Предлог законите за коридорите утре на пленарна седница - Канал 5

Предлог законите за коридорите утре на пленарна седница

Предлог законите за коридорите утре на пленарна седница, продолжува дебатата за употребата на европското знаменце.

Предлог законите за коридорите утре на пленарна седница

Предлог – измените на петте закони што се однесуваат на изградбата на коридорите 8 и 10 д, на кои Владата во петокот им стави европско знаменце, утре ќе се најдат на собраниска седница. За власта употребата на европското знаменце на овие закони е оправдано, додека опозициската ВМРО-ДПМНЕ смета дека се работи за злоупотреба. Од Делегацијата на Европската Унија во државава веќе се изјаснија дека употребата на европското знаменце не е во согласност со стандардите на Унијата и најавија дека ќе бараат дополнително објаснување.

Станува збор за предлог-измени на Законот за работни односи, на Законот за експропријација, Законот за урбанистичко планирање, Законот за градење и на Законот за утврдување на јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 (делница: Тетово – Гостивар – Букојчани и проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и Коридорот 10-д (делница на автопатот Прилеп– Битола) во Република Македонија.

Доколку утре на пленарна седница го поминат првиот филтер за потребата од скратена постапка, измените на петте закони најверојатно експресно ќе се најдат и на собраниската Комисија за европски прашања.

Координаторот на пратеничката група на ДУИ Арбер Адеми вели дека законите ќе се најдат на дневен ред пред пратениците во среда, кога треба да се изгласа потребата од нивно донесување, а потоа ќе треба да поминат и на Комисијата за европски прашања каде што тој е претседател.

- Ако на пленарна седница мнозинството на пратениците ќе одлучат да бидат разгледани овие предлог-закони, секако дека веднаш би свикал седница на Комисијата, рече Адеми.

Според пратеникот на СДСМ, Миле Талески, со предлог-законите кои влегуваат во собраниска процедура се унапредува ефикасноста во изградбата на патната, железничката и енергетската инфраструктура во државата.

-На тој начин, се обезбедува побрза, поевтина и квалитетна изградба не само на овој проект, туку и за сите идни национални и стратешки проекти, како автопати, железници, гасоводи и слично. Меѓу нив спаѓаат и проекти финансирани од ЕУ. Сите предложени законски измени се во согласност со Уставот и со нивното донесување ќе се заштедат 150 милиони евра и две години изградба за коридорите 8 и 10д, рече Талевски.

Лидерот на ВМРО - ДПМНЕ Христијан Мицкоски ги повика Канцеларијата на Европската комисија и амбасадите на земјите од ЕУ да се произнесат за ова и уште еднаш упати апел до премиерот Димитар Ковачевски да прифати јавна дебата за да ги соочат аргументите околу суштината на договорот за коридорите.

-Јас денеска нема да го коментирам ова. Ќе оставам од Канцеларијата на ЕК тоа да биде искоментирано во текот на денешниот ден. Ако тоа не се случи, од утре ќе отвориме јавна дебата и по ова прашање зашто верзиите што ги видовме, во делот пет, кој вообичаено се користи за објаснување со кои делови од европската регулатива се усогласува законот, во овие предлози е празен. Ја повикувам Канцеларијата на ЕК и амбасадите на заемјите од ЕУ да се произнесат денеска за ова што го направи Владата на ДУИ и СДСМ, истакна вчера Мицкоски, одговорајќи на новинарски прашања по средбата во Сојузот на стопански комори (ССК).

Со став во врска со предложените измени на законите со европско знаменце од Делегацијата на Европската Унија излегоа во петокот, посочувајќи дека тие не се во насока на усогласување на домашното законодавство со законодавството на ЕУ и стандардите на Унијата.

-Употребата на европско знаменце во легислативата навистина има за цел да ја забрза интеграцијата на Македонија во Европската Унија и затоа треба да цели кон усогласување (на македонското законодавство) со законодавството и стандардите на ЕУ. Во конкретниот случај, нацрт-легислативата се чини дека не се однесува на усогласување со таквите стандарди. Ние ја изразивме нашата загриженост до домашните власти и бараме дополнителни објаснувања. Како што веќе рековме во последователните извештаи на Европската комисија за Македонија, употребата на брзи процедури треба да биде ограничена и да се применува само кога е оправдано да се користи за да се унапреди реформската агенда за ЕУ. Тоа не треба да се користи за заобиколување на јавните консултации или за решавање на процедуралните тешкотии во законодавниот дом, рекоа од Делегацијата на ЕУ во земјава.

