Предложени парични казни за непостапување според здравствените протоколи во гостиварско

Гостиварското обвинителство поднесе предлози за издавање казнени налози против девет лица за кривично дело  – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

ЈО соопшти дека шестмина обвинети, од кои петмина од Форино и едно лице од Гостивар, не ги почитувале решенијата со кои здравствените власти им одредиле задолжителна изолација и лекување во домашни услови. Наспроти задолженијата наведени во решенијата, при извршената проверка тие не биле затекнати во нивните домови. Останатите тројца обвинети, пак, не го почитувале важечкиот полициски час и за време на забраната определена како мерка за спречување на ширењето на коронавирусот се движеле на различни локации во градот без да поседуваат соодветна дозвола. За сите обвинети надлежните јавни обвинители му предложија на Основниот суд во Гостивар да определи парични казни од по 100 дневни глоби.

Основното јавно обвинителство Гостивар поднело и Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем од член 394-г став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

-Обвинетиот 65-годишник, револтиран од политички настани, на 15.03.2019 година на својот личен профил на социјалната мрежа Фејсбук објавил пост поврзан со терористичките напади во Нов Зеланд. Со статусот тој повикал на насилство кон граѓаните и имотот на Република Северна Македонија, се наведува во соопштението.

Најмалку пет мигранти се удавија обидувајќи се да го преминат Ла Манш

Најмалку пет мигранти денеска се удавија во обид да го преминат Ла Манш со брод од францускиот град Вимеро, јави локалниот француски весник „Гласот на северот“.

Портпаролката на локалната полиција рече дека не може да каже колку луѓе имало во чамецот, но додаде дека се пронајдени неколку безживотни тела.

Портпаролот на крајбрежната стража изјави дека во тек е потрага по исчезнати на море. /МИА

Зголемен водостојот на Охридското и на Преспанското Езеро

За два сантиметра е зголемен водостојот на Охридското, а за еден на Преспанското Езеро во споредба со вчера, додека нивото на Дојранското Езеро е исто со вчерашното.

Сепак, според последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), водостојот на Преспанското Езеро е за 2,14 метри понизок од повеќегодишниот просек за април. Нивото на Охридското Езеро, пак, е за четири сантиметри повисоко од просечното, а на Дојранското Езеро е повисоко за дури 1,46 метри.

Водостоите на реките во земјава се пониски од просечните со исклучок на реката Струмица на мерното место кај Сушево каде нивото е за осум сантиметри повисоко од просечното.

Балетски триптих „Молитви на моето тело“ на фестивалот „Танц фест Скопје“

Ќе настапи Женскиот младински хор при МКЦ под диригентство на Сашо Татарчевски.

Во Националната опера и балет вечер од 20 часот ќе биде изведен балетскиот триптих „Молитви на моето тело“ во рамки на 20. Иинтернационалниот фестивал „Танц фест Скопје 2024“, кој е инспириран од циклусот поезија со истоимен наслов од поетот Ацо Шопов.

-Поезијата на Шопов ќе биде „прочитана“ со јазикот на танцот создаден од тројца македонски кореографи на музика на тројца македонски композитори и останатите уметници. Во формат на триптих, балетската претстава „Молитви на моето тело“ претставува 90-минутно креативно „сплотување“ на тим од тринаесет уметници, сценски пренесено од првенците, солистите и балетскиот ансамбл на Националната опера и балет, соопшти Националната опера и балет.

Идејата за проектот и за костимите е на Александар Ношпал, драматург е Соња Здравкова-Џепароска, кореографи се Ивана Коцевска, Адријана Данчевска и Саша Евтимова, музиката е на Дарија Андовска, Александар Гроздановски и Александар Пејовски.

Ќе настапи Женскиот младински хор при МКЦ под диригентство на Сашо Татарчевски, сценограф е Михајло Стојановски, визуелен уметник - Флоријан Чанга од Албанија, камера и видеомонтажа на филм - Доријан Миловановиќ и мултимедија и графички дизајн - Лазе Трипков.

притисни ентер