Прегазена 50-годишна жена во Велес

Во незгодата О.Г. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница Велес. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа на СВР-Велес, информира Додевски.

Во СВР Велес вчера во 10:40 часот било пријавено дека на ул.„Благоја Ѓорев" во Велес, патничко моторно возило „шевролет спарк" со велешки регистарски ознаки, управувано од 66-годишниот велешанец Б.П. удрило во пешакот 50-годишната О.Г. од Велес, информира портпаролот Верољуб Додевски.

Во незгодата О.Г. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница Велес. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа на СВР-Велес, информира Додевски.

Портпаролката на ЈЗУ Општа болница, д-р Елеонора Јованова изјави дека пациентка на 50-годишна возраст била донесена на одделот за хирургија, повредена во сообраќајна несреќа како пешак, се здобила со нагмечување на главата и скршеница на ребро.

– Направени се потребни испитувања и пациентката е пуштена на домашно лекување, додаде д-р Јованова.

Фото: Нивес повторно провоцира

Хрватската пејачка и манекенка повторно ги остави без здив нејзините фанови.

Таа овој пат е облечена во боите на Хрватска за да им пружи поддршка на фудбалските репрезентативци кои учествуваат во ЕУРО 2020.

- И денес сончање во соодветни бои ... Каде го гледате натпреварот? - напиша Нивес.

„Ма каква Карлеуша, бомба си “, стои во еден од коментарите на фотографијата.

Затворена најголемата онлајн продавница за украдени податоци

„Slilpp“ - најголемата онлајн продавница со украдени податоци, конечно е затворена.

„Slilpp“ постои од 2012 година и се проценува дека сопствениците на оваа страница заработиле милиони долари.

Тие продавале украдени податоци, од обични налози за плаќање преку Интернет до податоци за кредитни картички, тековни сметки во банка и тн.

За девет години се проценува дека е направена штета од 200.000.000 американски долари преку оваа страница.

Продадени се повеќе од 80 милиони податоци за најавување на одреден налог.

Околу 1.500 компании настрадаа од „Slilpp“ .

Интернет експерти предводени од експерти од Соединетите Американски Држави конечно и ставија крај на оваа страница и таа е под контрола на ФБИ.

Фото: Ким Кардашијан има необично Ламборџини

Ким својот автомобил го обложи сто ткаенина која наликува на крзно.

Тешко дека на обожувателите на Ламборџини би им се допаднала оваа идеја, но зад екстравагантниот потег стои добро смислен маркетинг.

Имено, Ким го направи своето Ламборџини Урус во крзно со цел да ја промовира својата продавница „Скимс“.

Ова сигурно не е најчудниот персонализиран автомобил на некои од личностите од светот на шоу-бизнисот што сме го виделе досега, но Ким успеа во тоа што го посакуваше - да го привлече вниманието на обожавателите кон нејзината продавница.

притисни ентер