Прајс: САД поддржуваат отворање преговори за влез во ЕУ со Македонија и Албанија без одложување

 Портпаролот на американскиот Стејт департмент Нед Прајс, објави дека САД поддржуваат отворање преговори за членство во ЕУ со Македонија и Албанија, без одложување.

-Поддржуваме отворање преговори за членство во ЕУ со Македонија и Албанија без одложување. Се ангажираме на највисоки нивоа во Владата, за да ја демонстрираме нашата посветеност кон европскиот пат на земјите аспиранти, напиша Прајс на Твитер.

Американскиот претседател Џо Бајден, завчера издаде извршна наредба, со која се прошири опсегот на вонредни мерки за регионот на Западен Балкан, што опфаќа и замрзнување на имотот и забрана за влез во САД на лица кои работат против Договорот од Преспа и Охридскиот рамковен договор и нивното спроведување и ги поткопуваат мирот и регионалната соработка. Наредбата се однесува и на лица за кои, во консултација со Стејт департментот, ќе се утврди дека се „одговорни или соучесници, директно или индиректно вклучени во активности или политики што ги загрозуваат мирот, безбедноста, стабилноста или територијалниот интегритет на која било област или држава на Западниот Балкан и ги поткопува демократските процеси и институции во регионот"./МИА

За термин за пасош се чека и месеци и половина, МВР вели на ден има и по 3.000 барања за нови

Доколку денеска за ѕвоните на телефонскиот број 072 92 92 92, мали се шансите да добиете оператор за да закажете термин за издавање на пасош.

Доколку денеска за ѕвоните на телефонскиот број 072 92 92 92, мали се шансите да добиете оператор за да закажете термин за издавање на пасош, а доколку ви се посреќи, првиот слободен по брза постапка е 6 јули, додека во редовна постапка, првиот термин е 5 август. Од МВР велат дека проблемот постои само во Скопје, додека во останатите градови закажуањето се одвива тековно. Велат обрасци и за пасоши и за лични карти има, но застојот е поради преголемиот интерес на граѓаните овој период.. Дневно, велат, за закажување се јавуваат и по 3000 луѓе.

-Оваа година интересот е енормно зголемен по олабавувањето мерките од пандемијата поради тоа што граѓаните претходниот период не ги обновувале документите, границите беа затворени поради ковид кризата па се случува сите оператори од надлежниот економски оператор да бидат зафатени во текот на денот,- Сузана Праниќ, МВР.

Дека интересот на граѓаните е зголемен беше забележливо и во една од управните служби за издавање на патни исправи и лични карти, каде се чекаше ред за подигнување на документите , но и за фотографирање.

-Со цел побрза услуга на граѓаните од МВР велат дека е продолжено работното времена централите за телефонско закажување од понеделник до сабота од 8 до 20 часот.

Минативе месеци, проблем се појави и со недостаток на возачки дозволи и регситарски таблички , но од МВР уверуваат дека состојбата следниот период ќе се нормализира..

-На 17 јули пред неколку денови склучена е ракмовната спогодба со економскиот оператор Квантум од Скопје со потпишаната рамковна спогодба веќе се решава застојот на табличките во наредниот период ќе следат тековни испораки на сите видови обрасци на регитарски таблички.- Сузана Праниќ, МВР

Првата пратка на таблички, од мвр ја најавуваат кон крајот на оваа недела

Утре без вода дел од Карпош

Прекин на водоснабдувањето утре од 9 часот ќе имаат корисниците од булевар „Партизански Одреди", на потегот од булевар „8 Септември" до улица „Франклин Рузвелт", непарни броеви, и корисниците од булевар „Партизански Одреди" број 48.

ЈП „Водовод и канализација" – Скопје информира дека корисниците ќе бидат без вода поради водоводен приклучок ф-100 мм на булеварот „Партизански Одреди" број 63.

Тивко во Скопје, Софија и Брисел пред утрешниот одлучувачки ЕУ состанок

Молк во Скопје, Софија и Брисел пред утрешниот Совет за општи работи во Луксембург, на кој барем според последните пораки, извесно е дека Македонија и овој пат нема да слушне добри вести. 

На официјалната веб-страница на Унијата само кусо е наведено дека министрите за надворешни работи ќе разменат мислења за проширувањето и процесот на стабилизација и асоцијација. За Симонида Кацарска од Институтот за европска политика утре се можни две сценарија, проширувањето воопшто да не биде споменато или да се изготви формулација која пред се би имала пораки на охрабрување.

И експертската јавност во Софија не гледа излез од актуелниот ќорсокак. Весела Чернева од Канцеларијата на Европскиот Совет за надворешна политика цени дека за враќање на односите во нормала, неопходно е и време и волја и повеќе од се, напуштање на праксата билатералното прашање да се користи во предизборни цели.

-Бугарско-македонските односи се во најлоша форма од кога и да е. Промената на тонот, според мене, е првата задача пред двете држави ако сакаат да имаат дијалог. Сега, бугарската дипломатија треба со мали чекори да излезе од овој ќорсокак за да може да се стигне до моментот да се крене ветото. Но, јасно е дека тоа без парламент не може да се случи., изјави во интервју за бугарската телевизија БТВ, Весела Чернева, директор на канцеларија на Европскиот Совет за надворешна политика во Софија

Бугарскиот претседател Радев за време на средбата со премиерот Заев пред четири дена порача дека од Македонија очекува прагматичен пристап со конкретни и неповратни резултати. Евроамбасадорот Дејвид Гир денеска изјави дека и натаму се посветени кон решенија за што е можно побрз старт на преговори за Македонија.

притисни ентер