Предупредувачки штрајк во прилепски „Еурокомпозит“

Вработените во прилепската фабрика „Еурокомпозит“ денеска стапија во предупредувачки штрајк барајќи исплата на заостанатите три плати и неисплатени придонеси од јуни минатата година.



Претседателот на синдикатот Бранко Чатлески и претседателот на Гранковиот синдикат за индустрија, рударство и енергетика Пеце Ристевски побараа Владата да помогне во решавање на статусот на овој загубар.

Чатлески се надева дека прекинот во работата ќе иницира состанок за решавање на ситуацијата.

Директорот на „Еурокомпозит“ Никола Лучески изјави дека до крајот на неделата треба да биде исплатен дел на една од платите кои се по 8.000 денари.

- Во среда на Генералниот секретаријат на Владата ќе се елаборира состојбата во компанијата. Се очекува распишување тендер за продажба како единствен спас за фирмата. До Владата имам предложено шест заклучоци, истакна Лучески.

Во „Еурокомпозит“ има 385 вработени. Од синдикатот најавуваат секојдневно по еден час предупредувачки штрајк се со исплата на заостанатите плати.

Снимен е ужасниот момент на судирот на два хеликоптери во Мелезија- нема преживеани (ВИДЕО)

Во Малезија дошло до страшен судир на два хеликоптери во воздух при што животот го загубиле десет лица, а несреќата се случила околу 09:30 часот по локално време.

Страшната несреќа се случила за време на тренинг вежба во поморска база во северната држава Перак, на околу 100 милји од главниот град Куала Лумпур.

Во несреќата учествувале поморски оперативен хеликоптер АВ139, со седум членови на екипажот, и морнарички Фенек, со тројца членови на екипажот.

На видеото се гледа како главното сечило на еден од нив удира во високиот ротор на другиот. Делови од двата хеликоптери, се видени како паѓаат на земја, додека и двата се урнаа.

На лице место пристигнале и противпожарните служби кои го изгаснале пожарот, а по гаснењето останало куп јагленисан и извиткан метал.

Ништо не можело да се направи за да се спаси екипажот и сите 10 лица беа прогласени за мртви на местото на настанот.

„Потврдена е смрт на сите на местото на настанот“, се вели во соопштението на морнарицата, додавајќи дека посмртните останки се испратени во болница за идентификација.

Министерот за одбрана Мохамед Калед Нордин изјави дека во тек е идентификација на загинатите членови на екипажот, кои се на возраст под 40 години.

Локалните медиуми објавија дека AV139 удрил во спортскиот комплекс на базата, додека Fennec удрил во блискиот базен.

Морнарицата соопшти дека ќе започне истрага за да се утврди што ја предизвикало несреќата.

Силен земјотрес ја погоди Португалија, нема информации за жртви

Многу силен земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала ја погоди Португалија.

Епицентарот на земјотресот бил во близина на Азорските острови, на длабочина од десет километри.

Засега нема информации за жртви или материјална штета.

Успешна мисија на кинески сателити- направија неверојатни снимки од Земјата и Месечината (ФОТО)

Лунарните кинески сателити - Кеџиао-2, Тијанду-1 и Тијанду-2 - започнаа со комуникациски и навигациски тестови за идните мисии.

Тие на командата ѝ испратија и исклучително интересна фотографија од Месечината со Земјата во позадина, пишува LiveScience.

Сите три сателити беа лансирани со ракета-носач Long March 8 на 19 март, а влегоа во орбитата на Месечината на 12 април.

- Националната вселенска администрација објави дека сателитите кои орбитираат околу Месечината, изградени од Кинеската академија за воздушна наука и технологија ги завршија комуникациските тестови на орбитата. По проценката, сателитите функционираат нормално и извршуваат задачи на мисијата. Тие можат да овозможат комуникации за четвртата фаза од проектот за истражување на Месечината. Мисијата е полн погодок – изјавија од кинеската вселенска агенција CNSA.

Во последните 20 години, Кина посвети многу внимание на лунарната програма, па во 2007 година стана третата земја што слета вселенско летало на Месечината (по САД и СССР) и прва што го сторила тоа во 21ви век. (Минатата година тоа беше направено од Индија, а оваа година од Јапонија.) CNSA планира да испрати уште неколку сонди на површината на Месечината, а потоа да испрати човек до сателитот на Земјата во текот на следната деценија.

притисни ентер