Според вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ од политички аспект ставањето европско знаменце на петте закони поврзани со изградбата на коридорите 8 и 10д има основа, а тоа е успешна изградба на овие автопати и комплетирање на трансевропската мрежа на коридори во Македонија.

Маричиќ вчера укажа дека се во редовна комуникација со Европската Унија и им објасниле зошто го прават тоа.

-Тоа што мислам дека треба отворено да си го кажеме, оваа одлука е донесена за да се заобиколи нелегитимната блокада од страна на Левица, проруска партија, анти-НАТО партија, анти-ЕУ партија која ќе направи сѐ да ги спречи коридорите и впишани во европските трансевропски мрежи и за еден ваков проект реализиран од американска компанија. Сметаме дека тоа е нелегитимна блокада која ние на легитимен начин со инструмент кој ни е на располагање сакаме да ја заобиколиме и за тоа имаме основа и политичка оправданост, истакна Маричиќ.

Тој додаде дека знаат оти овие закони не се усогласени со некое европско аки, но посочи дека Коридорот 8 треба да биде впишан во трансевропската мрежа на коридори на 16 мај.

Договорот за изградба на четирите автопатски делници на коридорите 8 и 10д со американско-турскиот конзорциум „Бехтел-Енка“ почна да се применува на 22 минатиот месец. Министерството за транспорт и врски веќе му префрли 117.000.000 евра на Јавно претпријатие за државни патишта преку кое се исплаќаат парите на изведувачот, согласно програмата за овој проект за годинава. Тие пари се наменети за мобилизација, екипирање со механизација, воспоставување кампови, лабораторија и други работи од страна на изведувачот на работите пред да се започне со градежни активности на трасите. За 12 мај е закажан настан за официјализирање на работите за изградба на автопатската делница Прилеп - Битола на Коридорот 10д, а претходнио таков настан се одржа и за делниците на Коридорот 8.

Несреќа во Србија: Таткото прегазил дете (1) со трактор

Страшна несреќа вчера го потресе едно мало место во Србија кога маж со трактор го прегазил своето едногодишно дете.

Несреќа во Србија: Таткото прегазил дете (1) со трактор

Како што дознава српскиот Блиц, таткото се движел наназад со тракторот и по несреќен сплет на околности, го прегазил детето кое се нашло зад тракторот.

Детето починало на самото место. Од ПУ Нови Сад за овој медиум потврдиле дека се случила оваа трагедија, а полицијата извршила увид.

Според зборовите на извор добро запознаен со истрагата, таткото со прикачена прскалка се подготвувал да оди на нива.

Мицкоски:Тоа што го зборува Софија има можност да го докаже со повлекување на амандманите во ЕП

Тоа што го зборува Софија има можност да го докаже со повлекување на амандманите во ЕП и да прифати средба на самиотот на НАТО во Хаг.

Мицкоски:Тоа што го зборува Софија има можност да го докаже со повлекување на амандманите во ЕП

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека тоа што го зборуваат претставници на Бугарија ќе имаат можност да го докажат на 24 јуни со повлекување на амандманите во Европскиот парламент, и да ја прифатат иницијативата за средба во рамки на состанокот на НАТО во Хаг кон крајот на месецов.

-Пристигнуваат многу различни пораки од официјална Софија. Нашите стари рекле „помалку слушај што зборуваат повеќе гледај што работат“. Има таква можност да го покажат ова што го зборуваат. На 24 јуни на Комисијата за надворешни работи при ЕП АФЕТ се наоѓа извештајот во којшто очекувам бугарските членови на ЕП да ги повлечат амандманите во кои бараат македонскиот многувековен идентитет и јазик да се додефинираат со зборчето сегашен или „present“, и во рамките на тој дух да биде усвоен тој извештај и потоа и патоказот за малцински права којшто многу скоро ќе биде на дневен ред, така што имаат можност ова што го збруваат да го покажат и на дело, изјави Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања при посетата на Битола, прашан да ја искоментира вчерашната изјава на бугарскиот претседател Румен Радев.

