Пред црква во Франција е застрелан грчки православен свештеник (ВИДЕО)

Во Францускиот град Лион, непознат напаѓач застрелал православен свештеник пред црквата Свети Лазар.

Според „Ле Паризиен“, напаѓачот пукал од скратена ловечка пушка и испукал најмалку два истрела.

Свештеникот на Грчката православна црква е застрелан. Прва помош му била укажана на самото место, а француските медиуми наведуваат дека тој е во критична состојба.

Нападот се случил околу 16 часот попладне, кога свештеникот ја затворал црквата. Напаѓачот му пришол пред црквата и отворил оган.Полицијата ја опколи областа околу црквата, повикувајќи ги граѓаните да ја избегнуваат областа.

Напаѓачот е во бегство, го бараат голем број полицајци.

Се сомнева дека станува збор за терористички напад, но сè уште нема потврда.

„Алкалоид“ донираше „омепразол“во течна форма на Детската клиника и Болницата во Козле

„Алкалоид“ денеска на Универзитетската клиника за детски болести и на Универзитетската клиника за респираторни заболувања кај децата „Козле“ им донираше од иновативниот лек „омепразол“ во течна форма и подготвен за употреба.

Богоев: Денот на Царината одбележан со високи резултати

Денот на Царината одбележан со високи резултати во приходите, сузбивање криминал и реформски процеси.

Приходите на Царината во 2023 година растат по секој основ, бројот на случаи на заплени е зголемен за 30 проценти, на кривичните пријави за 60 проценти, а инвеститорите во нас препознаа доверлив партнер и јавно нѐ издвоија како институција, од чија работа се најмногу задоволни, оценил директорот на Царинската управа, Стефан Богоев, на денешниот настан по повод одбележување 32 години од нејзиното основање.

- Резултатите се доказ за нашата посветеност, што ќе продолжи и натаму со уште поголем елан, бидејќи само така ќе одиме напред и ќе овозможиме забрзан економски раст и подобра иднина за нашите граѓани. Целта ни е повисоки приходи во Буџетот, односно повеќе пари за училишта, здравство и патишта, зајакнување на конкурентноста на македонското стопанство преку олеснување и забрзување на трговијата и сузбивање на корупцијата и криминалот, пишува во писмената изјава на Богоев, што ја пренесува Царинската управа.

Директорот потенцирал дека подобрените резултати се соодветно вреднувани со потпишување колективен договор, со што се подобрени условите за работа, а платите се зголемени за 43 проценти, се додава во соопштението, до јуни царинските службеници ќе добијат и нови униформи со што достојно треба да ја претставуваат Царината, а обезбедени биле и нови простории.

Како што информирал Богоев, во претстојниот период следува реализација на нови развојни проекти од што бенефит ќе имаат сите македонски компании, а управата посветено работи на реформи и имплементација на напредни ИТ системи, со цел забрзана интеграција со единствениот пазар на ЕУ и влез во Унијата.

Министерот за финансии Фатмир Бесими го честитал 32-годишното постоење на Царинската управа, посочувајќи оти таа е чувар на финансиските интереси на државата, игра значајна улога во остварување на економските приоритети што обезбедуваат одржлив економски раст, повисок животен стандард и квалитет на животот на граѓаните.

- Оттука, градењето современа царинска служба и понатамошно забрзување, олеснување и дигитализација на царинските постапки, значи брза и сигурна размена на стоки, услуги и капитал и олеснување на условите за водење бизнис. Во таа насока, клучно е да останеме на цврстата посветеност на спроведување на реформите и на тој начин, да бидеме подготвени и на предизвиците наметнати од брзата глобализација на трговијата, се истакнува во писмената изјава на Бесими.

Како што пишува во соопштението, по повод одбележување на Денот на Царината - 14 април, биле доделени и плакети за ТАВ аеродроми и за Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор. Богоев во име на Управата, доделил и признанија за успешна работа на царинските службеници.

Меѓаши: 307 дојави за проблеми со ментално здравје, повреди и семејни односи кај младите

За 2 месеци 10 деца со самоубиствени мисли побарале помош на телефонот за деца и млади Ало бушавко. Минатата година биле реализирани 307 дојави од 379 деца на возраст од 7 до 15 години. 

Од Меѓаши посочуваат дека иако е добро што децата се охрабруваат да побараат помош, предупредуваат дека ова се алармантни бројки за кои институциите треба што поскоро да интервенираат.

-Министерството за здравство и министерството за образование и наука конечно треба сериозно да ја сфатат пораката. Со наша поддршка и со поддршка од комората на психолози да направат протокол, упатство, прирачник, насока како стручните служби, наставниците, воспитувачите во градинките и секаде каде што децата престојуваат да соодветно постапат за да не се случи да се одземе детски живот заради негрижа на институциите,-Драги Змијанац – извршен директор на Меѓаши.

Со оглед на тоа што адолесенцијата е период на драстични физиолошки и хормонални промени, психологот Јорданка Трајкоска објаснува дека секој човек може да помогне на својот најблизок во спечување на самоубиствените мисли преку морална поддршка, изкажување на љубов и чувство на припадност. Според неа клучно е и препознавато на предупредувачките знаци дека некој има суицидни мисли.

-Многу честото споменување дека сака да се убие, дека сака да даде рабои коишто му значат, се повкелува во себе, од пријатели од роднини, прави промени во сопственото однесување и во исхраната и во спиењето и во дружењето. Мит е дека ако зборуваме за самоубиството ќе потикнеме самубиство, напротив така ја кршиме стигмата и табуто, треба да се зборува,-Јорданка Черепналкова Трајкоска– психолог.

Најчестите причини за кои децата се обратиле и побарале помош на бројот на Ало Бушавко се однесуваат на ментално здравје, повреда, семејни односи и пристапност. Децата најчесто бараат помош за проблеми со гнев, страв, вознемиреност, емоционално и физичко насилство, проблеми со пристап до образование и до здравствена заштита.

притисни ентер