ Битиќи.

Денешната трибина, ја посочи претседателот Ковачевски, како добра можност да се сублимираат досегашните преземени мерки и резултатите во делот на поддршката на инвестициите и економијата, но истовремено и да се види што е она што треба да се преземе за уште подобри резултати.

Ковачечевски децидно истакна: „За силна економија е потребен ликвидно и силно стопанство, нови фабрики, раст на инвестициите, капитални инвестиции во инфраструктурата, развиено земјоделство, подобар животен стандард преку повисоки плати и пензии, пристап до ЕУ пазарите”.

Справување со предизвици, поддршка на домашната економија и компаниите преку правилни таргетирани мерки, финансиска поддршка, раст на платите, беа во фокусот на дискусијата, кои воедно се и дел од столбовите во новата програма на СДСМ.

„Економијата и поддршката на компаниите и инвестициите беа високо на агендата на Владата која јас ја предводев и на претходната Влада, природно доаѓа тоа бидејќи јас сум економист, но уште поприродно доаѓа во време на криза кога мора да работите прво на спасување на ликвидноста на компаниите, второ спас на работните места и трето одржување на животниот стандард на граѓаните со оглед на тоа дека секој е погоден од кризата и компаниите и граѓаните и оние што се најзасегнати а тоа се ранливите категории на граѓани. И затоа во изминатите 7 години ние генерално имавме многу силен акцент ставено на економијата." – истакна Ковачевски.

Со 100 милиони евра Владата предводена од СДСМ поддржа 919 компании, за разлика од 2017 година, кога имаше нула поддршка за домашните компании. Во последниот деветти пакет во вредност 662 милиони евра, 492 милиони евра се предвидоа за поддршка на приватниот сектор, преку мерки за одржување на ликвидноста на компаниите, конкурентноста, поддршка за инвестиции во обновливи извори, зачувување на работните места, поволни заеми за мали и средни претпријатија во износ од вкупно 2,6 милијарди евра преку антикризни мерки се вратија назад кај граѓаните и стопанството.

Ковачевски, особено се осврна на домашните компании кои се двигател на економијата, затоа и во време на СДСМ беа поддржани преку различни мерки:

„До 2017 година македонскиот работник беше евтина работна сила и компаниите имаа нула поддршка. Јасна е разликата кога ќе ви кажам дека изминатите 6 години, 919 домашни компании добија поддршка во вредност од 100 милиони евра со кои тие реализираа 500 милиони евра инвестиции. "

Секоја стратешка одука што ја имал како премиер поставено претседателот Ковачевски, има стратешка цел, а тоа е развој на економијата, развој на приватниот сектор, нови вработувања и подобро платени работни места. Овие цели се исполнуваат со продолжување по европскиот пат.

На крајот од оваа успешна дискусија, Ковачевски заклучи дека тоа е целта за која се застапува и за која се застапува СДСМ и коалицијата за европска иднина. Бидејќи се друго се сценарија кои немаат економска логика, зад кои не стои никаква ниту политичка ниту економска калкулација и кои што ќе значат само враќање во некои неизвесни времиња. СДСМ нуди извесност, нуди надеж и напорна работа за да може да го оствари она што го заслужува Македонија, како земја која културолошки, економски и по секој друг основ и припаѓа на ЕУ, се наведува во партиското соопштение.

притисни ентер