Мицкоски изрази очекување Софија да ја прифати средбата во рамки на состанокот на НАТО во Хаг, и како што истакна, „да се разговара и за Коридорот 8, да тргне и таму работата, да биде и тоа приоритет кај нашиот источен сосед, и како добри соседи да ги градиме нашите меѓусебни односи“.

Бугарскиот претседател Радев синоќа од Тирана порача дека не станува збор за нерешени билатерални односи, за за наметнување вето или за запирање на процесот на интеграција, туку за внатрешни предизвици кои се поврзани со човековите права во Република Македонија. -Има Договор за добрососедство, пријателство и соработка од 2017 година и во него има два протокола. Има преговарачка рамка од 2022 година, европски консензус на сите земји членки и од власта на Македонија, така што Бугарија никогаш не поставила и нема да постави услови надвор од тој договор, надвор од преговарачката рамка и надвор од двата протоколи, рече Радев.

Шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски вчера изјави дека дека се работи на засилување на динамиката на средби со официјална Софија и оти сме подготвени за изнаоѓање на рационални решенија во рамките на европските вредности, но наше и да ставиме јасна црвена линија дека по однос на одредени прашања поврзани со идентитетските атрибути.

Премиерот Мицкоски викендов информираше дека е остварена комуникација со Канцеларијата на Европската комисија во државава по иницијативата за средба со бугарската страна и оти има предлог термин, за кој се чека да се изјасни Бугарија. Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, пак, во петокот кажа дека иако е правило да има средба со својот хомолог не е проблем да разговара и со бугарскиот премиер Росен Жељазков на Самитот на НАТО во Хаг, со оглед дека е потврдено оти нејзиниот бугарски колега, претседателот Румен Радев не доаѓа во Хаг, во насока на деблокирање на нашите евроинтеграции.

ЈПДП го објави Извештајот од надзорот за прогрес на работите на коридор 8 и 10д

ЈПДП го објави Извештајот од надзорот за прогрес на работите на коридор 8 и 10д за периодот од 1 до 30 април годинава.

ЈПДП го објави Извештајот од надзорот за прогрес на работите на коридор 8 и 10д

Извештајот од надзорот за прогрес на работите за автопатските делници на коридорите 8 и 10д што ги гради конзорциумот „Бехтел“ и Енка“ за периодот од 1 до 30 април годинава покажува дека се завршени 95 проценти од проекциите за експропријација за автопатската делница Тетово-Гостивар, 46 проценти за Гостивар-Букојчани, а 78 проценти за делницата Прилеп-Битола.

Според Извештајот, објавен вчера на веб страницата на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП), за делницата Букојчани-Гостивар се реализирани 73 проценти од геотехничките истражувања, а за Прилеп-Битола 63 проценти.

Надзорот регистрира напредок од 60 проценти на работите за спецификација и проектирање на автопатот Тетово-Гостивар, од 30 проценти за Букојчани-Гостивар, а од 49 проценти за Прилеп-Битола.

Како што информираа претходно за МИА од ЈПДП, од градежните активности што се одвиваат на трите делници (Тетово- Гостивар, Гостивар-Букојчани и Прилеп-Битола) се земјани работи на главна траса, изградба на пропусти, армирање и бетонирање на мостови, регулирање на времени сообраќајни режими, се вршат ископи и се изведува заштита на косини. Сите активности се одвиваат со зголемена динамика.

На „Бехтел и Енка“ досега се исплатени вкупно 301.088.222,79 евра. Во април годинава, според Извештајот на надзоорт, имало две исплати од државата преку ЈПДП, од 599.794.350 денари, на 22-ри, и од 524.972.228 денари на 30-ти.

Во активностите, изведувачот заклучно со април ангажирал 1833 лица и 1082 градежни машини.

Кон „Бехтел и Енка“ за изградбата на автопатите на коридорите 8 и 10д заклучно со минатата година беа исплатени 261 милион евра, а годинава за таа намена во буџетот на Министерството за транспорт се предвидени 130 милиони евра. Планирано е да се работи комплетно на целата траса Тетово–Гостивар во должина од 17 километри, на Гостивар–Букојчани на приближно 17 километри и на Прилеп–Битола на 25 километри.

Договорот со „Бехтел и Енка“ во вредност од 1,3 милијарди евра беше склучен во март 2023 година.

притисни ентер