Пратениците од ЛДП, ДС и ДОМ со барање до Пендаровски

Пратениците од ЛДП, ДС и ДОМ со барање до Пендаровски да не го потпишува законот за правен статус на дивоградбите, се наведува во партиското соопштение.

Пратениците Моника Зајкова и Боби Мојсоски од ЛДП, Павле Трајанов од ДС, Маја Морачанин и Мирослав Богдановски од ДОМ, бараат од претседателот на државата да не се потпише указот за прогласување на Законот за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти.

- Законот за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти е нешто што не смее ни да се размислува во една правна држава во која владеат демократските принципи. Ваквиот закон не е ништо друго освен закон за амнестија, бидејќи градењето надвор од законски предвидената постапка, без соодветно одобрение претставува кривично дело, велат тие во писмото испратено до претседателот на Македонија, Стево Пендаровски.

Тие појаснуваат дека досегашниот закон се однесуваше за сите бесправно изградени објекти изградени до 2011 година, а предмет на уредување на новиот закон е легализација на сите останати, од 2011 година се до ден денес.

- Дали ние, како држава треба да стимулираме криминал, преку дозволување на вакво незаконско градење и да ги ставиме во подредена и дискриминирачка позиција сите одговорни граѓани на оваа држава, кои за да градат ги поминале сите предвидени постапки од ДУП за прибавување на одобрение за градба за кои неспорно е дека бараат многу време и финансиски средства? Со донесување на овој закон, се испраќа порака до граѓаните дека може да градат без да поседуваат градежна дозвола, да узурпираат државно земјиште и дека подоцна ќе им биде овозможено да ги легализираат своите дивоградби, се вели во писмото.

Според пратениците ваквото законско решение е во целосна спротивност со урбанистичките планови и другите прописи кои ја регулираат оваа материја.

- Доколку има можност нелегално да се гради, тогаш која е целта од носење на просторни планови, генерални и детални урбанистички планови.

Мора да ставиме крај на бесправното градење. За таа цел, Ви предлагаме Законот за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти да не го потпишувате и да го вратите на повторно разгледување и доработка, се со цел да се отвори поширока јавна расправа и да се корегираат некои решенија кои се спротивни и на Уставот и на други постојни закони, велат тие.

ФИФА ја полни касата со пари што ќе им ги одзема на криминалците

Меѓународната фудбалска асоцијација (ФИФА) ќе добие дополнителни 92 милиони долари како компензација за загубите предизвикани од корупциски скандали во последните години, одлучи американското Министерство за правда.

Во август минатата година, судот веќе донесе одлука да ѝ плати 201 милион долари на ФИФА, а тие пари ќе бидат земени од луѓе кои биле вмешани во корупциски скандали, од кои повеќе од 50, меѓу кои и поранешни челници на Северноамериканската фудбалска асоцијација. (КОНКАКАФ) и Јужноамериканската фудбалска конфедерација (КОНМЕБОЛ).

„Во таа корупциска шема во игра беа големи суми пари. Парите што ќе им бидат одземени на криминалците ќе бидат наменети за развој на женскиот фудбал“, најави помошникот директор на ФБИ во Њујорк, Мајкл Дрискол.

Остин: Војната на Путин е најголемата закана за Европа по Втората светска војна

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин попладнево ја опиша руската војна во Украина како „најголемата закана за европската безбедност од крајот на Втората светска војна“.

„Војната што ја започна Владимир Путин без никаква причина го загрозува не само суверенитетот на Украина“, додаде американскиот министер за одбрана.

Тејлор Свифт се верила во тајност, објавија британските таблоиди

Пејачката Тејлор Свифт наводно е тајно свршена со своето момче Џо Алвин, со кого е повеќе од пет години во врска.

Како што пишува The Sun, пејачката носи голем веренички прстен „зад затворени врати“, а славниот пар за свршувачката само го известиле семејството и најблиските пријатели. Свифт и Алвин почнале да се забавуваат кон крајот на 2016 година, откако наводно се сретнале на Мет Гала во Њујорк.

„Тејлор и Џо се неверојатно среќни и многу, многу заљубени. Тие всушност се свршени веќе неколку месеци, но им кажале само на својот најблизок круг на луѓе - буквално само на семејството и старите доверливи пријатели. Сите се заколнале на тајност“, рекол извор близок на парот и додал дека сакаат да ја држат својата љубов подалеку од очите на јавноста и од папарацо камерите.

„Ако и кога ќе ги разменат своите завети, сигурно нема да има никакво списание „Вог“, „Ролинг Стоун“ или „Хело!“. Ќе биде едноставно и елегантно - исто како нив“, вели изворот. Пред нејзината врска со Алвин, Тејлор Свифт се забавуваше со Том Хидлстон, Хари Стајлс и Калвин Харис, врски што беа доста јавни.

притисни ентер