Прајс: Не е точно дека САД не му дадоа приоритет на конфликтот на Блискиот Исток

Портпаролот на американскиот Стејт департмент Нед Прајс ги отфрла тврдењата дека САД не му дале приоритет на израелско-палестинскиот конфликт.

– Не е точно дека не обрнавме внимание на ситуацијата во тој регион. Пред оваа ескалација, ние бевме длабоко посветени на тоа. Не е точно дека пропуштивме ова да го поставиме како приоритет. Тоа не е точно, рече Прајс.

Тој додаде дека САД, како и другите земји, сфатиле оти двете страни не се во можност да почнат значајни преговори за постигнување решение за две држави, пренесува ерусалимскиот дневен весник „Тајмс оф Израел".

– Ако се укаже прилика работите да се насочат кон постигнување решение за две држави, САД ќе помогнат да се постигне тоа решение, рече Прајс, одбивајќи да одговори дали САД планираат да испратат специјален пратеник за израелско-палестинскиот конфликт како што направи претходната администрација во Вашингтон.

– Во некои ситуации, нашата способност да влијаеме е ограничена, рече Прајс.

Фото: Нивес повторно провоцира

Хрватската пејачка и манекенка повторно ги остави без здив нејзините фанови.

Таа овој пат е облечена во боите на Хрватска за да им пружи поддршка на фудбалските репрезентативци кои учествуваат во ЕУРО 2020.

- И денес сончање во соодветни бои ... Каде го гледате натпреварот? - напиша Нивес.

„Ма каква Карлеуша, бомба си “, стои во еден од коментарите на фотографијата.

Затворена најголемата онлајн продавница за украдени податоци

„Slilpp“ - најголемата онлајн продавница со украдени податоци, конечно е затворена.

„Slilpp“ постои од 2012 година и се проценува дека сопствениците на оваа страница заработиле милиони долари.

Тие продавале украдени податоци, од обични налози за плаќање преку Интернет до податоци за кредитни картички, тековни сметки во банка и тн.

За девет години се проценува дека е направена штета од 200.000.000 американски долари преку оваа страница.

Продадени се повеќе од 80 милиони податоци за најавување на одреден налог.

Околу 1.500 компании настрадаа од „Slilpp“ .

Интернет експерти предводени од експерти од Соединетите Американски Држави конечно и ставија крај на оваа страница и таа е под контрола на ФБИ.

Фото: Ким Кардашијан има необично Ламборџини

Ким својот автомобил го обложи сто ткаенина која наликува на крзно.

Тешко дека на обожувателите на Ламборџини би им се допаднала оваа идеја, но зад екстравагантниот потег стои добро смислен маркетинг.

Имено, Ким го направи своето Ламборџини Урус во крзно со цел да ја промовира својата продавница „Скимс“.

Ова сигурно не е најчудниот персонализиран автомобил на некои од личностите од светот на шоу-бизнисот што сме го виделе досега, но Ким успеа во тоа што го посакуваше - да го привлече вниманието на обожавателите кон нејзината продавница.

притисни ентер